03.12.2012, 13:23 Вон пишува историја на снегот во Лејк Луис
Американката демонстрира несекојдневни способности и на супер велеслаломот во Лејк Луис прославувајќи ја третата победа викендов во третиот настан во канадскиот скијачки центар
Линдзи Вон продолжи да си поигрува со конкурентките, но и со историските достигнувања во алпското скијање. Американката демонстрира несекојдневни способности и на супер велеслаломот во Лејк Луис прославувајќи ја третата победа викендов во третиот настан во канадскиот скијачки центар. Вон патеката ја „прелета“ за 1:22.82 што беше повеќе од доволно за нејзиниот 56 триумф во Светскиот куп. Со ова остварување ја мина легендарната Швајцарка Шнајдер и се качи на второто место на вечната листа, само зад Анмари Мозер-Прел која води со рекордни 62.
„Немав баш совршена трка, но добив солидно заврзување од стартот и тоа ми помогна. Очигледно имам предност во овие брзински дисциплини и затоа ќе гледам да победам на што можам повеќе“, истакна Американката која 100. пат во кариерата се качи на подиумот. Иако минатиот месец беше хоспитализирана поради тешки стомачни болки, Вон има остварување од три победи, од пет натпреварувања. На последново во радоста и се приклучи и Џулија Манкузо за еден-два победа на САД. Манкузо заостана 43 стотинки, а со дополнутелни две стотинки полошо време третото место го освои Австријката Ана Фенингер.
|