10.12.2012, 15:53 Грција не очекува земјотрес во Брисел
Медиумите и политичарите очекуваат работата да биде одложена на состанокот на министрите и да не дојде до лидерите
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
Атина – „Освен ако не се случи нешто непредвидено, разговорот за почнувањето преговори на БЈРМ со ЕУ ќе заврши на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ. Премиерот Андонис Самарас не би сакал сега да види решавање на спорот за името и тоа на овој начин“, пишува грчкиот весник „Етнос“. Ставот дека ќе се одложи одредувањето датум за почеток на преговори за Македонија на состанокот на шефовите на дипломатијата и со тоа нема ни да биде отворен на самитот на лидерите, преовладува во дел од медиумите и меѓу некои од грчките аналитичари.
Она што се очекува е Грција да добие поддршка во смисла дека се' уште не е дојден моментот за датум за преговори за Македонија поради тоа што не е решен спорот за името и има проблем со почитувањето на еден од основните принципи на ЕУ, одржувањето на добрите соседски односи. Грција се надева дека нема да биде сама во ставот и нема да мора да стави вето.
Освен ова сценарио, во грчката јавност во последниот период беа претставени и сценарија да биде прифатен предлогот на Европската комисија за препорака за почеток на преговори, а на Грција и Македонија ќе им биде поставен услов во рок од 6-12 месеци да се реши името, а потоа Македонија да започне преговори со Унијата. Едно од сценаријата предвидува дека доколку не се најде решение во тој рок од неколку месеци, тогаш ЕУ би ја повлекла одлуката за започнување преговори. Последното сценарио, кое остро го демантираат од грчкото Министерство за надворешни работи, прогнозира дека Грција е подготвена да даде зелено светло за почеток на преговори, но под услов да бидат задоволени нејзините барања.
Решавањето на спорот за името и почитување на добрососедските односи се главните адути на грчката страна. Официјална Атина најави дека решавањето на спорот за името за неа останува главен предуслов за да даде зелено светло за почеток на преговори. Самиот шеф на дипломатијата, Димитрис Аврамопулос по завршувањето на состанокот на НАТО во Брисел минатата недела испрати порака до Македонија дека нема да се прават попусти и попуштања за кандидатите за членство и на НАТО и во ЕУ, како и дека ќе мора да бидат исполнети сите поставени критериуми и предуслови.
Аналитичарите очекуваат заклучоците да бидат напишани на начин кој ќе ги задоволи и Македонија и Грција, но без да ја потресе Атина. Она што се слуша е дека не може да се види во пракса како македонскиот и грчкиот премиер во овој момент со оглед на политичката и економската ситуација и во двете држави би можеле да направат отстапки и да најдат решение на спорот кој трае две децении.
|
Статијата е прочитана 3292 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
ebivetar, 10.12.2012 20:43:27 | Грција за Македонија е исто што и Хамас за Израел. Не сакат да не признат , негираат егзодус на македонците од Грција , се закануваат дека ќе не снема на навредите им нема крај а европјаните сето тоа го гледат (сеир) и на крај добиваат Нобелова награда за мир. Трагикомедија. |
| МАКЕДОНИЈА СТО ГОДИНИ ФАШИЗАМ КОН ГРЦИЈА ДОБРОСОСЕДСТВО ТРЕБА, 10.12.2012 21:24:01 | До кога вака невиниот сосед ќе страда од варварите македонски кои само пред сто години стапнаа на грчката вековна земја, колеа, палеа, иселуваа, доселуваа, асимилираа, па име па јазик па црква......Што му требаше на Лотар со делото Документација Македонскиот јазол да ја разоткрие вистината за злоделото од пред само сто години. Добрососедство Македонијо кон невините супер соседи што се замислуваш до кога ѓе ги газиш соседите. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -14°C
Ведро
|
Среда
Ведро
Макс: 1°C, Мин: -13°C
|
Четврток
Сончево
Макс: -4°C, Мин: -12°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – Титова Совладетелка (24)Обидот за отцепување на Хрватска. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|