06.12.2012, 16:20 НБРМ не гледа потреба од промена на фиксниот курс на денарот
„Монетарната политика во услови на глобална криза“ беше тема на предавањето во Штипскиот универзитет што го одржа вицегувернерката на НБРМ Анита Ангеловска-Бежоска пред студентите од Економскиот факултет.
Ангелоска-Бежоска истакна дека преку одржувањето на стабилниот курс на денарот се одржува ценовната стабилност, а тоа е и монетарната стратегија на централната банка. - Значи сите претставници на централната банка го објаснуваат ставот дека практично апсолутно не гледаме никаква потреба и промена на монетарната стратегија, што значи дефакто фиксен курс на денарот, бидејќи каква било промена во овој контекст би значело само големи загуби за економијата во целина, рече Ангелоска–Бежоска.
Прашана како глобализацијата влијае врз македонската економија Ангелоска–Бежоска забележа дека ние сме мала економија, која што својот Бруто домашен производ го разменува со странство, а во такви услови не може да се остане изолиран од случувањата во Европа и светот.
Според вицегувернерката во моментов не може да се прогнозира каква ќе биде 2013 година и дали земјава ќе трпи од глобалната криза, бидејќи се уште не се гледа разрешница со европската должничка криза, а на нашите компании извозот во земјите во ЕУ изнесува 60 отсто
|