04.12.2012, 15:36 (ФОТО) Вардар есенски шампион
Со голот на Борче Маневски во 87. минута, црвено-црните денеска ја победија Дрита со минимални 1:0 во заостанатиот меч од 17. коло во Првата лига
ФОТО: Петр Стојановски
Со голот на Борче Маневски во 87. минута, фудбалерите на Вардар денеска ја победија Дрита со минимални 1:0 во заостанатиот меч од 17. коло во Првата лига и ќе презимат како лидери на табелата.
Натпреварот се одигра во Тетово поради тоа што теренот во Боговиње не ги исполнуваше критериумите за игра, па така Дрита бараше резервна варијанта и се одлучи да биде домаќин во градот под Шара. Актуелниот првак со многу тешкотии стигна до победата со која „црвено-црните“ направија предност од три бода во однос на Хоризонт и со сигурност ќе останат лидери до пролетните фудбалски возбудувања, иако викендов се игра последното есенско коло во кое Вардар е домаќин на Силекс.
Шампионот денеска трите бода ги завери со гол во самиот финиш, иако во текот на целиот меч ја имаше иницијативата и шансите. Дрита играше на бод, но не успеа да се спаси. Маневски погоди во вистинско време, а во 64. минута Јован Костовски не погоди од идеална шанса за гол. (М.К.)
ТАБЕЛА
1. Вардар 17 10 5 2 31:9 35 2. Хоризонт 17 8 8 1 21:12 32 3. Напредок 17 9 3 5 21:16 30 4. Металург 17 9 3 5 20:14 30 5. Шкендија 17 8 5 4 30:21 29 6. Брегалница 17 8 2 7 19:14 24 7. Дрита 17 6 5 7 18:23 23 8. Ренова 17 6 2 9 16:26 20 9. Работнички 17 5 3 9 21:28 18 10. Пелистер 17 5 3 9 15:21 18 11. Силекс 17 4 3 10 14:24 15 12. Тетекс 17 2 3 12 9:27 9
Идно коло (9 декември, 13 ч.): Напредок - Металург, Работнички - Брегалница, Ренова - Пелистер, Тетекс - Шкендија, Турново - Дрита, Вардар - Силкес.
|