10.12.2012, 09:49 Коалицијата на романскиот премиер победи на изборите
Социјал-либералниот сојуз, предводен од премиерот Виктор Понта, доби најголем број гласови на вчерашните парламентарни избори во Романија, по пребројување на 81,49 проценти од гласовите, соопшти Централната изборна агенција.
Според првичните резултати за долниот дом на парламентот Социјал-либералниот сојуз добил 58,63 проценти од гласовите, а за Сенатот 60,03 отсто.
Сојузот Десна Романија освои во Домот на пратениците 16,69 проценти, а во Сенатот 16,95 отсто.
Популистичката Партија на Народот доби во Домот на пратениците 13,53 отсто, а во Сенатот 14,18 проценти.
Партијата Демократски сојуз на Унгарците во Романија освои во Домот на пратениците 5,31 отсто, а во Сенатот 5,40 проценти. |