Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
03.12.2012, 17:12

Мое ќоше

Тодоров на преглед кај Груевски

Ерол Ризаов

За нарушеното здравје ��а демократијата и на нацијата најдобра терапија е една министерска оставка

Крајно време е премиерот Никола Груевски сериозно да ги разгледа дијагнозите на лекарите што штрајкуваат за состојбите во здравството и да го викне на систематски преглед својот министер Никола Тодоров. Ако продолжи министерот за здравје вака да ги брани пациентите и Владата од докторите, отиде јабана целото здравство и паднаа во вода сите големи достигнувања на Владата дека многу направила и многу инвестирала за подобро здравје на граѓаните. Да се стопира грубо еден цивилизациски, демократски и чисто синдикален протест на водечките луѓе во македонското здравство е налудничава идеја и страшно контрапродуктивна работа. Не верувам дека Владата на Груевски претрпела поголеми загуби за својот рејтинг отколку од погрешните потези што ги влече амбициозниот министер во врска со штрајкот на лекарите и здравствените работници.

Процените на министерот Тодоров се погрешни од повеќе аспекти.

Прво, лошо прозвуче во јавноста инфантилното игнорирање дека станува збор за штрајк. Владата во одбрана на министерот крена, сосема непотребно, цела машинерија да се стопира гласноста во медиумите дека се работи за штрајк во рамките на законските и синдикалните прописи. Второ, министерот арогантно го направи најпогрешниот пристап со своите јавни закани кон здравствената интелектуална елита која секогаш во политиката имала огромно влијание. Лекарите низ целата историја на човештвото се посебна фела и професија која длабоко засега во најчувствителните интереси на луѓето. Првиот сигнал за состојбите во едно општество го чувствуваат лекарите и целиот медицински персонал. Тој барометар на општата клима го нема ниту една друга професија, па ни политичарите. Трето, навредите што ги изрече министерот до докторите и универзитетските професори на Медицинскиот факултет се недолични за еден министер на македонска влада. Никола Тодоров ги жигоса угледните лекари како партиски експоненти, ги обвини за непотизам, ги нарече неработници кои стравуваат од распределба на плати според сработеното и слични непримерни клевети кои во јавноста беа лошо примени како еден вид одмазда од предозирана суета. Од кога тоа десницата стана жестоко против семејните традиции каде што повеќе членови од повеќе генерации се определуваат за лекарскиот позив, што сегде во светот се смета за голем углед и бренд, а не за непотизам како што сакаше министерот да ги претстави работите во јавноста. Трето, министерот Тодоров докрај ги разголи и разобличи редовните синдикати на Република Македонија, кои се покажаа и во овој случај како продолжена рака на власта. Четврто, министерот направи непростлива грешка кога ги обвини лекарите за поврзаност со опозицијата. Со тоа Тодоров им даде големо значење на социјалдемократите и здружената опозиција дека успеале да изведат еден прилично сложен потфат и да мобилизираат голема група лекари. Работите стојат сосема спротивно на тоа. Еден голем дел симпатизери и активисти на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во здравството апстинираат од протести и јавно присуство, иако лично апсолутно го оправдуваат штрајкот. Петто, времето на траењето на штрајкот и се' поголемата масовност и незадоволство покажува дека тактиките на министерот со цврста рака и закани не даваат резултат. Штрајкот секој ден добива се' поголема поддршка и во јавноста и кај вработените во здравствените установи. Веќе и меѓународните многу влијателни здравствени асоцијации покажуваат нагласен интерес што се случува во Македонија и зошто лекарите се изложени на силен политички притисок од власта. Шесто, а можеби и прво, министерот Никола Тодоров е шеф на штабот на ВМРО-ДПМНЕ за наредните избори. Не верувам дека оваа репутација што тој ја заработи за себе и за партијата многу ќе му помогне на изборите.

Кога сите овие работи ќе се стават на кантар, штетите што ги нанесува министерот Тодоров врз рејтингот на Владата и врз партијата пред избори налага премиерот да му ја скрати поддршката која не дава резултати. Време е Никола Груевски да му каже на својот министер повеќе да не се кара со доктори и да се одмори од својата напорна, но јалова работа. За нарушеното здравје на демократијата и на нацијата најдобра терапија е една министерска оставка. Штрајкот на лекарите, какви што има во цел свет и во многу побогатите и подемократски земји, кај нас поради суетата на министерот стана премногу сериозна работа која не може да се брани веќе со тоа дека е фатаморгана, дека опозицијата з��мешала прсти и дека лекарите се некадарни. Тоа стана здравствено, политички и еснафски крајно штетно.

 

Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот




Статијата е прочитана 7919 пати.


Испрати коментар



Билдери во Западен Брег
Лоши вести за странските инвестиции
Предградие
Чекајќи го Груевски и 10 декември
Зошто да се работи за минималец!?



зоки, 04.12.2012 00:32:14
Почитуван г-дин Ерол со должна почит кон вас меѓутоа морам да ви надополнам уште неколку аргументи за вашата колумна да биде целосна. Прво дали сте биле некогаш на клиника без претходно да се договорите со некој од вашите ценети пријатели доктори да поминете преку ред? Дали знаете каков третман имаат обичните смртници кои не се од угледно семејство како вас на клиника? Ви се случило ли да ве повикаат на преглед во приватна ординација, затоа што таму имало подобра опрема и тезгари дотичниот доктор? Очигледно не ви се случило затоа што сте човек со врски, кој што се дружи со таа ценета фела, вработена во јавното здравство, зема пари од народот и за тие пари го третира како стока. Еве еден мој пример, од обичен смртник. Јас како обичен човек морав да поткупам две бабици за жена ми со патолошка бременост да добие нормално породување на Гинекологија, далеку сте вие од реалност за правилно да ги расудувате работите. Не го поддржувам министерот, но далеку дека докторите се за сожалување!!!
Hari, 04.12.2012 01:42:21
Respekt za analizata. Imam edna zabeleska do lekarite a toa e deka koga se unisti avtonomijata na Univerzitetot ne reagiraa, koga se apsea i radi politicki pricini strpaa vo zatvor Velija i Ljube, ne reagiraa, koga se vospostavi rezim ne reagiraa, no sepak koga edno dete gi ponizi, navredi, omalovazi zestoko reagiraat sto e za sekoja pocit no sepak malku zakasneto. Ova neka bide pocetok na osvestuvanje i vistinska akcija na site lugje vo drzavta protiv ovoj nenaroden i totalitaren rezim.
lekar od klinicki, 04.12.2012 01:59:44
Tekstot e odlicen, eden od podobrite na ovaa tema koi sum gi cital, sogleduva nekolku aspekti koi dosega retko bea istaknati. Za dnevnopolitickite implikacii na celata situacija ne bi komentiral , ke ostanam dosleden , fokusot na sindikalnite zalozbi nema nikakva tendecija da predizvika bilo kakov efekt vo taa nasoka. Predpostavuvate i jas sum eden od strajkuvacite
Deam, 04.12.2012 02:00:07
do koga ke pisuvas gluposti aj odi si vo penzija
USA, 04.12.2012 02:42:15
Reformi znacat promena na sistemot. Toa boli, osobeno za tie sto se naviknale na stari pravila i ne sakkat nitu da probaat nesto novo. Tuka generalizacijata deka protestot e od SITE DOKTORI, ne drzi. Kako da se povtoruvaat isti raboti. Neli Todorov bese Minister vo edna druga granka? Togas Frcko i kompanija zborea isto i nesto protestiraa. Taka? Zatoa so mir i trpenie. Doktorite ne se plateni kako vo USA, ama isto taka ne se ni vo Kuba. So umerenost ke se najde resenie, so radikalizam nekako ne odi. Nemoj samo SDSM da izleze so maici I JAS SUM DOKTOR!!!
ТАРЗАН ОД МАКЕДОНИЈА, 04.12.2012 08:01:32
Почитуван автору,не можеме да бараме оставка од забегани и недозреани,од тешко искомплексирани и изгубени личности,кои ниту некогаш верувале ниту сонувале дека ќе добијат таква моќ да одлучуваат за „ недопирливите доктори“,ЗА „УНИВЕРЗТЕТСКИТЕ ПРОФЕСОРИ“ кои ги „мачеле “ кога студирале.Министерчето си вели :Е, па сега Вие ќе видите јас што можам да ви направам.Нема отстапување,ако треба кило сол ќе изедам,ама не ви попуштам,ако треба и заминете си ние ќе си најдиме доктори - „ НАШИ ВМРОВЧИЊА“ од факултетот во ШТИП,од БЛГАРИЈА,а можи и по некој од „ UNIVERZITETE TETOVE“ ама нема попуштање,има видите кој е ДПМНЕ,кој е ГРУЕВСКИ,кој е каратистот ТОДОРОВ,ако треба и ќе ви демонстрирам карате ударци на Вас кои се обидувате да барате од мене оставка или да ја променам одлуката за плата по учинок.„НАШИТЕ ДОКТОРИ“ ќе бидат наградувани,а оние од СДСМ или тие кои не се со нас нема да земаат цела плата и нека си отворат приватни амбуланти,ама јас и таму ќе им пратам „НАШИ ИНСПЕКТОРИ“ за да ги ка
cacko, 04.12.2012 08:06:34
До господинот од УСА,сигурно нема да видиш маици и јас сум доктор,ама исто така е сигурно дека ќе видиш ,,доктори,, во бели мантили пред седиштето на СДСМ .
hronicen, 04.12.2012 08:20:48
Moeto mislenje e deka celata garnitura na vlast e za sistematski.A sto se odnesuva do zoki, ne mu e na mesto komentarot.Eve jas sum eden hronicen pacient koj vo sekoe vreme moze da najde vrski i da potkupuva. Togas sistemot ne cini, a ne lekarot!Ti zboris za korupcija koja ja ima bukvalno sekade.Lekarite se loso menadzirani.A za toa e odgovoren ministerot.Citam komentar deka 40 000 den plata e super.Toa za lekar e sramna brojka isto ko sto i za tekstilecot 8 000.U los film-se e loso!
Mirko, 04.12.2012 08:26:53
Vrti suci - ova decinja ne se sposobni da ja vodaat drzavata. Vlasta treba da sproveduvaat umni i iskusni luge, a ne balavurdija bez i eden den praksa i so pedigre od dobro stoecki roditeli i rodnini. Tie nemaat poim, sto e zivot i kako treba da se zivee. Znaat samo, kako se uziva vo obilstvo i kako da go steknat bez pot.
Buntovnik, 04.12.2012 08:27:15
Stetite koj ovoj mini ster ke gi napravi, ne se slucajni tuku namerni. Toa e programata koja vmrocite mora da ja sprovedat. Koj gi dava ovie naredbi e seuste zavieno (za pogolemiot del makedonci) vo tajna. Erol konkludira deka krajno vreme grujo seriozno da gi razgleda dijagnozite na lekarite. Erole, prasuvas dve nemoguki raboti. Prvo seriozno a drugo da gi razgleda. Izgleda zaboravas deka ovoj na koj se povikuvas zavrsil skolo na univerzitetot vo prilep i deka vo lekciite nemale uceno za seriozno, za razgleduvanje a za analizi toj togas ne bil na casot koga ucitelkata go predavala ovoj predmet.
operiran, 04.12.2012 08:30:49
До УСА. акоси стварно тамо, леснотие да солиш.Ама акоси вамо требадасе малку подумаш, јас мислев дека ќеги повикаш и оние лекар-пратеник, кој дремат во собранието и креваат по два прста,шетаат и калапат, да застанат напред идасе борат за своите права, кога тогај ќесе вратат кај соголениот народ. Или сега го фатија теглето со мед, апосле народот ќе заборави,ако остане некој во својот вилает.
Skopje, 04.12.2012 08:38:52
Г-дин Ерол вашата анализа е еднострана и полна со проѕирна поддршка. Зошто не се осврнете на тоа дека лекарите со просечна плата од 40.000 денари бараат 100% покачување во време на светска криза. Поминете на некоја од клиниките и ќе видите редици луѓе кои чекаат со часови, па и денови, а докторите или пијат кафе или се на пауза или воопшто не дошле на работа.Татко ми требаше да прави операција на тромб заради отечена нога и опасност од гангрена, но поради штрајкот откажани се и снимањата, па не може да се заврши.Денес е вистинско чудо да завршиш работа во болница, без врски,одење преку ред, или подмитување, бидејќи знаат дека државната плата им е загарантирана а истите тие од почитуваната фела попладне во приватните ординации ќе ви го излижат г...т за пари и можат да бидат навремени и ефикасни. ДОСТА Е!!!
lekar od klinicki, 04.12.2012 08:48:10
BRAVO
milan, 04.12.2012 08:56:10
Hari mnogu pati sum se slagal so vaseto mislenje ama so ova epten.Pa celata drzava stenka od ova vlast ama samo lekarite imaa hrabrost i doblest da dignat glas.Uste mnogu drugi bi trebalo da se ugledat na niv.Nekoi narodi (slovenci na primer)sekoja nepravda burno ja dozivuvat i reagirat,ne dozvoluvat omalovazuvanje, kaj nas toa ne e slucaj.POZDRAV.
Омар Муса, 04.12.2012 09:06:37
УСА , во право си.Не штрајкуваат сите доктори , туку само 95% од нив! Останатите се партиски директори од партијата ДПМНЕ- ДУИ-АД.Ако Тодоров направил хаос во образованието и во здравството ,треба да си оди! Тој е добар само за ловење буба-шваби , нека го работи тоа!
ФЕЛИКС, 04.12.2012 09:07:50
Коњуктурно е во овие моменти да се пеат оди за докторската фела,но не заради грижата за правата на докторите туку дека овие се во штрајкачки конфликт со власта.Инаку сум заговорник на штрајк на секој што е незадовелен од однесувањето и на власта и на секој друг работодавач.Докторите се во право што бараат поголеми лд,оти овие сегашниве се ептен понижувачки.делимично се во право што сакаат надградување на ,,плата по учинок,, не по квантитет туку по квалитет.Но никако не се во право за идејата за укинување тотално на ова.Инаку авторот нормално не покажува аналитички сенс за вратени пациенти,па некој одат и во Софија за интервенција.Се враќаат од поедини доктори канцерозни пациенти,се вади дел од панкреас место бубрег,поединци профитираат конгресно од фармацеутските могули на штета на пациентите и т.н А за јавноста колку е на страната на докторите се виде во ВИН ВИН на тв Алфа.И нормално изостана анализа на опозициски глумци-пациенти на кој им се поважни докторите од сопственото здравје.
Miki, 04.12.2012 09:08:08
Do ,,doktor usa - a be prijatele, go vide zavcera tvoeto ministerce na bina na nacional-sovinisticki miting?(dzirni plus info). I toa covece sega ke maltretira doktori?(vistinski, se razbira) A za Kuba ne znam, ama na tvoive gazdi Belorusija kako da im e najmnogu pri srce?
Gargamel do Zoki,Usa i slicni, 04.12.2012 09:16:26
Pocituvan Zoki,vo 90-tite specijalistite zemaa plata vo nivo so apelacionen sudija.Denes nitu polovina od sudijskata plata,a nivnata rabota,potrebata od strucni kadri od koi ni zavisi zivotot,oformuvanje na strucen profesionalen i odgovoren kadar za prevencija i lecenje e tezok proces vo zdravstvoto.I vo drugite opstestveni dejnosti,no ovde greskite na nestrucnosta tesko gi plakame nie,gragjanite.Problemite vo zdravstvoto pocnaa so sozdavanje na privatni fabriki za zdravstvo i pari,koj proces svesno go poddrzuvase vlasta.Gospodine USA,dosta so Trpe,Trajce,Mirce.Promenite baraat profesionalnost,kvalitet,odgovornost,a ne partiska poslusnost,partijska kniska,kreativnost od ogranicen um so IQ -55.Daleku se platite na nasite specijalisti od onie vo SAD,a vo drzavnoto zdravstvo ostanaa doktorite so zelba za nauka,osovremenuvanje na priodot kon praksata,a prodavacite na patiki kako merka za zemanje plata ete gi vo privatniot profitabilen biznis centar preku Vardar.Bravo Erole.
Пациент, 04.12.2012 09:16:55
Авторот добро ја опишал состојбата, меѓутоа грешка е што Груевски се очекува како некој спасител, кога ќе се врател од прошетка. Што мислите Груевски не стои зад целата оваа работа? Случајно неговиот министер излетал? Па нели и Груевски цврсто застана зад министерот? ПС: Ах, кога ќе дојде Паца со бродот од Америка, ќе видат и министерот и оние со знамињата што ќе ги снајде!
janza, 04.12.2012 09:24:55
За грев.Време е да се престане да се фрлаат да изгорат надежните,енергичните.Коалицијата на фелата медикуска за паѓање на детево добро би било да се подзамисли.Работава се некако за кон таму личи.Дали опозицијата или позицијата кртовски крои,не е битно.Главно глави секој ден паѓаат.Начинот на кој се борат за правата несоодветен е за висината на полицата на која сакаат да останат.Затоа се некако асоцира на исценирана ујдурма.Никој самоволно,дури и наивниот не влегува во оро како девојјка за се.Ама кога е во инерес за државата,нема избор.А како таа им враќа?
doktor od ginekologija, 04.12.2012 09:33:44
E more ZOKI!Tebe babici ti zemale pari,a ne doktori.A patem babicite ne strajkuvaat.Zenati sigurno ja porodil Doktor
Sofija, 04.12.2012 09:45:56
Браво за анализата. Ниеден проблем не се решава ниту со игнорирање, ниту пак со агресија. И по��ле секоја војна имало некаква маса, на некаква конференција, на која што се потпишувале договори. Министерот во неговите рани 30-ти се гледа дека е сеуште во бунтовната фаза од животот, па се надевам дека длабоко во себе подоцна ќе се срами од ова што го прави. Одговорноста за создавање на проблемите секогаш е кај оној кај што е на раководна позиција, во случајот министерот. И да не се заборави дека целиот проблем исплива на виделина во моментот кога им чепнаа во и онака бедните плати на лекарите. Ќе дозволите дека секој кој што е нападнат, па и лекарите, имаат право да се бранат. Точно дека има многу проблеми, сите сме свесни за тоа и самите лекари тоа го кажуваат, но не се решаваат со закани, инспекции, опомени, притисок, особено не кога знаеш дека си во право 100% и кога станува збор за сопствената егзистенција.
stoev, 04.12.2012 10:28:27
sramna bila plata 40ilj?pa toa e mak narod raboti za 10ilj kako magare a toa neli e sramno?vo sekoja zemja vo zapadna evropa pa i istocna vo eu lekar vo opstestven sektor zema plata vo sporedba so prosecna i minimalna plata t.e. 50% eventualno 100% povece i toa e toa a ne 500 ili 1000% povece...a sto da se kaze sto leakri imat twezga na privatno navecer kade rabotat na divo nit porez nit nisto ,mislam lekarite vo mk ospepeja od pari od pari od sekade(plata,na crno rabota,mito)pa sakaat uste povece toae priroda na covek stom dobie mnogu saka uste povece nemoze da se zadovoli,videte kako samo ziveat,koli po 2 vo semejstvo,deca pracat na studii po stranstvo toa e daleku od beda i ponizuvacka plata.ministerot e petka toa e prav minister koj stoi i zad bolnite e ne samo da misli za lekari ,vo evropa za palti vo zdravstvo se odvojuva od pari za zdravstvo 20% a vo mak 80%.
od ostrijot, 04.12.2012 10:46:37
kako seveli akoe sefot slab slabise i rabotnicite akoe premijerot slab slabise ministrite slaba e vladata slaba e drzavata barem toa e jasno.
Nekoj, 04.12.2012 10:59:34
I jas se soglasuvam so Zoki. Sekoj eden najmal segment vo drzvata se brani so stavot na sekoj eden poedinec vo istata, za zal takva svest vo Makeodnija nema, naprotiv sega se gradi, sto g odokazuva faktot deka sme mnogu mlada drzava. Zatoa se raspadnaa site segmenti od nasheto ziveenje. Doktorite se samite vinovni za toa shto im se sluchuva tokmu od prichinte shto gi navede Zoki a i ovaa prethodnata shto ja spomenav. Kakov narod, takva drzava. Koga poedinecot ke nauchi da go pocituva drugiot kako sebe si, togash i svesta ke se promeni a i nastnaite ke zemat pravilna nasok i sistemite nema da se raspagaat. Prvo rasturija se samite doktori, sudii, pravnici itn int i sega vladata e kriva. Kriva e zashto taa ne e nishto porazlichna od niv. Treba menuvanje na mentalitetot.
dolgovid, 04.12.2012 11:13:39
Ne navleguvam vo toa kolku e strajkot opravdan ili ne, tuka ima samo eden komentar pravoto na strajke zagarantirano so ustav. Sostojbite vo Javnoto zdravstvo od druga strana se navistina katastrofalni, no dali doktorite se vinovnici za taa sostojba? No fakt e deka od radikaliziranje na sostojbata najgolema korist ima privatnoto zdravstvo , a koj e gazda tamu dobro se znae.
кумановац, 04.12.2012 12:00:08
Во се се сложувам со тебе само во едно не,а тоа е да Тодоров оди на преглед кај Грујо.Па тие и двајцата се за преглед кај одредени доктори но ке мора да причекаат да заврши штрајкот.
cane sokolovski, 04.12.2012 12:05:17
Во компанијата во која работев во Канада, пред да се пензионирам, се обидеа да воведат плата по учинок. За таму тоа дури и изгледаше изводливо - производна компанија. Не им требаше ни месец дена да видат дека гадно се заебале и се откажаа - Многу комплициран систем, со околу 1500 различни профили - производи, кај кои многу тешко беше да се пресмета колку ќе се произведе. За тој месец производстото значително се покачи, ама и шкартот кој од вообичаените 20% се искачи до 40%. Менаџментот веднаш се откажа од методот! Јас не верувам дека овие овде кај нас знаат што прават. Ама тоа не е ново!
veruvale ili ne, 04.12.2012 12:59:03
Gi citam komentarite i se cudam...lekari imale tezgi porucekta? Ministerot donese zakon za dopolnitelna dejnost. Lekari zemale mito? Pa ministerstvoto otvori milion kampanji i telefoni inspekcii za prijavi korupcija.Trebalo vrski za klinika, pa nemoze cela makedonija da se pregleduva i operirA NA KLINIKA a lekarite da zemat plata po 40 000 iljadi. Neka razmisli nekoj vaka za eden lekar da operira ili izveduva bilo kakva zdrastvena intervencija treba da e koncentriran da ima vreme da razmisli i sekako da ima dobra sorabotka so pacientot da dojde do dijagnoza, toa ne se moze ako prvo ides na rabota a mislis kolku pari imas i dali ke pokrie se vo mesecot znaci mislite ti se na drugo mesto, pa nemesto da razmisluvas za DG si vikas jas ke ja tupam a kolegata od drugata ambulanta nacukal veke 10 pacienti ajde seriski so e nejasno prakaj na snimanje a zavedi si go kako pregled e toa e kvantitet za sto pak da gi zemes istite pari a nemozat da te kaznat vo medicinata ima mnogu dupki 22 ne e
do site dobronamernici, 04.12.2012 13:21:43
NA Lekarot, na sekade niz svetot,vratite polesno mu se otvaraat,od bili na koja drga profesija i sekade e posakuvan za prijatel. Taka bese nekogas kaj nas.Togaj,nashite malobrojni lekari , skoluvani nador od Mak*polni*so znaenje bea gospoda,lica od pocit i pozdravuvani so simnuvanje na kapa.Nemaa potreba od shtrajkovi, plateni kako sto beshe red i vo seta siromashtija vo zdravstvoto,sovesno gi sluzea i pocituvaa svoite bolni koi znaeva da bidat blagodarni.Zalbi nemashe!A ministerot za zdravje,zemase soveti i predlozi od lekarite, cie mislenje bese odlucno. Sramno i prostaciki bea videni onie sliki na TV koga ministerot *zzutoklunec*so stapce go buckashe dezurniot lekar koj vo noknata rabota *si dozvolil* da se odmori.Rezil od ministerot i steta sto ovoj strajk se napravi duri deneska.Degradacijata na lekarskata fela ja donese*do daska*.Neka i drugite feli, dodeka ne e kasno go storat istoto. A ostavkata na ministerot e neizbezna, ako toj samiot/naredbodavacot/ ima doblest i go
Тони, 04.12.2012 14:00:32
Абре луѓе, па токму ако зборуваме во синдикален дух и направиме паралела со благородноста на докторската професија, кои нели првично ја избираат за да се грижат за пациентите, а потоа за матерјални добра. Видете ги бре на што личат докториве денес, лапаат пари од сите страни, го меркаат пациентот што можат да џапнат од него, ако немаш пари не те ни погледнуваат, а нели јавно здравство. И какви се тие синдикални идеали на луѓе кои што се себични и матерјалисти? Синдикатот е само за барање на пари?!Зошто истиот тој синдикат не се буни и против нелојалната конкуренција од доктори кои во текот на работното време тезгарат по приватни ординации, или пак за подобрување на условите на клиника, од што би добиле и пациентите! Но не, нив само пари ги интересираат, така ги гледаат и пациентите.А, да и споредбите за изедначување на платите со судството тотално не држат, бидејќи здравствениот сектор одамна е либерализиран, ако не ти чини работата на клиника, а сметаш дека си добар барај си приватно!
Ubava kolumna i komentari, 04.12.2012 14:31:42
Ubava analiza vo koja [to se prika\uva edna slika ne samo za zdravstvoto, ami i za opstestvoto vo koe sto ziveeme. Komenatrite i komentatorite ( nekoi i redovni) se samo presek na sostojbata vo opstestvoto. Ne samo Ministerot, ami i ovaa vlada so nego gi posraa rabotite, kaskaica gi napravija. Narode makedonski so kakvi idei si ti...? Poddrska za doktorite i ZA OPOZICIJATA na ovaa diktatuira koja sto ni ja rastura drzavnosta i drzavata, a nas ne degradira do nivo pod dnoto!
Трпе, 04.12.2012 15:38:42
Кога од јавното здравство ке заминат и овој мал број на способни лекари,бедниот напатен народ ке го лекуват партиски ајван докторчиња.Бутел ке заработува појке по учинок.
Vasko, 04.12.2012 15:43:11
Ја прочитав и колумната и коментарите,а работам во здравство и дојдов до заклучок дека ако политичарите или конкретно министерот исто така ги прочита, многу лесно ќе донесе одлука што да прави. Но неговата ароганција и суета не му дозволува да ги праша барем магистрите по јавно здравство школуван кадар кој може многу да му помогнат. Колумната е одлична иако често не се согласувам со авторот за некои други колумни, овде ја погодил суштината на проблемот и дава убав предлог. Груевски треба под итно, елегантно да го тргне министерот и на пример да даде официјално образложение дека е презафатен околу подготовките во изборниот штаб. Второ итно да се направат измени во системот плата по учинок (квалитет пред квантитет) и да се договорат со лекарите за минимално зголемување на платите кое би било прва фаза за достигнување на платите со останатите интелектуалци во државава. Ниту еден пациент животно загрозен не останал неприфатен, освен оние кои се испратени како актери за Сител.
torpedo, 04.12.2012 17:38:43
covek ne moze danve razbere..izbrisajte go ednas komonizmot od glava doktorite respekt sakat uste stari pravila od komonizmot treba ednas da svaatat doktorite sto e demokratija...da bides isto so pacientot nema pacienti nema doktor taka e vo eu usa nasekade sto vladee demokratija a ne samo so vreganje jas sum toj onoj cice strina vujce taka nikako vo eu a kako naj prvo 1 do 2 miljoni narod eden grad kapirate a vi izigravate kako da ste cccccc..ova od strana uste poubavo se gleda mozete se i sesto da pisete no ne mislete na zapadnacite sto se kaj nas ocite da im gi mackate tie gledat krotaat i se zapisuvaat kako i sto se raboti..ako prodolzete taka uste golemo oro imate da igrate..glavata sto vi bila gora mora i mora ako sakas eu ramnopravana da bide so site kapirate..i ne letajte mnogu letanjeto odamna zavrsi (ova go zboram bidejki sum vo eu i gledam kako se raboti ovge kade sto sum jas i kako se raboti kaj nas bidejki do vcera bev vo mk)..RESPEKT DO TODOROV
Uste eden od U.S., 04.12.2012 17:50:59
Prvo, akciite sto gi sproveduva ministerot se sprotivni na bazicnite principi na demokratskite opstestva, a na Makedonija vo momentot navistina ne i treba da bide oceneta kako nedemokratska drzava. Vtoro, Makedonija se bori za stranskite investicii. Koj od strana ke investira pari vo drzava vo koja nekompetenten minister ne samo sto ne moze da gi resi problemite vo zdravstvoto tuku pravi uste pogolem haos. A ministerot e ocigledno podrzan od premierot.
BHC, 04.12.2012 18:02:55
Za avtokrati i avtokratija nema mesto vo edna demokratija.Ushte poveke,za siledzii.Demokratijata znaci pregovori,pocituvanje na sogovornikot,slushenje na negovite argumenti,kompromis.Na ovoj minister-prodolzena raka na premierot- poveke mu odgovara prekarot s i l e dz i j a.Kako i na negoviot shef.Koj kogo da lekuva ???Opozicijata nema lek za niv.Nea i treba lekuvanje.
kolku ste pateticni, 04.12.2012 19:04:15
vie sto komentirate kolku ste samo pateticni toa e cudo pocni od ovoj usa koj cinot na strajk koj e zagarantiran so ustav go smeta za radikalizam znaci ti simnuvam kapa za gluposta retko koj moze da smisli takvo nesto potoa ovoj feliks koj vo edna recenica saka da podrzi tie sto strajkuvale poradi nezadovolstvo od vlada za vo naredniot del sam da si ja srusi tezata em saka da gi podrzi em ne celosno tuku donekade ima uste mnogu takvi ama site do eden katastrofa se
Dart Wadder, 04.12.2012 20:40:21
Podobro ministerot so vreme da gi plati doktorite sega, zosto socijalniot mir, sto go kupuva preku nivnata rabota ke go kosta mnooogu poskapo podocna. Pozdrav od temnata strana.
stavre, 04.12.2012 21:25:01
a sto ministerot na svoja raka vaka pravi?Dobroutro ima nad nego mnogu posueten
do hronicen, 04.12.2012 21:46:42
U los film sve e loso ! Najdobar komentar u posledni 20 godini, ako ne i vise.
zagoridividi, 04.12.2012 22:42:44
Јас кога веќе плаќам за јавно здравство сакам и треба да бидам услужен а не да ми го лапне синиот картон и да ми закаже попладне на приватно.И каков е овој застој со здр.услуга?.Мали им биле платите..а да копа шанци или да работи на монтажа?.Требало да биде концентриран при работа,ама не можел бидејќи имал мала плата..и гарант месецот не може да го помине?.А важи ли истото за оној од МЖ,ЈСП...што на врат носат по десетици души за дупло помалу или ништо.Нив не им треба концентрација,нели?.
Fosgen, 05.12.2012 00:32:45
Samo kratko objasnuvanje za onie koi mislat deka lekarite se dobro plateni. 1.6 godini studii(1200 evra godisna particiacij)-nespieni noki so knigi po iljadi stranici 2.Sest meseci staz-drzaven ispit 600e 3.Specijalizacija 4 god.(2000e godisno)-golema posvetenost i trud,med.kniga nema pod 100e 4.Subsbecijlizacija 2 god.(7000e),Magisterium 1.5 god.(3000e).Doktorat(6000e). Znaci edukacija cel zivot,dostapni 24 casa za naseto zdrabje,dezurstva,...Ve molam!
Zore Petrova, 05.12.2012 10:28:42
STOEV - normalno e decata na lekarite inekoi drugi intelektualci da imaat moznost da studiraat mozebi i vo stranstvo. Me cudi kako moze decata na nekoi priuceni, so dva grama skolo, da imaat koli, pari i poveke moznosti od ostanatite, a da ne recam i da sedat vo fotelji sobraniski i ministerski?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Облачно

Четврток
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -5°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (20)
Плачењето на Ранковиќ.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Бондарчук: „Соларис“ е безвремен филм
Руската актерка Наталија Бондарчук на која „Соларис“ на Тарковски и' го променил животот плени со својата топлина, страс...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |