10.12.2012, 14:13 Орав: Човековите права се меѓу главните приоритети на ЕУ
Човековите права се секогаш во фокусот на ЕУ и тоа ќе остане така. ЕУ посветува големо внимание на човековите права внатре, но и надвор од Унијата. ЕУ има 142 делегации во рамки на службата за надворешни работи ширум светот, а човековите права се високо на листата на приоритетите на овие одделенија.
Ова го нагласи евроамбасадорот Аиво Орав денеска во обраќањето по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права и Нобеловата награда за мир доделена на ЕУ.
- Изборите се само првиот чекот на патот надемократијата и човековите права. Вашата земја е кандидат за членство во ЕУ и се подразбира само по себе дека земја - кандидат треба да ги почитува човкоевите права, рече Орав, на одбележувањето на Денот на човековите права што оваа година се прославува под мотото „Инклузија, вклученост и право на секого да учествува во јавниот живот“.
Оваа год��на, нагласи тој, е многу значајна за ЕУ, затоа што е усвоена и стратегијата за човекови права, а именуван е и специјален пратеник за човекови права.
Евроамбасадорот Орав истакна дека многу е важна и улогата на невладините организации во сферата на човековите права и во таа насока, потенцира, високо ја почитува улогата што ја имаат НВО во земјава.
Орав денеска ги додели и грантовите за 2012 година во рамки на Европскиот инструмент за демократија и човекови права и тоа на Институтот за развој на заедниците-Тетово, кои ќе работат на зајакнување и инклузивноста на немнозинските заедници и Агенцијата за регионален развој на пелагопнија „Преда“ за зајакнување на граѓанското општество во развој и имплементација на јавните политики. Грантови добија и „Полио плус“ за целосна инклузија и зајакнување на учеството на лицата со посебни потреби во општеството, Македонскиот центар за ресурси кој ќе работи на инклузија на неформалните центри за собирање отпад, МИМ ќе работи на зајакнување на соработката меѓу граѓанските асоцијации и медиумите во областа на човековите права и слободата на изразувањето, женската граѓанска иницијатива „Антико“ со цел да се придонесе кој зголемување на активизмот на младите во мултикултурализмот, како и „Мост“ за оспособување на младите за остварување на нивните избирачки права и слободи.
Евроамбасадорот Орав потсети дека денеска на свеченоста во Осло ќе им биде доделена Нобеловата награда за мир на лидерите на ЕУ.
Во однос на коментарите дека можеби ЕУ не ја заслужува Нобеловата награда за мир, Орав укажа дека многу е важно да се потсетиме зошто е создадена ЕУ.
- Најголемите светски војни започнаа токму во Европа, меѓу најголемите европски сили. Франција и Германија денес работат заедно во институциите на ЕУ и клучен збор во сето тоа е помирување, појасни меѓу другото евроамбасадорот Орав.
|
Статијата е прочитана 966 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Симон, 10.12.2012 14:44:14 | А, човековото право на избор на сопствено и групно име?
А, правото на задржување на своето долгогодишно и единствено име? |
| wd40, 10.12.2012 14:48:56 | Abe ajde ..... Pa togas zasto na cel eden narod mu negirate pravo na samoopredeluvanje, ime, jazik, pripadnost na nacija i sl.... |
| mene, 10.12.2012 18:56:29 | Ej, daj ne lupetaj! Pretpostavuvam ne si do tolku EU law an-alphabet soglasno tvojata rabotna pozicija! Pa coveku, EU nema seuste acquis za zastita na malcinskite prava (podgrupa na covekovite prava)! |
| Миле - Охрид, 10.12.2012 21:38:51 | ЕУ треба да го преиспита капацитетот на нерусоестонецет. Се сомневам дека разбира што се човекови права и слободи. |
| Лотар за Брисел, 10.12.2012 21:40:14 | Брисел е само центар на евопската бирократија и ништо повеќе. Проблемот е во европските земји кои немаат врска за тоа што е и кој е на Балканот. Официјална Атина и денес ја брани политиката со која се офајди во 19 век.Европските кралски куќи од една лоза поставија кралеви во балканските државички кои станаа копја на своите големи заштитници а Македонија стана нивни мираз. Аиво на нас Македонците ни кажа една голема невистина. Да г Аиво ние незнаеме така е како вие велите. |
| Makedonec, 11.12.2012 08:58:03 | SHAME ON U eU!! |
| maci, 11.12.2012 11:16:23 | al za zal nie vo Mk ja nemame taa prednost se uste vazi ona turskoto kuti i molci |
| dedo dimo, 11.12.2012 12:39:07 | A shto Eu napravi za chovechkite prava i malcinskite prava do sega ?,i dali vistina e zasluzuva nagradata za MIR. Edno shto znam EU napravi so pomosh na USA e rasturi Jugoslavija i pogotovo Srbija i i go odzedoa Kosovo.Me interesira a shto napravijaza drugite kako Katalonija ili Baskijaa i ushte nekoj drugi. |
| Чии права? А Македонците?, 11.12.2012 14:13:09 | За чии човекови права станува збор? Па чуѓе, во македонија МАКЕДОНЦИТЕ немаат човекови права ! Доста е матење во здрав разум! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -14°C
Ведро
|
Среда
Ведро
Макс: 1°C, Мин: -13°C
|
Четврток
Сончево
Макс: -4°C, Мин: -12°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – Титова Совладетелка (24)Обидот за отцепување на Хрватска. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|