06.12.2012, 12:35 Заплени 152 килограми марихуана на патот Струга- Мислешево
Вкупно 152 килограми опојна дрога марихуана заплени охридската полиција во акцијата што синоќа ја спроведе на патот Струга- Мислешево.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, дрогата што била пронајдена во возило, била спакувана во повеќе кеси со различна тежина и сместена во три големи платнени торби.
Возачот е приведен и се претпоставува дека тој е дел од поголема организирана група, но засега не се соопштува неговиот идентитет.
Ова е втора поголема успешна акција на македонската полиција во обидот за се справи со криминалот со дрога. На 26-ти ноември, на граничниот премин „Ќафасан“, македонската полиција во соработка со царинската управа запленија половина тон марихуана. Дел од стоката што од Албанија, преку Македонија требало да биде пренесена во западноевропските земји, била наменета за македонскиот нарко-пазар. |