02.12.2012, 15:44 Приведени навивачи на ФК „Ѓорче Петров“
Десетина навивачи на скопскиот фудбалски клуб „Ѓорче Петров“ поради нарушување на јавниот ред и мир завчера попладне биле приведени од полицијата. Инцидентот кој го предизвикале навивачите се случил нешто по 15 часот, односно по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Скопје“ и ФК „Македонија“. Имено, по завршување на мечот кој се одигра во населбата Автокоманда, навивачите на гостинската екипа, со автобус на ЈСП „Скопје“ се упатиле кон населбата Ѓорче Петров. Во 15,15 часот на булеварот „Крсте Мисирков“, поточно кај Бит-пазар навивачите од автобусот почнале да фрлаат пластични чаши и шишиња со што предизвикале револт кај минувачите. Од фрлањето на шишиња било оштетено едно патничко возило, а бил повреден и еден полициски работник. (Љ.С.) |