09.12.2012, 16:27 Груевски: СДСМ води самоуништувачка политика
Нема да дозволиме да и' се направи штета на државата и на поедини категории, изјави премиерот
СДСМ продолжува со системот за самоуништување, но самоуништувајќи се сакаат да уништат и други и да и направат штета на државата и на поедини категории во државата, нагласи премиерот Никола Груевски одговарајќи на барањето на новинарите да ја коментира блокадата на собраниската Комисија за труд и социјална политика од страна на претседателката Цветанка Иванова.
„Ако СДСМ сака самата да се уништува тоа е нивен избор.Ако сака да има претседател полн со негативна енергија, кој сака постојано да прави интриги и некому да се осветува, нека го чуваат. Но, ние ќе направиме се' што е во наша моќ неговата негативна енергија да не направи штета на државата, на пензионерите, на примателите на социјална помош и на сите други. Нема да дозволиме ако тој пропаѓа политички, да пропадне цела држава и народ, рече Груевски по вчерашната промоција на нови дела од едицијата „Превод на литературни дела на добитници на Нобелова награда за литература“.
За премиерот Груевски е неразбрилив начинот на однесување на СДСМ, но, истакна, е штетен за државата, а не само за нив.
„СДСМ се скараа со сите групи во Македонија, ги навредија интелектуалците, професорите, земјоделците, синдикалците, а еве сега се свртеа кон пензионерите. Се обидоа да го спречат зголемувањето на пензиите, зголемувањето на социјалната помош, да спречат и други работи како што се редовните аранжмани кои ги имаме со Светската банка, со што можат да направат непроценлива штета на Република Македонија, посочи претседателот на Владата.
Ќе најдеме начин, потенцира Груевски, да ги надминиме овие појави и нема да дозволиме втор пат пензионерите да бидат казнети од СДСМ.
„СДСМ еднаш ги казни со тоа што кон крајот на 90-те години им ги намали за 8 проценти пензиите и ги лажеше дека тоа мора да се направи бидејќи ќе пропадне „бродот Македонија“ во симболична смисла кажано, ако им се вратат тие 8 отсто. Ние докажавме дека може не само да им се вратат тие 8 проценти, туку и може да се зголемат пензиите како што и дополнително ги зголемивме за 6 проценти, а во овие неколку години ги зголемивме за над 35 проценти пензиите, потсети Греувски и уште еднаш потврди дека во март повторно ќе се зголемат пензиите.
Претседателот на Владата се осврна и на најавите од СДСМ за можна блокада и на аранжманот со Светската банка за 50-те милиони американски долари и за гаранцијата за 250 милиони американски долари.
„Доколку тоа се случи Владата ќе биде принудена да најде алтернативен начин на решавање на овој проблем преку еврообврзници бидејќи за нив не е потребна согласност од Собранието. Но, тоа Македонија ќе ја чини 84 милиони евра штета за период од 7 години. Штетата е затоа што ќе се платат повисоки камати за еврообврзница наместо да се заврши работата на овој начин на кој Светска банка ни издава гаранција со која добивме далеку пониска камата, како што добиваат држави како што се Франција и други поразвиени и поуспешни во Европа и во светот, појасни премиерот Груевски.
Писмена реакција на СДСМ на изјавата на премиерот
СДСМ во писмена реакција на изјавата на премиерот наведува дека тој во неа не навел ниту еден конкретен чекор и решение за актуелните проблеми и состојби, како на пример за одблокирањето на работата на Собранието и носење на законот за бранители.
Според СДСМ премиерот треба да одговори зошто во буџетот за наредната година нема предвидено средства за бранителите и зошто се користи истиот закон за парализа на Собранието и додава во соопштението дека претседателот на Собранието може веднаш да ја свика Комисијата за труд и социјална политика и од тој момент да ја преземе одговорноста и за расправата по Законот за бранители.
Во однос на задолжувањето од СДСМ наведуваат власта да престане со своите политики на задолжување на идните генерации и додаваат дека доколку се престане со трошење на народните пари на споменици, рекламни кампањи и слично ќе нема потреба од нови задолжувања. |
Статијата е прочитана 2497 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 09.12.2012 17:11:10 | Za da trosi vladata pari nema potreba na odobrenie od SDSM. Za spomenisite, vrbite, reklamite na tv Vladata ne go prasa SDSM. Megutoa kade e zakonot za branitelite? Alo, alo, Grievski, alo, alo, patrioti .... za branitelite e prasanjeto! |
| pile, 09.12.2012 17:33:35 | Posle sest godini vladeenje i spravuvanje so sekoj branitel od 2001 godina kako so vrabotenite vo MVR so nezakonski rasporeduvanja i prinuduvajki gi da vodat sudski sporovi do beskonecnost i ocekuvano gubejki gi sporovite pred sudskata vlast, oceneta spored relevantni megjunarodni institucii so negativni ocenki,ili vrabotenite vo ARM so napustanje od rabota na 38 godini vozrast za da vednas potoa donese Zakon za mozjnost za rabota vo ARM do 45 godini,a ostanatite braniteli nitu imaa prioritet pri vrabotuvanje soglasno postoeckiot Zakon i svojata korka leb ja pobaraa vo zapadnoevropskite zemji sto za nekoi zavrsi so odzemanje na patmite ispravi pri proteruvanje od zemjata za precekoren prestoj ili rabota na crno, pa duri i tropnaa nma vratata na sosedna Bugarija za dobivanje drzjavjanstvo za polesen pat i beganje od rezjimot na Gruevski,i setne na DPMNE mu tekna da gi pocituva pa duri i da pocne da gi saka branitelite,vo slucaj kako sto pocnal da ne zatrebaat,ocekuvajki da mu peat |
| Реалист, 09.12.2012 17:48:27 | Абе срце, се врати ти, а? :) Како беше во Калифорнија, се прошета, шо си купи бе, а? :) Што ме прашуваш, ние како сме, како е Македонија? Ние добри, Македонија се снаоѓа како знае, чекаме Нова Година, и така. Епа ај поздрави дома и остај ги македонците да си тераат, сите сфатија дека и тоа како се може без тебе.
|
| So koj moral, gospodine premier?, 09.12.2012 17:50:27 | Da bevte ostanale vo Makedonija kon krajot na noemvri, pa da izlegnevte na terasa i da ja videvte albanskata rasa, rabotite zasigurno ke vi bea pojasni. Ovaka, kolku ste vie za zalenje, ushte povece onie shto ve biraat, a najmnogu onie shto ne mozat da ve smislat. Dosta e, navistina dosta so zadolzuvanjeto, SDSM i Branko. Abe, ni otide drzavata! |
| вики, 09.12.2012 17:55:36 | Доволно ми беше да го слушам г. Гошев кај Оливера Трајковска па да се уверам во моите сомневања. Многу убаво си збооруваше човекот до кое дереџе дошла нашата држава и кој како и кога ќе ги плаќа сите тие земени пари. Тој рече дека државата не ни е подалеку од економската состојба во Грција и самосе чека денот кога ќе се објави банкрот. Па тој беше Гувернер на Народна Банка и во овој случај верувам дека доста знае за состојбата овде. |
| Kojco, 09.12.2012 19:07:35 | Grujo spasi go Makedonskiot narod!!!! PODNESI OSTAVKA...... |
| EU, 09.12.2012 19:41:28 |
Mozebi SDSM vodi samounistuvacka politika, no sigurni sme deka politikata na Vladata e unistuvacka za Makedonija. |
| Branko, 09.12.2012 19:50:41 | Crni Gwujo. Ti ja unisti i zadolzi Makedonija kako nikoj dosega. |
| gf, 09.12.2012 20:47:29 | nemoj da brines Grujo Mazen kakva politika vodi SDSM! |
| od ostrijot, 09.12.2012 20:51:45 | samo dago podsetam premijerot oti pogolemi stetnici od VMRO_DPMNE vo drzavata dosega nee imalo . |
| Диме, 09.12.2012 21:10:51 | А бе Бранко партијата,Грујо ти државата ја уништуваш |
| evro-makedonec, 09.12.2012 21:53:30 | Ne e samounistuvanje tuku unistuvanje na vmr-OVCITE, nema da dozvolime divi anticki ovci da ja vodat drzavata. |
| Mirko, 09.12.2012 22:07:05 | Od kade i zosto takvata prognoza za opstanok na edna politicka parija? Mozebi i e secenje na granka na koja toj sedi i samiot? Deneska nisto ne cudno. |
| milos, 10.12.2012 04:45:17 | toneme so golema brzina glumi ludilo so nekakvi reformi ne ne spasuva nisto nazalost 7 godini letnaa a nisto ne napravija samo ziveeme potesko vo grc stres nervozi nezivesnost sto utre ..bitno e e imame spomenici i kic fasadi po nekoja nova neramna ulica i tolku |
| Tome, 10.12.2012 05:54:04 | Da beshe Opozicijata i Makedonskot narod kako shto treba Gruevski i familijata ke beja odavna simnati od vlast milom ili silom,
Kade vo svetot ima takva vlada koja ne gi shtiti iinteresite na drzavata posebno integritetot i suverenitetot i se ushte da bide na vlast.
|
| tihi, 10.12.2012 08:10:44 | Talibrankovci zbor!!! Nalevo krug ! Poozdrav na deesno!Interesno e toa shto Tito i den denes ima svoi poklonici a drzhavata ja ostavil so 23 miljardi dolgovi .Ushte pointeresno e shto istite sega plukaat za ista rabota.Togash beshe arno ama ako e za sebe nechini. |
| slartibartfast, 10.12.2012 08:22:49 | SDSM vo di samounistuvacka politika, a Ti so tvoive vodis drzavounistuvacka politika. Koj ti e filmot? |
| ФЕЛИКС, 10.12.2012 08:33:58 | Премиерот прави тактичка грешка што ги обелоденува познатите работи за Шатевци,плус некаква си грижа за нивното однесување.По мене треба акламативно со бурен ракоплескачки осврт да се оценува однесувањето на Шатевци.Нема партија на власт која не сонува за ваква-никаква опозиција.Да во предизборие им се замериш на преку 400.000 пензионери и социјални случаеви е рафално упукување во сопствената нога.Да се откриваат покрај внатрешни и надворешни светски заговорници,да се протестира кој тоа таму од СБ ја финансира Македонија,да протестираш за иљадници амандмани за законот за бранители,а самиот испоставуваш преку 1000 амандмани за буџетот и др.просветленија. Едноставно величествен рекорд во дисциплината ,,скок со стап во политичка длабочина,, |
| melbourne, 10.12.2012 09:12:06 | Zuiveam vo Avstralia i kolku sto mozam pratam sto se slucuva vo svetot a i vo Makedonija,i ne sum sretnal premier,odnosno vladeacka partija tolku da se zanimava so opozicijata,odnosno glavnata opoziciska partija.!!!Pa dali ima nesto konkretno da kazi ovoj (covek) premier za sto se slucuva so siromastijata,odnosno so lugjeto vo Makedonija.STRAMOTA. |
| Blagodaram!, 10.12.2012 09:35:53 | Mu blagodaram na premierot sto ni kaza kolku e stetna evro-obvsnica so visoki kamati! Koga opozicijata go zboruvase toa za zadnata evro-obvrznca a kumot, kumot i kumasinot ne ubeduvaa daka taa e mnogu ubava rabota , od tie povolnite! |
| stojko, 10.12.2012 10:35:33 | Volkot go gledame tragata ja barame neli e stramno ova sto go zboruvate, kazete sto razgovaravte so partnerot Ahmeti i dosta so toj Branko izlezi ednas na duel i kazimu sto imas da mu kazis, dosta ednas prestani so nego i napravi nesto ako mozes za drzavata oti istata uste malku fali i da bideme isti kako sosedot na jug!!! |
| moj pogled, 10.12.2012 10:42:46 | Taka mi izgleda mene: site problemi na Makedonija ke bidat likvidirani, ako definitivno ke ja snema SDSM. Pa neka bide taka i najposle definitivno ke dojde bogatstvo, sreka, radost, i mir vo Makedonija! |
| Gargamels, 10.12.2012 11:51:06 | Predlagam Gosev da drzi predavanja na prilepskiot ekonomski fakultet,ta prilepskite ekonomisti,magistranti i doktoranti da naucat sobiranje i vadenje.Nikolce treba da se vrati nazad da douci nekoi osnovni raboti.Sramno e odnesuvanjeto na VMR-ovcite koga makedonskiot narod,vo celost,go redat vo rangot na Kongo Kinsasa ili arkticki pingvini.Ova veke ne e ni za Nusic.Vodacot od Domanovic da mu ja cita mama Nada navecer,posle 24/7.I posle site rassetavanja ostana ist,za zal. |
| makedonka koja zivee vo usa i zali za makedonia, 10.12.2012 13:17:02 | dospodine gryevski nebaraj koi sie ynistyva partijata pogledni koi e ynisti drzavata vo los angelos pobara od nas iselenicite da prakame pari za familite zosto velis deka vo makedonija sve e sredeno crni gryjo ynistyvac stana za makedonija i narodo makedonski |
| Goce USA, 10.12.2012 13:20:12 | Da se sekirase za drzavata tolku kolku sto se sekiras za SDS, do sega ke bevme Svajcarija. Aj sobiraj partalite i kompanjonite i gitla od vlasta! |
| Podgor, 10.12.2012 14:10:54 | Ova e vistinski premier-demokrat i filantrop.Ne samo shto se grizi za blagosostojbata na narodot i drzavata ,se grizi i za sostojbite vo opozicijata Ke vidite mnogu skoro i ke promovira i lider na opozicijata koj ke bide mnogu podobar od postojniot .bravo sekoja chest,Nemoj da obrnuvash vnimanie na nekoi shto te kritikuvaat deka pravish greshka shto se grizish za opozicijata kako onoj FELIKS |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -14°C
Ведро
|
Среда
Ведро
Макс: 1°C, Мин: -13°C
|
Четврток
Сончево
Макс: -4°C, Мин: -12°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – Титова Совладетелка (24)Обидот за отцепување на Хрватска. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|