06.12.2012, 21:06 Металург убедлив против Борац
Македонскиот ракометен шампион во 11. коло на СЕХА лигата славеше 30:20 на гостувањето во Бања Лука
Македонскиот ракометен шампион Металург убедливо со 30:20 вечерва на гостувањето во Бања Лука го совлада Борац. Ова беше натпревар од 11.коло во регионалната СЕХА лига.
Најефикасен во победничката екипа беше Златко Мојсоски со 6 голови, неговиот брат Наумче Мојсовски постигна 5, а Дамир Батиновиќ даде 4 гола. Кај домаќините најефикасни беа Стефан Јанковиќ и Дамир Делиќ со по 5 погодоци.
Со оваа победа Металург се искачи на 3.место на табелата со 21 бод од 10 одиграни натпревари. Металурзите следниот дуел од СЕХА лигата ќе го одиграат веќе в сабота на гости против Нексе, а на 12 декември имаат уште едно гостување против Мешков Брест.
Табела: Загреб КО 22 бода (11 натпревари), Нексе 22 (11), Металург 21 (10), Вардар Про 20 (10), Татран Прешов 18 (10), Ловќен 17 (10), Мешков Брест 16 (9), Извиѓач 9 (11), Борац 7 (10) и Слога 0 (11). зс/21:00
|