03.12.2012, 13:21 (ФОТО) Бразилците избраа најубави задници
Титулата „мис бумбум“ ја освои Карине Фелизардо, манекенка со занесни облини, и сега може да се пофали дека има најубав задник во Бразил
Карине Фелизардо, манекенка со занесни облини од бразилската држава Пара, ја освоила титулата „мис бумбум“ и сега може да се пофали дека има најубав задник во Бразил. Изборот е одржан во хотел во Сао Паоло и привлекол големо медиумско внимание.
Жирито составено од шест жени и пет мажи внимателно ги разгледувало задниците на 15 финалистки и на крајот одлучило дека наградата треба да и' припадне на 25-годишната Карина Фелизардо.
Убавицата добила чек од 2.500 долари, а првата и втората придружничка, Андреа Урах и Камила Вернагила, се наградени со малку помали парични износи.
Манекенката, која моментално нема момче, додала дека е многу горда на својата „бумбум“, како што Бразилците ја нарекуваат задницата. Таа смета дека за победата се заслужни годините напорно тренирање фитнес.
Иако натпреварот за најубава задница на странците може да им изгледа налудничаво, Бразилците се среќни што во нивната земја, во која минатиот месец имало околу 300 убиства, конечно се случува нешто убаво.
Женската задница има посебно место во културата на Бразил и често е предмет на восхит. Како што истакнал организаторот на изборот „Мис бумбум“, Какау Оливер, задниците на Бразилките се привлечни поради мешање на расите и тропската клима во која девојките растат.
|