Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
09.12.2012, 17:25

Грција демонстрира нервоза во Брисел

Грчкиот амбасадор и' порачал на Австрија дека завршило нејзиното време на Балканот

„Грчки мозочен удар во Брисел“, а насловот со кој француски „Либерасион“ ја опиша расправата за Македонија во Советот на ЕУ, каде што се решаваше безуспешно да и' се даде преговори на Македонија со ЕУ во јуни идната година. Според весникот, грчкиот амбасадор изгубил контрола, па почнал да го навредува австрискиот, порачувајќи му дека „мина времето кога Австрија ја диктираше својата волја на Балканот“ и тоа не на англиски или на грчки, туку на германски јазик. Според „Либерасион“, другите амбасадори биле засрамени од насилниот национализам на грчкиот амбасадор Теодорос Сотиропулос, а ситуацијата ја смирувал претставникот на Франција, Филип Етијен. Еден од аргументите на Сотиропулос бил дека веќе три години трае понижувањето на неговата земја во Брисел, порака кој, според весникот, му ја пратил истовремено и на германскиот амбасадор , откако и Берлин почна да ја турка препораката за Македонија.

Таков епилог, всушност, и се очекуваше на состанокот на амбасадорите на ЕУ, кој според извори од Брисел траел осум часа, а одлуката ја префрли во рацете на шефовите на дипломатиите во вторник. Во нацрт-заклучокот стоеше дека „Европскиот совет во голема мера ја споделува процената на Европската комисија дека политичките критериуми продолжуваат доволно да се исполнуваат и обрнува внимание на препораката да се отворат преговорите за пристапување со поранешната југословенска Република Македонија. Со оглед на можното отворање на пристапните преговори во јуни 2013 година, Советот ќе го испита напредокот во спроведувањето на реформите во контекст на Пристапниот дијалог на високо ниво, врз основа на извештајот што би бил претставен од страна на Комисијата во првата половина на 2013 година. Комисијата се поканува да поднесе навремен предлог за рамка за преговори со поранешната југословенска Република Македонија, во согласност со заклучокот на Европскиот совет од декември 2006 година и воспоставената практика, која, исто така, ги зема предвид добрососедските односи“. Во врска со односите со соседите, нацрт-верзијата предвидува дека одржувањето добрососедски односи, вклучувајќи ја и потребата за изнаоѓање компромисно и заемно прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на Обединетите нации, останува од суштинско значење.

„Постои потреба долготрајните разговори за прашањето за името да се донесат до дефинитивен заклучок без одложување. Советот го поздравува импулсот, кој е генериран од последните контакти меѓу двете страни, по грчкиот предлог-меморандум за разбирање. Советот е охрабрен и од последните контакти со посредникот на ОН“, стои во предложениот заклучок, што не пројде во петокот.

Притоа, во предлог се наведува најчесто споменуваната варијанта за Македонија досега, а тоа е почеток на т.н. скрининг-процес со отворање на поглавјата 23 и 24.

„Водејќи сметка за новиот пристап кон пристапните преговори, што се однесува на поглавјата за судството и основните права и правдата, слободата и безбедноста, Комисијата, исто така, се поканува да спроведе процес на аналитички преглед на законодавството на ЕУ за овие поглавја“, стои во предлогот.(Н.Р.)


Статијата е прочитана 5394 пати.


Испрати коментар



Грција спречи Македонија да добие датум за преговори
Прво решение за името, па преговори со ЕУ
Средба Груевски со лекарите во Влада
ГАК усвои четири од пет параграфи од заклучокот за Македонија
Спасувачка драма во Кичевско
По 11 години почна судењето за убиството на Марјан Тушевски
Бугарија нема да посочи датум за Македонија
Јован Јосифовски - кандидат за уставен судија
„Вегета“ најдобар бренд на Балканот
Македонскиот софтвер се пробива на странските пазари
На Чавез му остануваат уште три месеци живот
Неизвесност до последен момент во Брисел
Ставрески - Никој друг освен СДСМ не кажал дека Македонија е слична на Грција
Мирјана Андреска нов претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати
Франција бара воена интервенција во Мали
(ФОТО) Снегот го блокира животот во Гостиварско и Мавровско
Снегот заглави две лица во Другово, во Дебарца отсечени 24 села
Вељаноски - Ќе преземам мерки за деблокирање на комисијата за буџет
Строс-Кан се спогоди со собарката
„Стандард“ - Темпираните бомби на Балканот
Бугарија најавува блокада во Брисел
Харадинај - Албанскиот фактор е клучен во регионот
Без почеток на преговори растат ризиците за Македонија
Бошкоски повторно на обвинителна клупа
(ФОТО) Скопје под снег
Думата ќе го чува здравјето на Русите од негативни информации
И Колорадо ја легализираше марихуаната
Министрите во Брисел ќе одлучуваат за датум за Македонија
Снегот го отежна и забави сообраќајот
Прецизна евиденција на невработените
Внимателно на голомразицата
ЕУ ја прими Нобеловата награда
Грција не очекува земјотрес во Брисел
Иванова нема да ја води седницата на Комисијата за труд за законот за бранители
Судството и администрацијата ги кочат човековите права
ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ
Грција најверојатно повторно ќе ја блокира Македонија
Вељаноски закажа нова седница на Комисијата за труд
Орав - Човековите права се меѓу главните приоритети на ЕУ
Членките на НАТО ги поздравија реформите во сите области во Македонија
Арифи воздржан оптимист за датум за преговори
Подгответе се за екстремно ниски температури
Пронајдена мртва жена во населбата Драчево
Теута Арифи можен кандидат на ДУИ за градоначалник на Тетово
Морси и даде на армијата право да приведува цивили
Авионска несреќа во Замбија
Македонците трети во регионот по користење „Фејсбук“, а четврти по Интернет
Снежната бура во Европа однесе над 35 жртви
Два камиона паднале во провалија кај Демиркаписка Клусура
ЕУ ќе ја прими Нобеловата награда за мир
Коалицијата на романскиот премиер победи на изборите
ОМД повика да се почитуваат правата на Македонците во соседните земји
Меѓународeн ден на човековите права
Груевски - СДСМ води самоуништувачка политика
Тројца повредени на наплатната рампа Желино
„Та Неа“ - Отворена врата за Скопје, но под услови



Мил соседу, 09.12.2012 17:59:58
1- Иако на сите балкански жители им беше докажано и познато дека Македонците се самостоен народ, Бугарите Србите и Грците не се двоумеа во Првата балканска војна да ги нападнат своите христијански браќа и од едно да ги одведат во друго ропство. 2- Не би дошло до неправедната поделба на Македонија 1912/13, а Македонците не би морале да чекаат на историскиот пресврт во 1989/90 година кога барем во еден дел од својата поранешна змја добија независност. Во овој случај силите на редот треба да го сопрат тркалото на фалсификувана историја. 3- Познавачите на Балканот на Македонците им го признаваат високиот човекоморален квалитет. Кристијан Фос за омразата кон муслиманите по 500 годишно турско ропство пишува- во Македонија таа е слабо изразена поради долгата традиција на етничка толеранција и игуменски идентитет отколку во Србија Грција Бугарија чии државни творби се оформиле непосредно од Османлиското царство. Најдобриот не може да живее во мир кога тоа не му се допаѓа на лошиот сосед.
evro-makedonec, 09.12.2012 22:06:05
Za kakvi dobrososedski odnosi se razgovaralo, Gjujo so negovite ovci ne skara so site sosedi so negovata antika.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -14°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 1°C, Мин: -13°C

Четврток
Сончево
Макс: -4°C, Мин: -12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Шест децении на популарната „корвета“
Автомобилот што ја доби својата планетарна популарност пред се' поради својот атрактивен дизајн и технички иновации, в г...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |