Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
07.12.2012, 15:46
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во клинч поради пензионерите



Кој ја блокира работата на собраниската Комисијата за труд и социјална политика, кој го доведува во прашање покачувањето на пензиите и социјалната помош и кој е виновен за хаосот во работата на парламентот и денеска беа главните прашања околу кои се препукуваа ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Координаторката на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева ги обвини социјалдемократите дека се обидуваат да внесат хаос не само во работата на Собранието, туку сакаат негативните реперкусии од тоа да ги почувствуваат сите граѓани во државата, како пензионерите, социјалните случаи и бизнис секторот. Ваквите тврдења СДСМ ги оцени како лицемерие и побара одговорноста за блокадата на парламентот да се побара во ВМРО-ДПМНЕ и во ДУИ.

„Комисијата за труд и социјална политика е блокирана исклучиво заради договорениот политички хаос на владините партнери, кои за дневно политички потреби глумат патриотизам, а за нивната испазарена блокада наивно се обидуваат да ја префрлат топката да ја обвинат опозицијата“, порача вчера Цветанка Иванова, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика, каде треба да се разгледаат 15.000 амандмани на законот за бранители што ги поднесе ДУИ. Таа додаде дека владејачкото мнозинство е на страната на ВМРО ДПМНЕ и кај нив е целосната одговорност за работата на оваа Комисија.

Иванова денеска писмено го известила претседателот на Собранието Трајко Вељановски дека нема да закаже нова седница на Комисијата, се додека владините партнери не го одблокираат носењето на законот за бранители.

Наспроти тоа Бонева тврди дека СДСМ ги злоупотребува позициите во Собранието при водењето на клучните собраниски комисии, Комисијата за финансирање и буџет и Комисијата за труд и социјална политика, ги крши сите деловнички и правила стекнати со парламентарната пракса, затоа што имаат политичка наредба од Бихаќка да не се усвојуваат позитивните мерки за граѓаните на Република Македонија.

„Во Комисијата за труд и социјална политика не сакаат да се донесе и да се стави точка на дневен ред законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кои што се предвидува 5 проценти зголемување на пензиите. Со законот за социјална заштита, кој што исто така не сакаат да се стави на дневен ред, се предвидува вработување на лица кои што до 18 години имале статус на деца без родители. Се предвидува и зголемување на социјалната помош за пет проценти. Одговорноста за последиците од ваквото постапување индивидуално ќе ја сносат не само одговорните на комисиите, туку и СДСМ кој работи спротивно на интересите на сите граѓани на Македонија“, смета Бонева. (Т.П.)


Статијата е прочитана 938 пати.


Испрати коментар



Сараќини - Граѓаните порационално да ја користат енергијата
Лекарите се собраа на протест пред Владата
СДСМ - Коалициските партнери се најодговорни за меѓуетничките односи
ССМ бара одблокирање на работата на Комисијата за труд и социјала
Врачени државните награди „Св. Климент Охридски“
Лекари од Клинички - Штрајкот да прекине, пациентите имаат приоритет
Делавекурас - Нема преговори без да се реши прашањето за името
Македонија ќе почне со организирање на Интернет лотарија
Поповски - Мерките за самовработување даваат резултати
Честитка од претседателот Иванов по повод празникот Св. Климент Охридски
Арифи - САД се надеваат на позитивни заклучоци од Брисел
ЕУ-амбасадорите без договор, одлуката за Македонија во вторник
Честитка од премиерот Груевски по повод празникот Св. Климент
Свечена академија за празникот Св. Климент Охридски
Нова постпејд-понуда „вип екстра“ за 599 денари
Смирувачка средба пред европскиот самит
СДСМ - Ќе направиме се' за да се спречат непродуктивните задолжувања
Макрадули - Барањата на „Аман“ против самоволието на Регулаторна
Нови тарифи на „Оне“ со 5.000 и 10.000 бесплатни минути
Почнува проект во НБМ финансиран од ЕУ
Јавната администрација најподложна на корупција
Расте извозот на преработки од овошје и зеленчук
Ставрески - „Јужен тек“ ќе ни обезбеди стабилно снабдување со гас
Попладнево амбасадорите на ЕУ ќе расправаат за Македонија
Владата ќе им го решава станбеното прашање на 1.200 семејства
Украинската Влада измамена од лажен инвеститор
Грција не е подготвена на компромис за името
Момчето што дивееше низ Хиподром доби 15 години затвор
Сеул бара Северна Кореја ги врати долговите
Меѓународен тим ќе го истражува падот на „кингерот“
Бопа зеде 540 жртви на Филипини
Арифи очекува креативно решение од ЕУ
Почнува изградбата на „Јужен тек“
Египет на нозе, Морси бара национален дијалог
Брахими преку Москва и Вашингтон ќе го отплеткува Сирискиот јазол
Грција стави рампа за „македонски“
Нов командир на чело на битолската полиција
НБРМ не гледа потреба од промена на фиксниот курс на денарот
(ФOTO) Бесими ја прими донацијата за АРМ од Турција
Се поставува новогодишната елка
(ФОТО) Чинарот ја губи битката со времето
Вељаноски ќе ги спасува пензионерите од бранителите
Тачи ќе се повлече пред Харадинај
Вилфред Мартенс згрозен од повикот за „бугарска пролет“
Попоски побара од Клинтон и европските колеги поддршка за ЕУ и НАТО
Пораснал бројот на патници на „Александар Велики“
Македонија заглави во Брисел
„е-Бонтон“ за културна комуникација на интернет
Филе - ЕУ нема магично решение за спорот за името
Лажните баратели на азил нема да заминат преку граница
Ристовски апелира да заседава Комисијата за труд и социјала
МВР ќе ја истражува поврзаноста на Шукри Алија со „Монструм“
Заплени 152 килограми марихуана на патот Струга- Мислешево
Нов педофилски скандал го тресе Би-Би-Си
Пјонгјанг со 100 милиони долари го јакнел култот кон Ким Џонг-ил
Србија ја намалува соработката со Хаг
Седмооделенки се затруле со дијазепам
Седуммина повредени во сообраќајка на Паризанска
(ФОТО) Пеколно утро во Усје, татко и син настрадаа во пожар
Состанокот на ЕУ-амбасадорите прекинат на точката за Македонија
Уапсен командирот на Езерската полиција во Охрид
Обама пак највлијателен во светот
Македонската група во Конгресот со нов член
(ФОТО) Морси под опсада
Плевнелиев - Бугарската поддршка не е безусловна
Големи смени во битолската полиција
Фатен „мозокот“ за убиствата кај Смилковци
Грција ја отфрли препораката на Филе
Иванов - Меѓусоседските односи секогаш можат да бидат уште подобри
Конзервативецот Вели Маурер избран за претседател на Швајцарија
Со „Макс ТВ“ бесплатен филмскиот канал ХБО
ЕУ-амбасадорите вечерва ќе разговараат за Македонија
СДСМ и пиша на Светска банка за најновото задолжување на државата
Македонија останува во Авганистан и по 2014 година
СДСМ - Изборот на Неделкова атака врз независното судство
Пченката што ја јадеме не е токсична
Штрајк „да“, но по правила
Македонија помалку корумпирана од Грција и Бугарија
Новите мерки на НБМ ќе важат од 1 јануари 2013
Пронајдена нова масовна гробница во БиХ
На Балканот цигарите се најскапи во Хрватска, а најевтини во Србија
Уредничката на „Вог“ кандидат за амбасадор на САД во Европа
Двајца повредени при местење новогодишни светилки на „Партизанска“
Инцидентите се неприфатливи, сторителите да се санкционираат
Ѓукановиќ - Не сум крал Никола
Почина патријархот на Антиохиската православна црква Игнатиј Четврти
Укината забраната за тешки товарни возила на Стража
Дачиќ и Тачи постигнаа согласност околу граничните премини
(ФОТО) Најмалку 230 жртви од тајфунот Бофа на Филипините
Се самоуби амбасадорот на Србија во НАТО
Попоски на состанок во седиштето на НАТО во Брисел
Харадинај се подготвува за премиерската фотеља
Бериша - Aлбанско државјанство за сите Албанци во светот
Забранa за товарни возила на правците Кичево-Гостивар и Маврово-Дебар



вики, 07.12.2012 21:59:32
Ало Бонева! Те слушам денес на комисијата за труд и социјална политика и навистина изгледап смешно. Па, како може опозицијата д аве кочи во донесување на закон кога вие владеете и си ги носите законите глатко затоа што сте мнозинство. Не гледам дека на опозицијата сте и прифатиле барем еден аманднам и многу интересно им држиш лекции како да се тие празноглави, а ти во се се разбираш. Немојте да се вадите на опозицијата поготово онаму каде што вие самите си се заплеткувате. Граѓаните гледаат и слушаат. Мислите дека сите ви веруваат? Се лажете. Дури и ваши симпатизери се чудат колку потфрливте после последните зибори.
Трпе, 07.12.2012 23:23:38
Види,види она Силванева Бонева станала секретар на режија на новиот филм со сценарио од актуелната власт Избори се ближатОвој филм има јака копродукција,пензионерите и социјалните случаи се големо гласачко тело.Ако овој народ се радува и на ситни награди во едниот џеб да му стават а од другиот појке да му земат, заслужува во ова состојба во која ни се наоѓа државичето.
Itar Pejo, 08.12.2012 00:09:28
Ni opozicijata ni bilo koj drug neznaese kako se finansira Skopje 2014 a kamoli da go sprecat. I cotek dobija. A zakonot za penzionerite mozele? A zakonot za branitelite?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Ситен дожд

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 4°C, Мин: 0°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (22)
Вознемиреноста на Стане Доланц. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Од боемска феминистка до буржујка
„Припадничките на мојата генерација не треба повеќе да бидат феминистки“, заклучила Бруни-Саркози и на себе го привлекла...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |