10.12.2012, 14:05 Арифи воздржан оптимист за датум за преговори
Вицепремиерката очекува ЕУ да најде добра формулација, што ќе овозможи да продолжиме со процесот кој е веќе започнат, за да се подготвуваме за преговори
Вицепремиерката за европски прашања Теура Арифи со возджан оптимизам го очекува исходот од утрешниот состанок на шефовите на дипломатии на земјите членки во Брисел, кој неформално почнува вечер, а на кој треба да се одлучи дали и кога Македонија ќе ги почне пристапните преговори за членство во Унијата.
- Имам воздржан оптимизам дека ЕУ ќе успее да најде една добра формулација, коректна и креативна која ќе ни овозможи да продолжиме со процесот кој е веќе започнат, за да се подготвуваме за почнување на преговори. Начинот како тоа ЕУ го кажува е нивна работа, но сакам да верувам дека дефинитивно ќе најдат начин да дадат формулација со која нас ќе не оджат активни да продолжиме со овој тек. Беа разлика на тоа каква формулација ќе добиеме нашата ориентација во однос на евроинтеграциите нема да се смени, ќе одговориме со апсолутно зголемување на активностите. Тоа е одговорот што ни долекува како земја и како држава, рече вицепремиерката Арифи на денешната средба со новинарите.
Според неа, тоа ќе биде формулација, која ќе ги задоволи сите, и Македонија, нашите соседи и ЕУ.
Во однос на драфт-верзијата за која ќе расправаат министрите, а во која, меѓу другото, се препорачува можно отворање на пристапните преговори во јуни 2013 година, и доставување предлог за рамка за преговори во согласност со заклучокот на Европскиот совет од декември 2006 година и воспоставената практика, која ги зема предвид добрососедските односи, се оценува дека е формулација, која наликува на одлуката за Црна Гора. ЕУ за Подгорица лани во декември донесе одлука, а скринингот земјата го започна во јуни.
Во меѓувреме, вели Арифи, се работи со земјите кои се уште имаат дилеми во однос на почетокот на преговорите со Македонија, како со Шпанија, Португалија и Бугарија.
Министрите за надворешни работи и за европски прашања на земјите-членки утре ќе ги дефинираат заклучоците за Македонија кои Европскиот совет на Самитот ќе треба само да ги потврди за тоа дали земјата ќе ги почне пристапните преовори. Не се исклучува можноста, ако и на овој состанок нема одлука за Македонија, заклучокот да се донесе на самитот на ЕУ. |