06.12.2012, 10:21 Уапсен командирот на Езерската полиција во Охрид
Командирот на охридската Езерска полиција, Д.К. (40), и тројца негови партнери од Струга утринава се уапсени поради сомневање за незаконски бизнис со риба во Охридско Езеро. Според МВР, командирот подолго време бил организатор на групата што незаконски ловела риби во езерото и потоа ги продавала на угостителски објекти, рибарници и на приватни лица во Охрид и низ земјава.
Истрагата утврдила дека полицаецот им давал совети на партнерите кога има, односно кога нема контроли во езерото, па тие со чамци поставувале мрежи. Уловот го чувале дома неколку дена, а потоа го продавале. Против нив сите е поднесена кривична пријава.
|