07.12.2012, 15:43 Нови тарифи на „Оне“ со 5.000 и 10.000 бесплатни минути
Телекомуникацискиот оператор „Оне“ воведува две нови постпејд-тарифи во својата понуда. Во тарифата „Мега 5.000“, за 499 денари корисниците можат да користат 5.000 МБ-интернет, 5.000 СМС-пораки и 5.000 минути кон сите национални мрежи. Втората нова постпејд-тарифа „Мега 10.000“, пак, за 999 денари, сите нови или корисниците кои имаат услови да мигрираат на нова тарифа можат да користат 10.000 МБ-интернет, 10.000 СМС-пораки и 10.000 минути кон сите национални мрежи. Цената за повик по искористување на бесплатниот сообраќај изнесува 5,9 во „Мега 5.000“, односно 4,9 денари во „Мега 10.000“.
„Моментно на корисниците на мобилната телефонија им го нудиме најдоброто. Ова е навистина една неверојатна понуда која превртува наопаку и одлична можност за олабавена комуникација и долги разговори со сите“, изјави генералниот извршен директор на ОНЕ, Цирил Кафол.
Новата понуда на „Оне“ е достапна за сите приватни и бизнис-корисници кои ќе склучат или обноват договор во времетраење од 24 месеци. (Ек.Р.)
|