07.12.2012, 15:32 Почнува проект во НБМ финансиран од ЕУ
Во партнерство со националните централни банки на евросистемот, Европската централна банка почна со спроведувањето на проектот „Анализа на потребите на НБРМ“ во соработка со централната банка на Македонија. Инаугуративниот состанок се одржа денеска, а го предводеше гувернерот Димитар Богов. Со „Деветмесечниот проект за анализа на потребите“, кој е финансиран од ИПА инструментот на ЕУ, ќе бидат утврдени областите во кои НБМ би можела да оствари напредок во текот на наредните години во поглед на постигнување на стандардите за централните банки во ЕУ. Резултатот од проектот ќе овозможи на НБМ да ја оформи својата идна стратегија за приклучување кон Европскиот систем на централни банки, а потоа и кон евросистемот, по пат на ревидирање на законската рамка, усвојување и спроведување нови политики и практики или обука на кадарот. (Ек.Р.) |