06.12.2012, 20:27 УЕФА: Повеќе европски земји домаќини на ЕУРО 2020
Предлогот, поднесен од претседателот на УЕФА. Мишел Платини, го поддржаа сите делегати, освен претставникот на Турција
Европското фудбалско првенство 2020 година ќе биде одржано во повеќе земји, одлучи денеска Европската фудбалска унија (УЕФА), јави ДПА.
Извршниот комитет на УЕФА соопшти дека натпреварите од Еуро 2020 за осум години ќе бидат одржани во повеќе различни поголеми градови низ Европа.
Предлогот, поднесен од претседателот на УЕФА. Мишел Платини, го поддржаа сите делегати, освен претставникот на Турција. Турција беше кандидат за организирање на ЕП 2020 година.
Комитетит за натпревари на УЕФА се очекува да ги разработи останатите детали во следните неколку месеци.
Платини за првпат овој план го претстави за време на ЕП во Полска и Украина.
Се уште не е познато колку земји ќе бидат домаќини на Еуро 2020, но досега предложени се 13 земји. Финалната одлука УЕФА се очекува да ја донесе во март 2013 година.
|