27.11.2012, 14:09 Никси владеат во Њујорк
Градското дерби во „Големото јаболко“ отиде на сметка на тимот на Бруклин откако во продолжението славеше со 96:89
Првото градско дерби во „Големото јаболко“ му припадна на Бруклин, на домашен терен го порази Њујорк со 96:89 откако двата тима приредија драматична кошаркарска претстава, чиј крај беше познат по продолжението.
„Секој пат кога некој од играчите на Никси се обидуваше да прослави поен, нашите фанови веднаш стануваа многу погласни. Токму за ваква поддршка сонував. Мило ми е што успеавме да ги наградиме нашите навивачи со победа“, изјави по натпреварот тренерот на Нетси, Ејвори Џонсон.
Откако во регуларниот дел мечот заврши 84:84, продолжението први го отворија Никси, по што домашниот состав веднаш врати со серија од 8-0 која заедно со одличната атмосфера беше доволна за триумф во градското дерби.
„Ова беше голем меч за сите нас. Атмосферата беше одлична, навистина ова беше возбудлив натпревар во кој за разлика од минатогодишните пресметки со Њујорк навивачите овој пат постојано не' поддржуваа“, вели Дерон Вилијамс.
Брук Лопез со 22 поени беше прв стрелец кај Никси, одлична игра прикажаа Дерон Вилијамс и Волис двајцата реализираа по 16 поени.
На другата страна Кармело Ентони против својот роден Бруклин постигна 35 поени, додека Тајсон Чендлер застана на 28 поени (12/13 од поле).
Оклахома Сити ја оствари најубедливата победа, откако убедливо го порази Шарлот со 114:69.
По триумфот во Канада тимот на Сан Антонио го продолжи победничкиот поход. Овој пат на домашен терен го совлада составот на Вашингтон со убедливи 118:92.
Резултати: Бруклин - Њујорк 96:89 (прод), Сан Антонио - Вашингтон 118:92, Детроит - Портланд 108:101, Милвоки - Чикаго 93:92, Мемфис - Кливленд 84:78, Оклахома Сити - Шарлот 114:69, Јута - Денвер 105:103, Њу Орлеанс - Лос Анџелес Клиперс 105:98. |