Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
01.12.2012, 19:15

(ФОТО) Лекарите со бел марш побараа оставка од Тодоров



ФОТО: Киро Попов

Доктори специјалисти и други здравствени работници од речиси сите градови во Македонија денес учествуваа на протестниот Бел марш против моделот на плаќање по учинок што го предлага Министерството за здравство.

Докторите маршираа од хелиодромот во скопскиот Клинички центар до зградата на Министерството за здравство каде ги повторија своите барања министерот Никола Тодоров да престане да ги игнорира и да отпочне социјален дијалог со низ, за како што рекоа, за да не трпат ни тие, ни пациентите, ниту целото здравство.



Пред Министерството се обратија претставници на синдикатите на докторите од неколку градови, а штрајкувачите добија поддршка и од 14 граѓански здруженија на пациенти чие заедничко писмо беше прочитано на крајот од белиот марш.

- Министерот Тодоров да престане со заканите и со омаловажувањето на докторскиот интелект. Слободно нека казнува и нека нее' брка од работа, но за секој негов потег ќе следуваат тужби, бидејќи нашиот штрајк е легитимен како што е легитимен и нашиот синдикат - му порачаа докторите на Тодоров.

Револтирани од последните изјави на министерот Никола Тодоров дека за непочитување на докторските кодекси и Хипократовата заклетва ќе има казни, докторите на денешниот протест пред Министерството за здравство спонтано скандираа „Оставка“ и го повикуваа премиерот Никола Груевски да го смени Тодоров од позицијата, иако тоа не е и официјален став на Самостојниот синдикат на Клиничките центри и на синдикатите кои му се придруѓија во 20-дневниот штрајк.

Во меѓувреме, Министерството за здравство повика граѓаните кои имале потреба од здравствена заштита во здравствените установи низ земјава, но не им била укажана поради одржување на штрајкот, тоа да го пријават директно во Министерството.

СДСМ негира вклученост во штрајкот на лекарите

Опозициската СДСМ негира дека на кој било начин е инволвирана во штрајкот на лекарите и побара министерот за здравство Никола Тодоров да престане „со закани, манипулации и злоупотреби на државните институции во спречување на нивното право на штрајк.

- Сакаме во целост да ги демантираме, лагите и манипулациите кои ги пласираше Тодоров. СДСМ и опозиција, ниту стои зад, ниту на кој било начин е организатор на штрајкот и револтот на лекарите. Но, притоа потенцираме, дека имаме апсолутно разбирање за нивниот револт, кој најмногу потекнува од однесувањето на министерот Тодоров, рече генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров на прес-конференција.

Според него, министерот за здравство вчера повторно направил „обид да ги исплаши лекарите и да ги натера да се откажат од нивното загарантирано право на штрајк, обвинувајќи ги дека се политичка маша на опозицијата“.

Петров побара министерот Тодоров да ги прифати вистинските претставници на лекарите и да преговара со нив. - Тие имаат логични, а не политички забелешки како што велите вие, наведе Петров.


Статијата е прочитана 3702 пати.


Испрати коментар



АЕК - Најмногу неосновано одбиени приговори од „Близу“
Раскол во ПАСОК
СДСМ - Владата е виновна за ниските странски инвестиции
Ватикан го соопшти „Твитер“ профилот на Папата
(ФОТО) Борците ги одбранија своите простории
Ранет вработен во скопската полиција
Турција упати авиони ловци кон границата со Сирија
Македонски судии и обвинители на обука во Франција
(ФОТО) Четири милиони деца-робови во Бангладеш
Македонски државјанин уапсен со 13 килограми марихуна
Албанците ја канат Дел Понте на суд
Четврти неуспешен обид да се ликвидира Драганчо Стојменов
Груевски ги повика иселениците да ја чуваат традицијата
Цените на бензините и дизелот повисоки за половина денар
Зголемување на субјектите кои ја користат задолжницата
ОМД бара министерство за дијаспора
Поедноставени процедурите за вадење документи на иселениците
Честитка од Иванов до новоизбраниот претседател на Словенија
И Маргарита Папандреу на листата на Лагард
Шестмина повредени во превртен минибус
„Форд“ повлече околу 90.000 автомобили од САД и Канада
(ФОТО) Куполите се издигнаа над Собранието
Трети декември - Меѓународeн ден на лицата со инвалидност
Борут Пахор нов претседател на Словенија
Ограбена спортска обложувалница
Бесими ќе се бори со корупцијата во одбраната
Ставрески - За четири години 1,55 милијарди евра инвестиции
Клуч на врата за „Повардарие“?
Жена прегазена од сопственото возило
Бернд Борхарт - нов шеф на мисијата ЕУЛЕКС
Се укинуваат и намалуваат царини од 2013
Со Фонд за иновации ќе се поддржува бизнис секторот
Промоција на македонски вина во САД
Тетовец изнудил накит вреден 8000 евра
Евроатланската интеграција на Македонија е неопходна за стабилноста на регионот
Ховит - Македонија треба да добие датум за преговори
Словенците избираат претседател
Неколку лица загинаа при уривање на тунел во Јапонија
Талибанците нападнаа база на НАТО
ЕП - На Србија што поскоро да и се даде датум за преговори
До крајот на 2013 вкупно 6.000 работни места во ТИРЗ
Mакедонските бизнис потенцијали презентирани во Лос Анџелес
Соработка со лекари од болницата „Роналд Реган“ во Лос Анџелес
Аврамопулос - Решението за името да ја почитува историјата и културата на двете земји
Дезинфицирана болницата во Кавадарци по смртта на четиригодишното дете
Отворен почесен конзулат на Македонија во Лос Анџелес
Oтворена електронска продавница во Битола
Бесплатно зимување за 1000 деца од социјално загрозени семејства
Бериша - Албанофобијата кружи низ Балканот како сенка
Во „Дрекслермаер“ во Кавадарци вработени 200 лица
Околу 34 милиони луѓе во светот се болни од СИДА
Најмалку 26 лица повредени, а 30 уапсени во протестите во Љубљана
Карпентер - Сонот за голема Албанија се уште е жив
Тодоров ги повика лекарите да лекуваат
(ФОТО) Шверцувани влекачи станаа нови жители на ЗОО
Албанија се пере од скандалот
Арифи очекува добри заклучоци на декемврискиот Самит
Доктори од Македонија на обука во Хјустон
Вранишковски нема да бара помилување од Иванов
За три години држ��вата ќе изгради 1.700 станови
Објавен конкурсот за стипендии за студирање во странство
Од понеделник нагло заладување
Новоименуваните амбасадори на Виетнам и Норвешка кај Иванов
Светска банка одoбри 50 милиони долари за развојни политики
Скопјанец фрлил молотов коктел пред американската амбасада
Амбасадорите на ЕУ-членките в среда ќе расправаат за Македонија
„Виз ер“ со над 15 илјади патници за еден месец
ЕУ само до начелен договор за буџетот за 2013
Вашингтон го гледа Балканот интегриран во ЕУ и НАТО
Шведска ќе ја поддржи Македонија за преговорите
ОН ја призна Палестина како држава-набљудувач
Бугарија и постави три услови на Македонија



kole, 01.12.2012 20:31:16
Ne ostavka na Todorov.......na Gruevski bidejki seto ova e negovo maslo.........kako i kicerajot na Skopje 2014..........
НЕВЕН ГНЕВЕН, 01.12.2012 21:34:27
Лекарите специјалисти штрајкувале. Знаете кои се тие? Оние кои ги нишаат вратите од мене до тебе, кои немаат никаква работа и задолжение, оти се многу ,,СПЕЦИЈАЛИСТИ,, па затоа немаат пациенти. А тоа што имале подршка од граѓански здруженија, жими лактово. А Петров и компанија, ќе си цупкаат во место, ништо не им можат на оваа недоквакана власт. И уште еднаш, нека земат лекарите да подработуваат по нешто, а не да ги гледаат пациентите во рацете што ќе им дадат.
Mapkoc, 01.12.2012 22:08:19
Лекарите се жалат дека министерот ги игнорирал, па зато барале негова оставка. Со тоа тие го честат. Имено, не верувам дека се постапките на г. Тодоров во овој случај автономни. Тоа ќе рече дека тој не е правата адреса, и, за промена, лекарите треба него да го игнорираат, а своето оправдано незадоволство да го насочат кон адреса со реални компетенции.
никола, 01.12.2012 22:19:16
Socijalizmot ve rasipa, ne ste vie krivi. Mislite samo ako gi nosite belite mantili, site da pagjaat vo nesvest. Vasata nadmok e golema zatoa sto kaj vas doagja covek koga e slab i bolen, odtamu vie ste uceni da vi se slusa samo vasiot zbor, bez da vi prigovara drug. Kaj zdrav covek vasiot mantil e bezvreden, ist kako i plaviot, zeleniot ili bilo koj na sluzbenik ili bankar. Zatoa i lesno narodot se brca vo djep i plakja, za pobrzo da se trgne od makata i da ne ve gleda povekje. Ne deka ke zavrsite rabota kako sto treba, zatoa sto od 10 samo eden e sposoben, a toa se samo hirurzite, drugite se poblisku do bajaci.
penzionerka od doma, 01.12.2012 23:53:56
Nema zborivi za ovie kurazni i ponizuvani doktori, osven edno golemo BRAVO SO APLAUZ koi mnogu dolgo bea strpelivi,vozdrzani i podnesuvaa sekakov vid navredi izaplashuvanja! Zaplashuvanjata sekako ke prodolzat so uste pogolema tvrdoglavost od strana na nadleznite koi tolku se ogreshija, sto veke nemaat smelost da ja priznaat greshkata i DA SE POVLECAT kako sto toa go baraat strajkuvacite. Ne e cesno da *trcaat od vrata do vrata*i po nivniot veke izvezban obicaj, da baraat *nezadovolni i ne usluzeni* bolni, preku koi ke gi potsetuvaat doktorite na hipokratovata zakletva.Kako sto ne e cesno ,da gi vporeduvaat platite i dodatocite po *ucinok*, so drugi zemji na EUi kade doktorite nemaat potreba da se zalat na *osnovnata plata*i dodatokot po*ucinok * i kade*precekoruvanje na honorarot e praktikuvan,a pacientot spored svoite moznosti , si go izbira hirurgot ili lekarot.Vo sekoj slucaj, kaj nas, i dozvolenoto moze da e zabraneto, a zabranetoto; ne go vidovme! /ZNAMINJATA/
читател, 02.12.2012 00:00:05
Целосна поддршка на лекарите, од човек кој нема допирна точка со медицината. Ова што го прави министерот Тодоров е дрско, безобразно и навредливо однесување за сите лекари и друг медицински персонал. Безобразлукот да биде уште поголем министе��ството објави телефонски броеви на кои ќе треба да се жалаат пациенти. Наместо министерот да седне да разговара со лекарите уште и безобразно ги заплашува со тоа што по порачани жалби од наводни пациенти ќе почне и судски да ги гони. Каде има вакво дрско, безобразно и нахално однесување од страна на еден министер да се толетира од неговиот претпоставен - премиерот. Да сме држава во која има луѓе со професионален морал одамна ова министерче или ќе си поднесеше оставка или Премиерот ќе го разрешеше. Но ова е Македонија во која секој може да биде министер па и човек кој во животот лебот поштено ни го има добиено ни го има заработено.
lekar, 02.12.2012 01:34:47
Samo taka!! NEMA popustanje!!! Sega ke Ve snimaat, ke Vi se zakanuvaat, mozebi ke napravat nova Metastaza, no nivnite denovi se izbrojani. Sram za onie koi gi glasaa, sega ke moraat vo Sistina, a vlasta ionaka se lekuva vo stranstvo. Rezil za lekarite koi ne go poddrzuvaat strajkot.
wd40, 02.12.2012 07:04:54
Komunjarite se navlezeni vo zdravstvoto na golema vrata....Potrebna a kompletna cistka ka ovie lekari zasto se borat da ja zadrzat korupcijata i status kvo kade ke rabotat po dva saata na den..... Potrebna e kompletna reforma na zdravstveniot sistem kade benefit ke ima PACIENTOT (primer kako e mozno lekar da prima paicenti dva ssata dnevno a posle odi na predavanja so studenti ili si lekar ili edukator).....Jas duri i predlagam otkazi za Stavrici i slicni podbicnuvaci.....
maja, 02.12.2012 09:54:42
preteraa so svoite baranja vo mk,nikade vo evropa lekar nema pravo na strajk,ziveat seuste vo komunizam mislat vredat 5 pati povece od site drugi,sekade na zapad ako nema dovolno pregledi pomala plata ili zatvarat taa ordinacija ili bolnica,kaj se videlo vo evropa lekar da ima 5-10pati pogolema plata od site drugi.
anonimna, 02.12.2012 10:00:00
Epa duri zema doktor hirurg plata 30000 normalno deka vo raka ke go gleda pacientot. Pa operacija e teska, rizicna i odgovorna rabota, moze nikoj da ne se nafati da ja izvede ...zatoa segde vo svet doktorite se najplateni osobeno hirurskite granki....oti imaat najteska i najodgovorna rabota...koja im nosi ogromna odgovornost ama i ogromen ugled...ne moze doktor da nema pari za da si dozvoli osnovni raboti vo zivotot (u ona vreme koga e doma, oti e cesto dezuren!!)
Здравјето нема цена!, 02.12.2012 10:40:44
Како обичен граѓанин и потенционален пациент,безрезервно го подржувам штрајкот на докторите ,кои се деградирани до немај каде.Министерот ТРЕБА да седне и да преговара и да договара со докторите, за сите проблеми и предлози , со примена на искуства од други развиени земји , кои реформи спроведоа многу одамна. Не може вака со инает и покажување сила и надмоќ. Исто како во едно семејство кога еден родител, без да ги слушне проблемите,предлозите и последиците од некој проблем од членовите,да се инаети,и сам да решава.Само заеднички, да се отворат сите опции и сугестии ,и да се дојде до решение. Зарем не се сеќаваме на штрајкот во образование, кога децата седеа дома ДВА МЕСЕЦИ , се до исполнување на барањата?Сега една учителка ,со работно време четири часа и два месеци одмор,има плата колку еден доктор! СРАМОТА !!
Skender Beg, 02.12.2012 10:45:26
кому му е мала платата слободно нека отвори приватна клиника или нека замине во странство. Младите доктори кој крваво плаќаат за диплома и немаат работа бегаат во странство, а овие од комунизмот што беспари завршија сакаат европски плати а на грб на младите што бегаат во Европа. Нека си одат комуњарските паразити, има млади доктори. А држи да се намалат платите на државните административци, ама нив им ги качија поради штрајковите што ги органиѕираше исто така сдсм пред 4 години, сега сакаат истото сценаријо да го применат и во здравството, а после ќе кажат голем е буџетот
lekar, 02.12.2012 12:39:50
Arogancijata na ministerot nema kraj,aku toj saka doktorite da gi stavi vo rudaDALI MISLI NA NARODOT kpj e kolateralna steta na negoviot inaet.Ali dali e tojh glavniot?
verce, 02.12.2012 15:16:29
ne mi e jasno kako moze nekoj da bive ponizen so 40ilj plata?sto da kaze nastavnik so 20ilj ili jas imam zavrseno praven rabotam vo prodavnuica za 8 ilj,zarem e pravilno nekoj so 2-3 saati rabota da zema 40ilj a nie skapuvame od rabota za 8 iljadarki ako e nekoj sto treba da izleze na ulica toa sme nie.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 1°C

Облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 6°C, Мин: -6°C

Вторник
Ведро
Макс: 6°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (17)
Тито под притисок да се повлече – Јованка го спасува.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ФОТО) Четири милиони деца-робови во Бангладеш
Многу од деца помлади од 14 години во Бангладеш поголемиот дел од денот го поминуваат работејќи во многу лоши услов...
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
Ретки фотографии во боја, кои даваат поглед на животот во градот додека се тетерави кон војна...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Е��ономија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |