06.12.2012, 12:22 Нов педофилски скандал го тресе Би-Би-Си
Еден од најпознатите водители на Би-Би-Си, Стјуард Хол, е обвинет за непристојно однесување кон три деца.
Осумдесет и двегодишниот Хол, познат по своите шеговити коментари на британските фудбалски натпревари на „Радио Пет“ на Би-Би-Си, беше уапсен во својот дом во Вилмслоу, во близина на Манчестер. Потоа беше пуштен на слобода со кауција.
Би-Би-Си веднаш го отпушти од работа.
Криминалот за кој новинарот е обвинуван датира од 70-те и 80-те години на минатиот век и е извршен кон девојче и две момчиња на возраст меѓу девет и 16 години.
Ова е последен удар врз Би-Би-Си, растресена од скандалот со прикривање на педофилските афинитети на својата ѕвезда Џими Савил, и со неточните обвиненија за педофилија против британски политичар.
Засега не е познато дали обвиненијата против Хол се поврзани со аферата Савил. |