Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
06.12.2012, 20:32

(ФОТО) Ракометарките немоќни и со Шведска



Пораз од 26:15 во второто коло на ЕП и покрај солидното прво полувреме, изгубено ао 11:8 дури во финишот

Од нашиот известувач
РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ

ФОТО: Денис Дуковски

НИШ - И покрај подобрата игра отколку на стартот на шампионатот, посебно во рпвото полувреме, женската ракометна репрезентација на Македонија забележа нов убедлив пораз на јубилејното 10. Европско првенство во Србија. Избраничките на селекторот Гино Стрезовски изгубија од Шведска со 26:15 во второто коло од групата Б во Ниш и останаа заковани на дното на табелата без бодови и со гол-разлика од -24. Сепак, шансите за пласман во втората фаза во Белград не се целосно загубени, бидејќи победа над Данска во последното коло в сабота од 20,15 ч. би можела да им го продолжи престојот во Србија на најдобр��те македонски ракометарки.

Неспоредливо подобро изгледаше играта на македонската репрезентација во првото полувреме во споредба со целиот стартен дуел со Франција. Навистина, и овој пат црвено-жолтите со серија технички грешки му дозволија на противникот рано да создаде значителна предност и да поведе со 7:2 во 11. минута, но овој пат Македонките не паднаа со духот. Продолжија борбено во одбраната, во својот стоти меч во националниот дрес се разбрани Тања Андреева и по седум минути Македонија намали на 7:5, а со голот на Робертина Мечевска од полуконтранапад во 27. минута се доближи на само еден гол негатива (8:9). Шведскиот селектор Торбјерн Клингвал беше принуден да побара тајм-аут, по кој Џесика Хелеберг и Џејмина Робертс ги одведоа "трите круни" на паузата со водство од 11:8, благодарение и на исклучувањето на две минути на Билјана Црвенкоска.

Македонките добро се носеа со европскиот вицешампион и во почетокот на вториот дел, кога одржуваа резултатски приклучок до 14:17 во 42. минута, но не најдоа лек во одбраната за левиот бек Линеа Торстенсон. Најдобриот играч на претходното ЕП 2010 во Норвешка и Данска постигна шест од првите седум гола на Шведска во вториот дел и, практично, сама ги откажа противничките ракометарки и од помислата за пресврт. Серијата од 5:0 за шест минути во средината од вториот период за зголемување на шведското водство на 22:14 дополнително ги деморализира македонските ракометарки. Тие постигнаа само еден гол во последните 18 минути и целосно го расипаа добриот впечаток што го оставија во првиот дел.



Македонија - Шведска 15:26

Полувреме: 8:11. Сала: СЦ "Чаир" во Ниш. Гледачи: 500. Судии: Столаровс и Личис од Летонија. Седмерци: Македонија 3/5, Шведска 3/3. Исклучувања: Македонија 4 мин., Шведска 2 мин. Загубени топки: Македонија 15, Шведска 17.

Македонија: Андреева 0/1 (10 одбрани), Наумоска, Мечевска 2/2, Саздовски 3/8, Мркиќ 0/1, Гроздановска, Младеновска, Ѓорѓиевска 0/1, Бајрамоска 4/13, Николиќ 1/8, Црвенкоска 3/7 (3/4), Пецевска 0/2, Папуџиева 2/5, Десподовска, Штериова 0/3, Митрова. Селектор: Гино Стрезовски.

Шведска: Олсон, Грубстрем (15+2 одбрани), Огрен 4/6, Флогнман, Фогелстрем 1/1, Блом 1/1, Робертс 2/4, Санд 1/1, Хавија-Свенсон 0/1, Вестберг 1/4, Алм, Торстенсон 8/12, Гулден 7/11 (3/3), Хелеберг 1/3, Вален, Јакобсен. Селектор: Торбјерн Клингвал.



СТРЕЗОВСКИ: ВИСТИНСКА СЛИКА

Гино Стрезовски: "Ова е вистинската слика за македонскиот женски ракомет. Добро се носевме во првото полувреме, за во второто да го покажеме нашето вистинско лице. Нападот воопшто не функционираше, а и одбраната попушти вов ториот дел. Мораме да се погледнеме в лице и да си признаеме дека и самиот пласман на ова ЕП е голем успех за нас".

Тања Андреева: "Покажавме две различни лица. Во првото полувреме одигравме одлична одбрана и затоа и резултатот беше активен. И во вториот дел почнавме на сличен начин, но потоа престанавме да го играме тоа што се договоривме на одморот. Но, се' уште ништо не е загубено - Данска останува нашата шанса за пласман во вториот круг".

Томас Сивертсон (помошник на селекторот на Шведска): "Задоволен сум од играта и од победата, бидејќи многу го респектиравме македонскиот тим. Игравме одлична одбрана во текот на сите 60 минути, нашата голманка бранеше одлично, но противнападот ни беше проблем во првиот дел".

Сесилија Грубстрем: "Второто полувреме беше нашето најдобро одиграно на ова првенство. Среќни сме поради победата, бидејќи имавме голем респект кон противникот".











Статијата е прочитана 1000 пати.


Испрати коментар



Металург и Вардар на делба на 2. место во СЕХА лигата
Ракометарките последни во Европа
(ЕП ВЕСТИ) Место „Фаланга“, Карлеуша во „Студио“
Дурент и Вестбрук ги „преслушаа“ Лејкерси
Пандев не го спаси Наполи од пораз
Македонското дерби за Антиќ
Њујорк го доби дербито на Истокот со Мајами
Металург убедлив против Борац
УЕФА - Повеќе европски земји домаќини на ЕУРО 2020
Армстронг, засега, ќе го задржи медалот
Јаневски - Полска ќе биде добар тест за нас
Коби влезе во историјата
Повредата на Меси не е сериозна
Јувентус го елиминираше европскиот првак
(ФОТО) Вардар Про подобар од Загреб во СЕХА лигата
Пандев почна да тренира со топка
Челзи се моли за пораз на Јувентус
Во Куманово падна и шампионот Галил Гилбора
Ранетиот Вардар про го пречекува Загреб
(ФОТО) Мини-фалангата го обели образот
Пораз на Мајами и покрај „трипл даблот“ на Џејмс
Сити се прости од Европа
(ФОТО) Ракометарките декласирани од Франција
Љубовта на Бекамови преовладуваше во збогувањето со Галакси
Јаневски ги објави имињата за Анталија
(ФОТО) Вардар есенски шампион
РФМ го опреми „Студио“
Ниш ни бледа сенка од јануари
Грифин ги покори „џезерите“
Француски клуч за „невозможната мисија“
Папуџиева ја пропушта Франција
Македонски фанови ни за лек во Ниш
ПСЖ мора да го победи Порто
Вон пишува историја на снегот во Лејк Луис
Ставрев на Лил - Валенсија
Игокеа го декласираше Партизан!
„Магичните“ мотивирани против Хауард и Лејкерси
Нишкиот аутсајдер го мерка Белград
Вардар про го испушти Магдебург
Поплавата во Боговиње му ги расипа плановите на Вардар
Приведени навивачи на ФК „Ѓорче Петров“
Сите задоволни од ремито во Минхен
Челзи и понатаму очаен!
Бруклин му се поклони на шампионот
(ФОТО) Најубедлив лет на „штрковите“
Уште една победа за Новески со Мајнц во Бундес лигата
(ФОТО) Металург се измачи за осминафиналето
Монтепаски Сиена влезе во фазата топ-16
Преку Шамбери до осминафинале
МЗТ против Шолнок за премин во позитива
Нови порази за Самарџиски и Илиевски
Промоција на Марковски во Скаволини
Резервистите на Спарси го намачија Мајами
Докузовски и Стојановски со порази
Шамбери ќе плати за Кјељце
Вујовиќ има рецепт за Магдебург
Иванов им посака успех на ракометарките на ЕП во Србија
Заре Марковски на клупата на Скаволини
Бензема во јануари на „Стемфорд бриџ“?
Челзи никако да даде гол
Вилја надмина 300 гола во кариерата
Вашингтон ја прекина црната серија
Црвенкоска нов играч на ЖРК Вардар СЦБТ
Во МЗТ нема место за џинови
Лига на шампиони со 64 клуба во 2015 година?
Џорџ Хил го засени Коби
Гол на Новески за Мајнц во Франкфурт
Вардар против Шкендија во полуфиналето на Купот
Металург му наплати на Татран
Пандев се враќа за дербито со Интер
Капело ќе се пензионира во 2014 година
Никси владеат во Њујорк
Најтешка титула за Фетел, најдобра сезона за Алонсо
Од Бразил одрекуваат за Гвардиола
Маскотата за СП Бразил 2014 се вика Фулеко
(ВИДЕО) Милан конечно ја доби „Старата дама“
Барса со плус 11 пред Реал, Меси на минус три од Милер
Бајрамоска прв стрелец на „Турчин куп“
Илиевски и Цедевита паднаа во „Пионир“
Илиевски и Цедевита паднаа во „Пионир“
Болт и Феликс најдобри во 2012 година
Паркер ги предводеше Спарси во Торонто
(ФОТО) Фетел третпат светски шампион во Ф1
Вардар го преживеа Турново
„Штрковите“ го прелетаа и Задар
Металург пак го честеше Кјељце



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Ситен дожд

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 4°C, Мин: 0°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (22)
Вознемиреноста на Стане Доланц. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Од боемска феминистка до буржујка
„Припадничките на мојата генерација не треба повеќе да бидат феминистки“, заклучила Бруни-Саркози и на себе го привлекла...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |