Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
10.12.2012, 15:21
Судството и администрацијата ги кочат човековите права



Една третина од вработените се дел од јавната администрација, 60 отсто од буџетот се троши таму - граѓаните заслужуваат побрза и поефикасна услуга

Горан Адамовски

Судството и јавната администрацијата се областите каде што најмногу се загрозени човековите права во земјава. Потребни се реформи и постриктна примена на законите, кои воглавно се уредени по меѓународните стандарди. Една третина од вработените во Македонија се дел од јавната администрација, најголем дел од буџетот се троши за нивни потреби, па граѓаните заслужуваат ефикасно работење на институциите.

Ова е ставот на експертската јавност по повод 10 декември - „Меѓународниот ден на човековите права“. Деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Борче Давитковски смета дека администрацијата не може да се реформира преку ноќ, односно оти станува збор за процес што мора постојано да се одвива.

„Во Македонија се' уште не сме се зафатиле сериозно со реформата на јавната администрација, иако донесовме нов Устав и воведовме нови човекови права. Уставот во ништо не се разликува од уставите на западноевропските земји, но очигледно граѓаните имаат проблем со остварувањето на своите права пред органите на јавната администрација. Нешто треба коренито да се промени, особено на статусот на тие што работат, начинот како работат, да се мери нивната ефикасност и ефективност во извршувањето на задачите. Да не заборавиме дека третина од вработените во Македонија се во јавниот сектор, кој е најголем работодавач во државата, и 60 и повеќе отсто од буџетот е за плати во јавниот сектор. Тој мора на граѓаните на Македонија да им врати со квалитет на неговата работа“, истакна професорот.

Неговиот колега Никола Тупанчевски напоменува дека почитувањето на човековите права е фундамент на секое општество. Генерално, како што вели, Македонија мора да даде поголем придонес во нивното почитување.

„Има повеќе сегменти во кои, на некој начин, има прекршување на основните слободи и права на човекот. Легислативата во РМ ги содржи и ги почитува основните меѓународни стандарди. Реалниот проблем е во нивната имплементација. Има одредени прекршувања кои може да се лоцираат во сферата на јавните набавки, во почитувањето на основните човекови права во однос на независното судство, антикорупциските политики итн. Нема посебна градација каде најмалку се почитуваат, но она што би можело да биде општ белег за состојбата со правата на човекот во Македонија дека мора многу повеќе да се направи од постојните состојби“, рече Тупанчевски. Го посочи судството и случаите на непочитување на пресумцијата на невиност кога, како што рече, луѓето се жигосуваат со поднесување кривична пријава уште во почетна фаза, кога не се знае крајниот епилог на конкретен случај.

Според Народниот правобранител, Иџет Мемети, Меѓународниот ден на човековите права и оваа година е можност за сите кои што работат во заштитата на правата да се потсетат на Универзалната декларација за човековите права според која, сите луѓе се раѓаат слободни и со еднакви права и достоинство. Тој вели дека напорите за обезбедување на човековите права за сите е цел кон која треба да се стремиме.

Денешниот ден беше одбележан и со прикладна конференција на Универзитетот ФОН, каде гостин беше министерот за правда, Блерим Беџети.

„Под слоганот ‘Мојот глас е важен‘, оваа година во фокусот се правата на сите луѓе, жени, деца, малц��нства, лица со посебни права, сиромашни и маргинализирани групи, да се слушне нивниот глас во јавниот живот и да бидат вклучени во процесот на донесување одлуки“, истакна Беџети.

Статијата е прочитана 957 пати.


Испрати коментар



Грција спречи Македонија да добие датум за преговори
Прво решение за името, па преговори со ЕУ
Средба Груевски со лекарите во Влада
ГАК усвои четири од пет параграфи од заклучокот за Македонија
Спасувачка драма во Кичевско
По 11 години почна судењето за убиството на Марјан Тушевски
Бугарија нема да посочи датум за Македонија
Јован Јосифовски - кандидат за уставен судија
„Вегета“ најдобар бренд на Балканот
Македонскиот софтвер се пробива на странските пазари
На Чавез му остануваат уште три месеци живот
Неизвесност до последен момент во Брисел
Ставрески - Никој друг освен СДСМ не кажал дека Македонија е слична на Грција
Мирјана Андреска нов претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати
Франција бара воена интервенција во Мали
(ФОТО) Снегот го блокира животот во Гостиварско и Мавровско
Снегот заглави две лица во Другово, во Дебарца отсечени 24 села
Вељаноски - Ќе преземам мерки за деблокирање на комисијата за буџет
Строс-Кан се спогоди со собарката
„Стандард“ - Темпираните бомби на Балканот
Бугарија најавува блокада во Брисел
Харадинај - Албанскиот фактор е клучен во регионот
Без почеток на преговори растат ризиците за Македонија
Бошкоски повторно на обвинителна клупа
(ФОТО) Скопје под снег
Думата ќе го чува здравјето на Русите од негативни информации
И Колорадо ја легализираше марихуаната
Министрите во Брисел ќе одлучуваат за датум за Македонија
Снегот го отежна и забави сообраќајот
Прецизна евиденција на невработените
Внимателно на голомразицата
ЕУ ја прими Нобеловата награда
Грција не очекува земјотрес во Брисел
Иванова нема да ја води седницата на Комисијата за труд за законот за бранители
ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ
Грција најверојатно повторно ќе ја блокира Македонија
Вељаноски закажа нова седница на Комисијата за труд
Орав - Човековите права се меѓу главните приоритети на ЕУ
Членките на НАТО ги поздравија реформите во сите области во Македонија
Арифи воздржан оптимист за датум за преговори
Подгответе се за екстремно ниски температури
Пронајдена мртва жена во населбата Драчево
Теута Арифи можен кандидат на ДУИ за градоначалник на Тетово
Морси и даде на армијата право да приведува цивили
Авионска несреќа во Замбија
Македонците трети во регионот по користење „Фејсбук“, а четврти по Интернет
Снежната бура во Европа однесе над 35 жртви
Два камиона паднале во провалија кај Демиркаписка Клусура
ЕУ ќе ја прими Нобеловата награда за мир
Коалицијата на романскиот премиер победи на изборите
ОМД повика да се почитуваат правата на Македонците во соседните земји
Меѓународeн ден на човековите права
Грција демонстрира нервоза во Брисел
Груевски - СДСМ води самоуништувачка политика
Тројца повредени на наплатната рампа Желино
„Та Неа“ - Отворена врата за Скопје, но под услови



NG, 10.12.2012 17:47:35
Овие од сликата ке ги бранат човековите права?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -14°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 1°C, Мин: -13°C

Четврток
Сончево
Макс: -4°C, Мин: -12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Шест децении на популарната „корвета“
Автомобилот што ја доби својата планетарна популарност пред се' поради својот атрактивен дизајн и технички иновации, в г...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |