Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
07.12.2012, 10:16

Арифи очекува креативно решение од ЕУ

Вицепремиерката за европски прашања се надева дека од состанокот на ЕС ќе произлезе решение прифатливо за Македонија и Грција

Потпретседателот на македонската Влада Теута Арифи изјави дека очекува од состанокот на Европскиот Совет да произлезе креативно решение, кое би било прифатливо и за Македонија и за Грција.

- Очекувам ЕУ и Европскиот Совет да се држат до принципот за изнаоѓање на креативни решенија кога се работи за нас. Се надевам дека апсолутно ќе се најде начин да се направи заклучок кој ќе биде прифатлив и за нас и за другите членки на Европската Унија. Доколку тоа се случи, јас мислам дека ЕУ апсолутно ќе покаже и сила и партнерство по прашањата на Балканот. Очекувам нешто такво, но како тоа ќе звучи и ќе изгледа. Останува да видиме, изјави Арифи, која е во посета на Вашингтон.

Ова е втора посета на Арифи на Вашингтон од септември, и целта на двете посети, како што вели вицепремиерката, е да се информира за напредокот во процесот на висок дијалог со Брисел, и да се добие американската поддршка за отворање преговорите со Европската Унија. Арифи вчера во Центарот за стратегиски и меѓународни студии учествуваше на дискусија за соработката на Балканот, во рамките на проектот за албанското соседство на ЦСИС, додека денеска се очекува да зборува на трибина во Центарот за транс-атлански односи.

Во рамките на посетата на Вашингтон, предвидено е Арифи да има средби и во американскиот Стејт департмент.

Арифи одговараше на прашања и за изјавата на албанскиот премиер Сали Бериша, како и за коментарите и атмосферата при одбележувањето на 100 годишнината од формирањето на независна Албанија.

- Очекувано е што имаше елементи на емотивност на тој специјален ден. Важно е што на овие прослави во Македонија немаше никакви инциденти, благодарение на тоа што државните институции функционираа како што треба и благодарение на тоа што граѓаните сакаа да слават, а не да провоцираат никого. Што се однесува до говорите, би сакала да го цитирам претседателот на мојата партија Али Ахмети кој, во рамките на една многу еуфорична прослава, зборуваше за македонско-албанската потреба за соработка, како и за македонската поддршка на разните активности на Албанците во минатото. Ахмети говореше за фактот дека мораме да работиме заедно, за заедничка иднина, рече Арифи.

Ова е линија, додаде таа, која ние како Албанци во Македонија, сакаме да ја следиме, и јас сум многу горда како потпретседател на Владата на мојата држава, што во последниот извештај на Европската Комисија беше вратена придавката македонски, бидејќи мислам дека тоа е нешто исправно и заслужено за сите граѓани.

- Мислам дека работата на поддршката на идентитетот на моите сограѓани, особено како луѓе кои и самите работеле многу во својата историја да го зачуваме својот идентитет, е нешто што ни служи на чест. Сега прашањето е како од нашите еуфории да дојдеме до рационални дискусии, за вистинските предизвици за регионот, како што се интеграцијата, економскиот развој, културата и образованието, рече вицепремиерката Арифи, која е во посета на САД. (МИА)


Статијата е прочитана 700 пати.


Испрати коментар



Сараќини - Граѓаните порационално да ја користат енергијата
Лекарите се собраа на протест пред Владата
СДСМ - Коалициските партнери се најодговорни за меѓуетничките односи
ССМ бара одблокирање на работата на Комисијата за труд и социјала
Врачени државните награди „Св. Климент Охридски“
Лекари од Клинички - Штрајкот да прекине, пациентите имаат приоритет
Делавекурас - Нема преговори без да се реши прашањето за името
Македонија ќе почне со организирање на Интернет лотарија
Поповски - Мерките за самовработување даваат резултати
Честитка од претседателот Иванов по повод празникот Св. Климент Охридски
Арифи - САД се надеваат на позитивни заклучоци од Брисел
ЕУ-амбасадорите без договор, одлуката за Македонија во вторник
Честитка од премиерот Груевски по повод празникот Св. Климент
Свечена академија за празникот Св. Климент Охридски
Нова постпејд-понуда „вип екстра“ за 599 денари
Смирувачка средба пред европскиот самит
СДСМ - Ќе направиме се' за да се спречат непродуктивните задолжувања
Макрадули - Барањата на „Аман“ против самоволието на Регулаторна
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во клинч поради пензионерите
Нови тарифи на „Оне“ со 5.000 и 10.000 бесплатни минути
Почнува проект во НБМ финансиран од ЕУ
Јавната администрација најподложна на корупција
Расте извозот на преработки од овошје и зеленчук
Ставрески - „Јужен тек“ ќе ни обезбеди стабилно снабдување со гас
Попладнево амбасадорите на ЕУ ќе расправаат за Македонија
Владата ќе им го решава станбеното прашање на 1.200 семејства
Украинската Влада измамена од лажен инвеститор
Грција не е подготвена на компромис за името
Момчето што дивееше низ Хи��одром доби 15 години затвор
Сеул бара Северна Кореја ги врати долговите
Меѓународен тим ќе го истражува падот на „кингерот“
Бопа зеде 540 жртви на Филипини
Почнува изградбата на „Јужен тек“
Египет на нозе, Морси бара национален дијалог
Брахими преку Москва и Вашингтон ќе го отплеткува Сирискиот јазол
Грција стави рампа за „македонски“
Нов командир на чело на битолската полиција
НБРМ не гледа потреба од промена на фиксниот курс на денарот
(ФOTO) Бесими ја прими донацијата за АРМ од Турција
Се поставува новогодишната елка
(ФОТО) Чинарот ја губи битката со времето
Вељаноски ќе ги спасува пензионерите од бранителите
Тачи ќе се повлече пред Харадинај
Вилфред Мартенс згрозен од повикот за „бугарска пролет“
Попоски побара од Клинтон и европските колеги поддршка за ЕУ и НАТО
Пораснал бројот на патници на „Александар Велики“
Македонија заглави во Брисел
„е-Бонтон“ за културна комуникација на интернет
Филе - ЕУ нема магично решение за спорот за името
Лажните баратели на азил нема да заминат преку граница
Ристовски апелира да заседава Комисијата за труд и социјала
МВР ќе ја истражува поврзаноста на Шукри Алија со „Монструм“
Заплени 152 килограми марихуана на патот Струга- Мислешево
Нов педофилски скандал го тресе Би-Би-Си
Пјонгјанг со 100 милиони долари го јакнел култот кон Ким Џонг-ил
Србија ја намалува соработката со Хаг
Седмооделенки се затруле со дијазепам
Седуммина повредени во сообраќајка на Паризанска
(ФОТО) Пеколно утро во Усје, татко и син настрадаа во пожар
Состанокот на ЕУ-амбасадорите прекинат на точката за Македонија
Уапсен командирот на Езерската полиција во Охрид
Обама пак највлијателен во светот
Македонската група во Конгресот со нов член
(ФОТО) Морси под опсада
Плевнелиев - Бугарската поддршка не е безусловна
Големи смени во битолската полиција
Фатен „мозокот“ за убиствата кај Смилковци
Грција ја отфрли препораката на Филе
Иванов - Меѓусоседските односи секогаш можат да бидат уште подобри
Конзервативецот Вели Маурер избран за претседател на Швајцарија
Со „Макс ТВ“ бесплатен филмскиот канал ХБО
ЕУ-амбасадорите вечерва ќе разговараат за Македонија
СДСМ и пиша на Светска банка за најновото задолжување на државата
Македонија останува во Авганистан и по 2014 година
СДСМ - Изборот на Неделкова атака врз независното судство
Пченката што ја јадеме не е токсична
Штрајк „да“, но по правила
Македонија помалку корумпирана од Грција и Бугарија
Новите мерки на НБМ ќе важат од 1 јануари 2013
Пронајдена нова масовна гробница во БиХ
На Балканот цигарите се најскапи во Хрватска, а најевтини во Србија
Уредничката на „Вог“ кандидат за амбасадор на САД во Европа
Двајца повредени при местење новогодишни светилки на „Партизанска“
Инцидентите се неприфатливи, сторителите да се санкционираат
Ѓукановиќ - Не сум крал Никола
Почина патријархот на Антиохиската православна црква Игнатиј Четврти
Укината забраната за тешки товарни возила на Стража
Дачиќ и Тачи постигнаа согласност околу граничните премини
(ФОТО) Најмалку 230 жртви ��д тајфунот Бофа на Филипините
Се самоуби амбасадорот на Србија во НАТО
Попоски на состанок во седиштето на НАТО во Брисел
Харадинај се подготвува за премиерската фотеља
Бериша - Aлбанско државјанство за сите Албанци во светот
Забранa за товарни возила на правците Кичево-Гостивар и Маврово-Дебар



pile, 07.12.2012 11:36:44
Znaci ocekuvame resenie ,,nitu riba nitu devojka,ili veke Vladata na Gruevski i Ahmeti misli deka uspeala da ja Makedonizira i Evropskata Unija.Posakuvanoto takvo resenie slicno na Visokiot dijalog pomegju EU i R.Makedonija, ili so zborovite na G-din File ,,ovaa e dijalog megju mene i Vas,obrakajki se na Premierot na R.Makedonija,,za da se svede na tapsanje po ramo na Vladata od strana ,,ovaa e najpozitiven izvestaj,e samo prodolzjuvanje na golgotata na Makedonskite gragjani i definitivno ambisot e na dofat za Drzjavata.Edinstveno kreativno resenie treba da dojde od Gruevski da si podnese OSTAVKA, a poedini celnici na EU da trgnat po modelot, a vo R.Makedonija da se formira Vlada na nacionalno edinstvo-odgovornost so premier nadpartiska licnost so kredibilitet i iskustvo,a ima takvi SINOVI I KERKI Republika Makedonija.DOSTA IM BESE
slavka, 07.12.2012 11:37:50
prazna slama,klati vrata zemaj plata.
и,каква ли сега линија?, 07.12.2012 18:55:26
И експертската влада тешко би сторила нешто.И таа долго би правела prazna slama,klati vrata zemaj plata.Тешко би добила зелено светло од уличната врева,за да биде верифицирана,обзнаена.Таа,уличната врева,досега загушена е од звукот на позициските,опозициските,невладините и другите громогласни барабани,и шастисана лево десно клатејќи глава се опретворила во нивно ехо.Во една таква ситуација нема друга перцепција одсем resenie ,,nitu riba nitu devojka.И сега како да си го откинеме делот и станеме ја риба ја девојка.Вака,тапкањето по рамења,сеуште ќе си го толкуваме како ишарет за правиот пат.А колку ли различни ишарети крие во себе.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Ситен дожд

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 4°C, Мин: 0°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (22)
Вознемиреноста на Стане Доланц. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Од боемска феминистка до буржујка
„Припадничките на мојата генерација не треба повеќе да бидат феминистки“, заклучила Бруни-Саркози и на себе го привлекла...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |