06.12.2012, 14:55 Повредата на Меси не е сериозна
Најдобриот фудбалер на Каталноците со носилка беше изнесен од „Ноу Камп“ во финишот на мечот против Бенфика, кој заврши 0:0
Пласманот на Барселона во осминафиналето во Лига на шампиони, кој шпанскиот тим го обезбеди многу порано во моментов е во втор план откако во последното коло се повреди Лионел Меси. Најдобриот фудбалер на Каталноците со носилка беше изнесен од „Ноу Камп“ во финишот на мечот против Бенфика, кој заврши 0:0.
Иако шпанските медиуми објавија дека станува збор за тешка повреда на коленото поточно за скинати лигаменти, што аргентинскиот фудбалер ќе го оддалечеше шест месеци од терените, сепак, лекарскиот тим на Барса ги демантираше ваквите информации. Магнетната резонанција покажала дека Меси се здобил само со модринка на коленото.
„Првичните прегледи покажаа дека не станува збор за кинење на лигаментите, туку за истегнување и тоа не големо, така што враќањето на Лео може да се очекува во најскоро време“, изјави тренерот на Барселона, Тито Виланова, кој најави доколку дополнителните прегледи бидат позитивни, Меси би можел да настапи против Бетис в недела.
Обидот да го урне рекордот на Герд Милер најдобриот фудбалер на Барса, Меси, го чинеше повреда на дуелот против Бенфика. Аргентинецот ќе има уште четири шанси да го мине рекордот, двете средби од Копа дел реј, како и двата дуели во Премиера против Атлетико Мадрид и Валјадолид.
|