06.12.2012, 16:22 Нов командир на чело на битолската полиција
БИТОЛА - Досегашниот прв човек на битолската полиција, Бранко Ристевски, заминува во пензија, а на негово место завчера со одлука на Директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски, е наименуван Методија Атанасовски, прв човек на УБК во Ресен. Командирот на Полициската станица од општа надлежност во Битола даде оставка, а со одлука на раководството на МВР, се пополнуваат неколку испразнети раководни функции со нови кадри. Како што дознаваме, целта на промените е да се подобри ефикасноста во работата на СВР-Битола.
Командир на ПС од општа надлежност во Битола беше Сашо Митевски. Кои се причините за неговото заминување - засега не се откриваат. Испразнетото место во Крим-полицијата го пополнува Бале Крстевски, на НТШ - Сашо Георгиевски, а началник за организиран криминал ќе биде Сашо Мамузиќ. Од полицијата велат дека освен за началничката функција на СВР-Битола и на Крим-полицијата, сите други се привремено назначени и за нив ќе биде објавен конкурс. (Х.Р.)
|