Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
10.12.2012, 14:05
Член��ите на НАТО ги поздравија реформите во сите области во Македонија



Претставниците на земјите-членки на НАТО високо ја оценија Годишната национална програма на Република Македонија за членство во Алијансата, која како што истакнаа го рефлектира напредокот и искуството на земјата во овој процес.

Замениците-шефови на мисиите го поздравија и несмаленото темпо во реформските процеси, подвлекувајќи дека очекуваат Македонија час поскоро да го заземе заслуженото место во НАТО по надминувањето на последната препрека на земјата, а тоа е решавање на разликите за името со Грција.

Ова е заклучокот од денешниот редовен состанок на Република Македонија со Комитетот за политика и партнерство на Алијансата кој се одржа во седиштето на НАТО во Брисел, а на кој пред претставниците на земјите-членки на НАТО беше презентирана Годишната национална програма на земјата за членство во Алијансата за 2012-2013 година. Сето ова беше во рамки на 14. циклус на Акцискиот план за членство.

Македонската делегација беше предводена од државните секретари во министерствата за надворешни работи и за одбрана Владо Мисајловски и Петар Есмеров. Тие пред претставниците на земјите-членки на Алијансата говореа за тековните и идни активности поврзани со имплементацијата на стратешките реформски процеси во земјата на политичко-економски и воено-безбедносен план.

Мисајловски посебно го акцентираше напредокот во имплементацијата на реформите во администрацијата, правосудството и полицијата, борбата против корупцијата и организиранио криминал, дијалогот со медиумите, како и останатите сегменти нотирани во Извештајот за напредокот на Република Македонија за членство во НАТО.

- Освен реформите во делот на одбраната, ние ги презентиравме и сите приоритети и реформи на Владата на Република Македонија изминатиот период во делот на судството, слободата на медиумите и правото на говор. Говоревме за справувањето со митото и корупцијата итн. Сите претставнции на земјите-членки го пофалија тоа што ние го презентиравме, оти Националната програма е сеопфатна оваа година и содржи многу елементи од голем број институции како што е Министерството за информатика и администрација и реформите во рамки на администрацијата, изјави државниот секретар на МНР.

Според него, имало пофалби од сите змеји-членки дека успешно се спроведува целата програма и за лани и за годинава, при што било предочено дека се благодарни што Македонија продолжува со мисиите во Авганистан и во другите мирвни мисии на Алијансата, што е значајно за нив поради тоа што земјата се уште не е полноправна членка, а е најголем контрибутор во овие мисии.

Државниот секретар во МО, Есмеров, пак, говореше за напредокот во одбранбените реформи, придонесот на Република Македонија во НАТО операциите во 2012 година и планираните активности за 2013 година.

- Република Македонија го заврши 13. циклус и ова значи отпочнување на новиот 14. за Годишната национална програма за членство. Во разговорите со претставниците на земјите-членки се покажа интерес за тековните реформи кои се спроведуваат во МО и во Армиајта на Република Македонија, со фокус на нашето учество во меѓународните хуманитарни и мировни мисии. Имаме голема пдодршка во НАТО-членките и признание од нивна страна во врска со нашето учество во овие мисии, истакна Есмеров.





Статијата е прочитана 866 пати.


Испрати коментар



Грција спречи Македонија да добие датум за преговори
Прво решение за името, па преговори со ЕУ
Средба Груевски со лекарите во Влада
ГАК усвои четири од пет параграфи од заклучокот за Македонија
Спасувачка драма во Кичевско
По 11 години почна судењето за убиството на Марјан Тушевски
Бугарија нема да посочи датум за Македонија
Јован Јосифовски - кандидат за уставен судија
„Вегета“ најдобар бренд на Балканот
Македонскиот софтвер се пробива на странските пазари
На Чавез му остануваат уште три месеци живот
Неизвесност до последен момент во Брисел
Ставрески - Никој друг освен СДСМ не кажал дека Македонија е слична на Грција
Мирјана Андреска нов претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати
Франција бара воена интервенција во Мали
(ФОТО) Снегот го блокира животот во Гостиварско и Мавровско
Снегот заглави две лица во Другово, во Дебарца отсечени 24 села
Вељаноски - Ќе преземам мерки за деблокирање на комисијата за буџет
Строс-Кан се спогоди со собарката
„Стандард“ - Темпираните бомби на Балканот
Бугарија најавува блокада во Брисел
Харадинај - Албанскиот фактор е клучен во регионот
Без почеток на преговори растат ризиците за Македонија
Бошкоски повторно на обвинителна клупа
(ФОТО) Скопје под снег
Думата ќе го чува здравјето на Русите од негативни информации
И Колорадо ја легализираше марихуаната
Министрите во Брисел ќе одлучуваат за датум за Македонија
Снегот го отежна и забави сообраќајот
Прецизна евиденција на невработените
Внимателно на голомразицата
ЕУ ја прими Нобеловата награда
Грција не очекува земјотрес во Брисел
Иванова нема да ја води седницата на Комисијата за труд за законот за бранители
Судството и администрацијата ги кочат човековите права
ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ
Грција најверојатно повторно ќе ја блокира Македонија
Вељаноски закажа нова седница на Комисијата за труд
Орав - Човековите права се меѓу главните приорит��ти на ЕУ
Арифи воздржан оптимист за датум за преговори
Подгответе се за екстремно ниски температури
Пронајдена мртва жена во населбата Драчево
Теута Арифи можен кандидат на ДУИ за градоначалник на Тетово
Морси и даде на армијата право да приведува цивили
Авионска несреќа во Замбија
Македонците трети во регионот по користење „Фејсбук“, а четврти по Интернет
Снежната бура во Европа однесе над 35 жртви
Два камиона паднале во провалија кај Демиркаписка Клусура
ЕУ ќе ја прими Нобеловата награда за мир
Коалицијата на романскиот премиер победи на изборите
ОМД повика да се почитуваат правата на Македонците во соседните земји
Меѓународeн ден на човековите права
Грција демонстрира нервоза во Брисел
Груевски - СДСМ води самоуништувачка политика
Тројца повредени на наплатната рампа Желино
„Та Неа“ - Отворена врата за Скопје, но под услови



Toronto, 10.12.2012 18:36:32
mizi Asan da ti baam, so rekle starite.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -14°C

Делумно облачно

Среда
Ве��ро
Макс: 1°C, Мин: -13°C

Четврток
Сончево
Макс: -4°C, Мин: -12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Шест децении на популарната „корвета“
Автомобилот што ја доби својата планетарна популарност пред се' поради својот атрактивен дизајн и технички иновации, в г...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |