30.11.2012, 13:02 Резервистите на Спарси го намачија Мајами
И покрај тоа што Сан Антонио во Флорида допатува без Данкан, Паркер, Џинобили и Грин, актуелниот шампион благодарние на тројката на Ален едвај славеше со 105:100.
Екипата на Сан Антонио Спарс во двобојот против бранителот на круната влезе без стандардни кошаркари. Имено по дуелот со Орландо стратегот на „мамузите“ Грег Попович одлучи да ги одмори трите најголеми ѕвезди, Тим Данкан, Ману Џинобили и Тони Паркер, како и стартерот Грин. Сепак ова не беше доволна причина за да резервистите да пружат исклучително тежок отпор и да го положат оружјето во самиот финиш и да загубат со минимални 150:100.
Сосема неочекуваната одлука на Попович да ги одмори клучните играчи ќе подложи на санкции. По мечот комесарот за натпреварување во НБА лигата Дејвид Штерн најави казна за искусниот стратег, кој мечот во Мајами го започна со Дијао, Бонер, Сплитер, Де Коло и Милс. По ова очекувањата беа дека избраниците на Ерик Споелстра лесно ќе се снајдат со десеткуваниот противник, но воопшто не беше така.
Отпорот на гостите Мајами го скршија дури на две минути пред крајот откако направија серија од 7-0.
Клучна за победата на актуелниот шампион беше тројката на Реј Ален на 22 секунди пред истекот на регуларниот дел.
„Ова беше тежок пораз за нас. Не можам да бидам посреќен од ова бидејќи момците одиграа одличен меч. Имавме шанса да го добиеме мечот, но да се победи во НБА лигата е многу тешко, мислам дека одигравме добро, но не и одлично“, изјави по мечот тренерот на Сан Антонио Грег Попович.
Леброн Џејмс со 23 поени беше најефикасен во редовите на победничкиот табор, човекот од одлука Ален постигна 20 поени со одлични 5/5 од линијата за три поени. Добро одиграа уште Крис Бош со 18 поени и 12 скока и Двен Вејд со 15 поени.
На другата страна Гери Нил средбата ја заврши со 20 поени и седум асистенции, а Сплитер застана на 18 поени и девет украдени топки. За одбележување е и играта на рукито Нандо де Коло, постигна 15 поени, шест скока и пет асистенции.
Во вториот натпревар Голден Стејт минимално го совлада Денвер со 106:105 и дојде до деветата победа сезонава. Дејвид Ли го предводеше домашниот состав со 31 поени, девет скока и шест асистенции.
На другата страна трагичарот на мечот Андре Игуадала беше најефикасен во редовите на Денвер со 22 поени. На три секунди до крајот некогашниот ас на Филаделфија доби поклон три слободни фрлања, но откако ги реализираше првите две го промаши последното.
Вечерва играат: Торонто – Феникс, Шарлот – Филаделфија, Орландо – Бруклин, Бостон - Портланд, Њујорк – Вашингтон, Атланта – Кливленд, Мемфис – Детроит, Оклахома Сити – Јута, Минесота – Милвоки, Сакраменто – Индијана и Лос Анџелес Лејкерс – Денвер.
ИСТОК: Мајами 11-3 (победи-порази), Бруклин 10-4, Њујорк 10-4, Атланта 9-4, Филаделфија 9-6 итн.
ЗАПАД: Мемфис 11-2 (победи-порази), Сан Антонио 13-4, Оклахома Сити 12-4, ЛА Клиперс 9-6, Голден Стејт 9-6 итн.
|