07.12.2012, 16:17 Нова постпејд-понуда „вип екстра“ за 599 денари
„Вип“ воведува промотивна новогодишна тарифа „вип екстра“ за своите постпејд-корисници. Новата понуда, по цена од 599 денари, која ќе важи до крајот на јануари идната година, се вклучени бесплатни разговори и СМС- пораки кон сите мрежи, како и вклучен интернет-сообраќај на новата 3Г- мрежа. Во претплатата корисниците добиваат 1.000 бесплатни минути кон сите мрежи, 1.000 бесплатни СМС-пораки кон сите мрежи, бесплатен интернет, како и можност да одберат телефонски апарати по цени од 0 денари. За деловните корисници, пак, како и за оние на кои им е потребна неограничена комуникација „Вип“ нуди нов тарифен модел „вип но лимит“. Со овој тарифен модел за месечна претплата од 2.599 денари, корисниците добиваат неограничени минути разговори кон сите мрежи, неограничен број на СМС-пораки кон сите мрежи, 200 минути меѓународни разговори вклучени во претплатата, како и неограничен интернет вклучен во претплатата. (Ек.Р.) |