06.12.2012, 15:31 Пораснал бројот на патници на „Александар Велики“
Бројот на превезени патници од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во ноември пораснал за 11 проценти во однос на ноември минатата година. Според податоците од Министерството за транспорт и врски, минатиот месец се превезени 62.371 патници, додека, пак, во ноември лани од скопскиот аеродром полетале 56.180 патници.
Најголем пораст има во бројот на патници на редовните линии, што се должи на воведувањето нови директни дестинации кон повеќе европски градови и кон Дубаи во текот на ноември. На редовни линии во ноември се регистрирани 60.873 патници, што е за 21,5 отсто повеќе од овој месец минатата година кога на редовни линии патувале 50.089 патници. (Ек.Р.)
|