Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
06.12.2012, 16:45

Грција стави рампа за „македонски“

Атина се' уште го разгледува предлогот на посредникот Метју Нимиц од пред три недели

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Главна тема за која се преговара е спорот за името, но во рамки на преговорите се вклучени и други работи. Вака од грчкото Министерство за надворешни работи објаснуваат дали се дискутира и за користење на придавките македонски, македонска, македонско, за кои пред неколку дена грчкиот заменик-министер за надворешни, Димитрис Куркулас, истакна дека се неприфатливи за Грција.

Како што потенцираше портпаролот Григорис Делавекурас, суштинскиот предмет на преговорите, како што е одредено во Привремената спогодба и со одлуките на Советот за безбедност, е наоѓањето заеднички прифатливо решение за името. „Јасно е дека во рамки на преговорите се дискутираат и други работи, но суштински е наоѓањето решение за спорот за името“, истакна Делавекурас. Што се однесува до придавките македонски, македонско, според Делавекурас, грчката позиција е дека користењето на овие придавки е во директна поврзаност со спорот за името. „Позицијата на Грција во сите меѓународни организации во кои учествува е јасна - не треба да се користат овие термини“, потенцира Делавекурас.

Од грчкото МНР велат дека, сепак, целта на Грција е да се стигне до конечно решение, меѓутоа дека за тоа е неопходна политичка волја. Делавекурас нагласи дека во изминатите години Грција презела голем број иницијативи за да се постигне напредок во преговорите. Како последна и најважна го спомена меморандумот за разбирање, кој за грчката страна содржи јасна рамка и параметри што треба да се почитуваат за да се дојде до решение. „За жал, одговорот што го добивме од поранешната југословенска Република Македонија не содржи никаква суштина. Добивме одговор во кој нема суштински одговор на конкретната рамка која ја предложи Грција“, констатира Делавекурас.

Како што додаде, Грција останува на ставот дека сака да види напредок во преговорите, затоа што решавањето на спорот не само што ќе биде од корист на двете држави, туку е и важно за регионалната стабилност. „Решавањето на спорот ќе биде конкретен доказ на добрососедските врски и ќе ја поттикне евроатлантската перспектива на поранешната југословенска Република Македонија“, посочи портпаролот. Инаку, Атина се' уште ги разгледува предлозите доставени од медијаторот Метју Нимиц на трилатералната средба со македонскиот и грчкиот преговарач во Њујорк.

На помалку од една недела пред самитот на ЕУ, на кој треба да се одлучува за датумот за почнување преговори за Македонија, во медиумите речиси и нема интерес за оваа тема. Фокусот е завртен кон затегнатите грчко-албански односи по изјавите на албанскиот премиер, како и на загриженоста за порастот на национализмот во некои од балканските држави. Загриженост за овој феномен директно на НАТО-самитот во Брисел испрати и шефот на грчката дипломатија, Димитрис Аврамопулос, кој од Брисел заедно со пораката до Македонија дека нема да има попуштање и мора да се исполнат сите критериуми и предуслови за да се отворат вратите на НАТО и на ЕУ за нашата држава.


Статијата е прочитана 4721 пати.


Испрати коментар



��араќини - Граѓаните порационално да ја користат енергијата
Лекарите се собраа на протест пред Владата
СДСМ - Коалициските партнери се најодговорни за меѓуетничките односи
ССМ бара одблокирање на работата на Комисијата за труд и социјала
Врачени државните награди „Св. Климент Охридски“
Лекари од Клинички - Штрајкот да прекине, пациентите имаат приоритет
Делавекурас - Нема преговори без да се реши прашањето за името
Македонија ќе почне со организирање на Интернет лотарија
Поповски - Мерките за самовработување даваат резултати
Честитка од претседателот Иванов по повод празникот Св. Климент Охридски
Арифи - САД се надеваат на позитивни заклучоци од Брисел
ЕУ-амбасадорите без договор, одлуката за Македонија во вторник
Честитка од премиерот Груевски по повод празникот Св. Климент
Свечена академија за празникот Св. Климент Охридски
Нова постпејд-понуда „вип екстра“ за 599 денари
Смирувачка средба пред европскиот самит
СДСМ - Ќе направиме се' за да се спречат непродуктивните задолжувања
Макрадули - Барањата на „Аман“ против самоволието на Регулаторна
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во клинч поради пензионерите
Нови тарифи на „Оне“ со 5.000 и 10.000 бесплатни минути
Почнува проект во НБМ финансиран од ЕУ
Јавната администрација најподложна на корупција
Расте извозот на преработки од овошје и зеленчук
Ставрески - „Јужен тек“ ќе ни обезбеди стабилно снабдување со гас
Попладнево амбасадорите на ЕУ ќе расправаат за Македонија
Владата ќе им го решава станбеното прашање на 1.200 семејства
Украинската Влада измамена од лажен инвеститор
Грција не е подготвена на компромис за името
Момчето што дивееше низ Хиподром доби 15 години затвор
Сеул бара Северна Кореја ги врати долговите
Меѓународен тим ќе го истражува падот на „кингерот“
Бопа зеде 540 жртви на Филипини
Арифи очекува креативно решение од ЕУ
Почнува изградбата на „Јужен тек“
Египет на нозе, Морси бара национален дијалог
Брахими преку Москва и Вашингтон ќе го отплеткува Сирискиот јазол
Нов командир на чело на битолската полиција
НБРМ не гледа потреба од промена на фиксниот курс на денарот
(ФOTO) Бесими ја прими донацијата за АРМ од Турција
Се поставува новогодишната елка
(ФОТО) Чинарот ја губи битката со времето
Вељаноски ќе ги спасува пензионерите од бранителите
Тачи ќе се повлече пред Харадинај
Вилфред Мартенс згрозен од повикот за „бугарска пролет“
Попоски побара од Клинтон и европските колеги поддршка за ЕУ и НАТО
Пораснал бројот на патници на „Александар Велики“
Македонија заглави во Брисел
„е-Бонтон“ за културна комуникација на интернет
Филе - ЕУ нема магично решение за спорот за името
Лажните баратели на азил нема да заминат преку граница
Ристовски апелира да заседава Комисијата за труд и социјала
МВР ќе ја истражува поврзаноста на Шукри Алија со „Монструм“
Заплени 152 килограми марихуана на патот Струга- Мислешево
Нов педофилски скандал го тресе Би-Би-Си
Пјонгјанг со 100 милиони долари го јакнел култот кон Ким Џонг-ил
Србија ја намалува соработката со Хаг
Седмооделенки се затруле со дијазепам
Седуммина повредени во сообраќајка на Паризанска
(ФОТО) Пеколно утро во Усје, татко и син настрадаа во пожар
Состанокот на ЕУ-амбасадорите прекинат на точката за Македонија
Уапсен командирот на Езерската полиција во Охрид
Обама пак највлијателен во светот
Македонската група во Конгресот со нов член
(ФОТО) Морси под опсада
Плевнелиев - Бугарската поддршка не е безусловна
Големи смени во битолската полиција
Фатен „мозокот“ за убиствата кај Смилковци
Грција ја отфрли препораката на Филе
Иванов - Меѓусоседските односи секогаш можат да бидат уште подобри
Конзервативецот Вели Маурер избран за претседател на Швајцарија
Со „Макс ТВ“ бесплатен филмскиот канал ХБО
ЕУ-амбасадорите вечерва ќе разговараат за Македонија
СДСМ и пиша на Светска банка за најновото задолжување на државата
Македонија останува во Авганистан и по 2014 година
СДСМ - Изборот на Неделкова атака врз независното судство
Пченката што ја јадеме не е токсична
Штрајк „да“, но по правила
Македонија помалку корумпирана од Грција и Бугарија
Новите мерки на НБМ ќе важат од 1 јануари 2013
Пронајдена нова масовна гробница во БиХ
На Балканот цигарите се најскапи во Хрватска, а најевтини во Србија
Уредничката на „Вог“ кандидат за амбасадор на САД во Европа
Двајца повредени при местење новогодишни светилки на „Партизанска“
Инцидентите се неприфатливи, сторителите да се санкционираат
Ѓукановиќ - Не сум крал Никола
Почина патријархот на Антиохиската православна црква Игнатиј Четврти
Укината забраната за тешки товарни возила на Стража
Дачиќ и Тачи постигнаа согласност околу граничните премини
(ФОТО) Најмалку 230 жртви од тајфунот Бофа на Филипините
Се самоуби амбасадорот на Србија во НАТО
Попоски на состанок во седиштето на НАТО во Брисел
Харадинај се подготвува за премиерската фотеља
Бериша - Aлбанско државјанство за сите Албанци во светот
Забранa за товарни возила на правците Кичево-Гостивар и Маврово-Дебар



pile, 06.12.2012 23:05:16
Делавекурас нагласи дека во изминатите години Грција презела голем број иницијативи за да се постигне напредок во преговорите.??? Kolku uste prasalnici da se stavat na ovaa neiskrena izjava ne samo na G-dinot Delavekuras,tuku i na poveke diplomati od sosedna Grcija.Barem mozjese vo memorandumot-revizija na VS od 1995 godina integralno da bidat izneseni site inicijativi za nadminuvanje na apsurdniot spor.Ako G-dinot misli na neprifakanke na predlogot Republika Makedonija vo 2005 godina a neprifateno od togasniot lider na VMRO DPMNE togas e vo pravo ili ako misli na investiciite vo R.Makedonija kako OKTA i slicni kapaciteti so ekstra uslovi za privatizacija i stopanisuvanje, togas e vo pravo.R.Grcija treba da razbere deka vremeto na manipulacii kako so sopstvenata, a posebno so megjunarodnata javnost privrsuva.Serioznite drzjavnici kon seriozni regionalni problemi imaat konstruktiven odnos.Baranjeto na verodostoen sogovornik za nadminuvanje na sporot e koncept za izlez od situacij
ez-mani, 07.12.2012 00:36:07
grigoris delavekuras neka vidi vo kalendarot vo koj vek zhivee,i dali svetskoto naselenije se ushte pasi treva i e nepismen kako vo sredniot vek.sekoj shto zhivee vo planetata zemja i zhivee vo 21 vek mnogu dobro znae shto e nepravda shto e okupacija i shto e kriminal i genocit,za zhal grchkite vladi svesno ili nesvesno se aplikanti na svite gorespomnati zlodela,pa bez trunka sram odaat do tamu da se meshaat i kako da se vikash.e ova kaj nas se vika bezobrazluk.
ковник, 07.12.2012 07:02:47
Нема роблем да се согласиме со иужниот соседза името.Нека Тие се прекрстат во Македонија,Ние ќе си најдеме име Република Македонија.Но, тие не знаејќикако излезат од својата глупост,со своето ВЕТО ,како консезги тераат и членовите од Е.У. да го елеменираат демократското право на Нас Македонците да сенарекуваме Република Македонија.
dedo dimo, 07.12.2012 07:36:17
Luge na ovaj glupavo prifaten spor kraj nema .Makedonija trba vednash da gi prekini pregovorite ili pod Hitno da se izlezi na referendum za imeto a vo toa da im se dadit shansa na site gragani na Makedonija od Republika Makedonija a i od Dijasporata kade i da se po beliot svet.Ako Nmarodot se izjasni protivmenuvanje na imeto ,togash pregovorite morat pod hitnoda seprekinat a grcija neka si bara ime za delot od Makedonija koj so pomosh na zapadnite sili go zavzedoa iliim beshe dodelen vo 1913 godina.Grcite ne mozat da bidat i grcija i Makedonija a i nikogash ne bile Makedonija.
зоре танески -скопје, 07.12.2012 08:17:33
Како може да има решение за спорот со името кога црвените грчки линии од кои не отстапуваат значат негирање на македонскиот идентитет.Грција подржана од ЕУ и САД бараат од нас самите да се откажеме од македонскиот идентитет и само под тие улови ќе не примеле во Нато и ЕУ.Се прашувам чуму ни е членство ако идентитетски самите се обезличиме.Ако останеме без македонскиот идентитет.Стално ни го тријат од глава условот за добрососедски односи.Од друга страна оние од грчката парламентарна партија Златна Зора не нарекуваат циганоскопјани.Официјална Грција не го признава постоењето на македонското малцинство во својата држава.Ни го негира начиот македонски идентитет.И тоа е европски пример за добрососедски односи.Тоа се тие двојни стандарди што ЕУ и САД ја потикнуваат Грција така да се однесува кон нас.Во ваков случај нема и неможе да има решение за спорот со името освен ако ние МАКЕДОНЦИТЕ самите не се откажеме од својот македонски идентитет.Но тоа се граничи со лудило и е НЕВОЗМОЖНО
Вреди ли да се преговара со тие што не го почитуваат веќе договореното???, 07.12.2012 10:06:09
Има ли некој на кого уште не му е јасно дека грците нема да попуштат во негирање на нашиот интегритет и тие така ќе тераат со децении, затоа што со тоа ништо не губат. Од грците не може да очекуваме ништо поинакво. Европа и светот треба да престанат да не принудуваат да преговараме со оние што не го почитуват договореното. Имаме договор, дури и пресуда од Хаг и ако ги почитуваат - треба да не примат, ако не - нека ни кажат и да си бараме друго чаре.
Stojan, 07.12.2012 11:09:35
Postoi mnogu ednostavno resenie za priklucuvanje na balkanskite zemji kon evro-atlanstskite integracii. Ednostavno da se otstrani edinstvenata precka, a toa e Grcija. Znaci - taa da izleze od tie integracii. Cel Balkan ke zdivne i ke moze da se prikluci kon NATO i EU. Neli e ednostavno (no za zal ne i lesno).
Chainsaw, 07.12.2012 11:11:47
Za zal na grchki pregovarachi koga im podadovme raka so toa shto go smenivme ustavot i znameto, ne dobivme absolutno nishto, ok go prekinaa ebargoto, fala na ucenata. Ama celite pregovori preejdoa od edni vo drugi uceni. Taka da poukata e ne im davaj nishto. I ne mora vo EU i NATO, ne fala so vakvi hipokritici.
vasilevo, 07.12.2012 11:37:30
@Zore...kompliment na komentarot a posebno za poslednite 2 recenici. Dokolku nekoj ovaa ke go svati (otkazuvanje od samiot sebe), istovremeno ke svati i deka prakticno nema resavanje na problemot. @Pile, ti si sepak samo pile. Daj prociti go komentarot na zore taneski i mozebi ke ti bide sustinata na sportot malce pojasna.
Predavnik, 07.12.2012 11:45:48
Treba da se vodi politika, a ne inaet i *patriotizam* so krajna cel da se dobie sporot. Trebashe da forsirame Republika Makedonija(Skopje), pa za grcite da si bideme Skopje i skopjani, za ostanatite Makedonija i makedonci, odnosno faktichkata sostojba da ja i ozvanichivme. Toa bi bilo i vistinska dvojna formula, a ne namesto FIROM nekoe ime (katastrofa). I zapametite gospodo politichari, pomedju Republika i Makedonija nikakvo ime, pa ni vo zamenata *samo* za FIROM, koe brgu ke postane erga omnes. Moze ispred ili pozadi, vo sprotivno avtomatski (so eden udar) se menja i identitetot, shto e i krajna cel na grcite, koi konechno i otvoreno go kazaa. A onie shto ne mislat taka, pa naveduvaat primeri, neka gi prashat grcite zoshto tolku insistiraat tokmu na toa. A prefigani se!
Biljana, 07.12.2012 12:00:14
DO komentatorite: Go napisavte i moeto mislenje.
nacional-patriot, 07.12.2012 16:40:50
Na nekoj si Draganco da mu pojasnam.Antickite Makedonci si imale kralstvo,odnosno drzava koja se vikala Makedonija i nikako poinaku.Toa kralstvo bilo do gradot Veles.Vo ramkite na samoilovoto carstvo ne bil pogolemiot del od teritorijata na denesnata takanarecena Bugarija.Vizantiecot Jovan Zonaro koj ziveel vo 12 vek vo negovoto delo Recnik jasno napisal deka samoilovoto carstvo bila makedonska drzava.Imeto Rumelija ne bilo ime na Makedonija,tuku Rumelija bila otomanska provincija koja go zafakjala skoro celiot balkanski poluostrov.Teritoriite na denesnite balkanski drzavi bile del od Rumelija.I vo toa vreme teritorijata na Makedonija se vilkala Makedonija i nikako poinaku.Vo istorijata,sekogas Makedonija si go imala toa ime koe i go dale etnickite Makedonci i nemala nikoe drugo ime.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Ситен дожд

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 4°C, Мин: 0°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (22)
Вознемиреноста на Стане Доланц. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Од боемска феминистка до буржујка
„Припадничките на мојата генерација не треба повеќе да бидат феминистки“, заклучила Бруни-Саркози и на себе го привлекла...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |