02.12.2012, 17:25 Мое ќоше
Ново братство и единство
Ерол Ризаов
Партнерството со Али Ахмети ги стишува изја��ите на Сали Бериша
Ете го доживеавме и тоа чудо ВМРО-ДПМНЕ да проповеда некое ново братство и единство. Не со еуфорија како за време на Тито, туку со јасно видлива демагошка обланда. Вознемирени од прославата на празникот на албанското знаме и стогодишнината од државноста на Албанија во Скопје, особено од пораките во говорите на премиерите Сали Бериша и Хашим Тачи вмровските елити се одлучија главно на молчење и нивно цитирање, без посериозна осуда. Нашите патриоти пожестоко им се свртеа на оние што имаат критичен став на начинот на кој е одбележана прославата, отколку на неодмерените говорници кои го злоупотребија гостопримството. Западнати во конфузија поради отсуство на лидерот кој секогаш кога е жешко во коалицијата, или е на род-шоу во Америка или не е дома, ударните партиски сили реагираа прилично шарено. Некои стасаа до таму да даваат храбри оценки дека е антидемократски чин да се нападне прославата на еден значаен празник и дека тоа не е добро за подобрување на меѓуетничките односи. Што би можело да се протолкува како добра лекција за толеранција ако е искрено и ако не е во прашење нешто друго.
Ваквата воздржаност е само од страв да не се изгуби партнерството со Али Ахмети, оти без него отиде власта. Од друга страна, дури и за еден просечен патриот премногу е среде Скопје албански премиери да бидат домаќини и со дигната тупаница да играат асоцијации за голема Албанија. Притоа, и премиерот и претседателот на државата го избеганаа настанот кој веќе стаса и на меѓународната сцена и до Брисел, а предизвикува вознемиреност и во соседството, оти на голема Албанија и' требаат територии од пет држави. Сали Бериша кажа од каде до каде била Албанија, ама тоа не било исто како што Слободан Милошевиќ кажувал до каде е Србија. Неговите духовни толкувачи велат дека не се работи за уште еден небесен народ, туку за божја волја Албанија да биде цела. Световните, пак, преведувачи на Бериша велат дека тој мислел на обединета Албанија кога сите ќе влеземе во ЕУ, па ќе нема веќе граници. Да, ама таа приказна не се кажува со цврсто стисната тупаница и со воинствен повик. Очигледно албанскиот премиер својата кампања за изборите идната година ја почна од Скопје. Како и секој популист, лесно го обзема националпатриотизмот кога автоматски откажува компасот.
Евентуалното присуството на претседателот на државата на Република Македонија, на премиерот,на претседателот на парламентот, на политичари од власта и од опозицијата од сите националности според државниот протокол кога се прават меѓународни свечености на кои говорат странски државници не ќе можеше да биде злоупотребен на овој начин на кој тоа го направија Сали Бериша и Хашим Тачи. Ако и покрај протоколот направја вакви отстапувања, тогаш македонскиот демарш ќе имаше своја посебна тежина и оправданост. Проблемот настана поради тоа што прославата кај нас беше организирана фантомски. Да има, ама да не стои Владата зад неа, да дојдат премиерите на Косово и на Албанија, ама да не бидат поканети од македонскиот премиер како што налагаат основните дипломатски правила, туку да бидат поканети од неговиот заменик Муса Џафери. Тоа воопшто не им пречеше ни на Бериша ни на Тачи да дојдат во Скопје каде што наместо гости, станаа домаќини. Точна е констатацијата на грчките весници дека во Скопје големата славеничка торта Албанците сами ја изедоа.Ако ја сечеше и делеше домаќинот како што е редот, ќе имаше по едно парче за сите.
Човечко и уставно право е Албанците во Македонија како и сите етнички заедници да организираат прослави на својата посебност и култура. Тоа треба да се негува и поддржува. Меѓутоа, исто така, повеќе од законска обврска е притоа да се почитуваат протоколарните стандарди и закони на државата каде што се одржува прославата, На настани каде што присуствува претседателот на државата, премиерот, претседатели и премиери на други држави,точно е предвидено кое знаме и како се истакнува, кои химни се изведуваат и ред други протоклорани и законски норми кои мора да се запазат. Да не зборуваме за етичките принципи и добрите обичаи. За жал, и оваа прилика, која можеше да биде извонредна демонстрација дека Македонија се разликува од сите балкански држави со својата мултиетничност и мултикултурно општество, се претвори во своја спротивност, најмногу поради калкулантскиот популистички однос и на домаќините и на гостите. Неслучајно прославата ја бојкотираа лидерите на албанската опозиција и од Скопје и од Тирана. Испадна дека станува збор повеќе за политичка кампања на албанските партии на власт отколку за сеалбанско одбележување на празникот на знамето и државноста. Што се однесува до нашите патриоти кои повеќе стравуваат да не го изгубат партнерот Али Ахмети отколку од паролите за голема Албанија, овој пат домашните непријатели ги обвинија за албанофобија. Нека го пратат итно тоа обвинување до Брисел, бидејќи и таму се појавиле антиалбанци кои погрешно го разбрале говорот на Бериша.
Се' на се' една мошне убава прилика да се покажат предностите на Македонија над сите соседи, се претвори во фијаско. Секогаш е така кога односите не се искрени и кога популизмот ја диктира политиката. Штета.
Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот
|
Статијата е прочитана 4026 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Poslushajte patrioti, 03.12.2012 00:30:11 | Koga vie ke zapeete i zaigrate i ke gi razviorite makedonskite znaminja, so se kartata na Golema Makedonija, vo sportskata sala vo Solun, kako shto toa go storija albancite vo sred Skopje. I zoshto istite tie albanci toa ne go storija vo Chemerija? A tamu gi imalo navodno preku 1 milion, plus ushte tolku na vremena rabota. A da, grcite ne se za *bratsvo i edinstvo* i boli gi uvo za albanskoto zname i voopshto za albancite i nivnite osecanja, isto kako i za makedoncite i site drugi. I vo pravo se - drzava se! Posle se, ne mi e jasno, dali tie kako visoko zadolzena zemja propadjaat ili nie so niska zadolzenost i ushte poniska pamet? |
| jovan, 03.12.2012 00:35:19 | Kolata veke ja fati udolnicata. Ostanuva samo da cekame i vidime kade i kako ke zastani i so kakvi ostetuvanja. Za se drugo e veke kasno. Prekasno. Patriotite si ja ispolnija celta. Ja prodadoa drzavata. Ostanuva samo uste da go doopljackaat narodot, ili ona sto ostana od narodot. |
| Mirko, 03.12.2012 08:12:29 | Zalno i ponizuvacki do koska! Dokaz, zosto nemavme drzava dolgo vreme i dali zasluzuvame da e imame. |
| Револт, 03.12.2012 08:20:23 | Јоване, потполно се сложувам и со тебе и со ’’Послушајте патриоти’’, патриотите ја уништија државава, жалосно ќе биде ако на следните избори пак дојдат на власт, ние како народ сами ќе се понижиме... единствено ако не ја употребат повторно нивната ’’демократија’’ на закани и заплашувања... а, ќе го направат тоа, за тоа се и на власт, за жал. Гледам, и Утрински станал патриотско гласило, тешко нас, би било смашно, да не е трагично. Не е толку проклето ова парче земја, колку што се изродите што ја газат... |
| ФЕЛИКС, 03.12.2012 08:33:23 | Повторно како и во минатиот сличен текст со ,,побегуљска,,конотација ,авторот опсервирачки се самодемантира.Прво се пишува,,да беа присатни премиерот и председателот,ќе немаше националистички испади,,За подолу да ова ти било ем празник на нов,,небески народ,, и плус предизборна партиска парада.И сега се прашувам дали политичар од било која партиска провиненција,кој држи до елементарен самопочит би присуствувал и би му дал легитимитет на ваква парада ем националистичка ем бајрактарски тотално невкусно.Тоа за наводниот страв да не се изгуби власта поради критичко однесување е веќе излитено алиби за некој кој е веќе пропаднат во опозицискиот батак и внатрепартиски разјаден(е за ова нема анализа)и нема што друго да понуди. Нема тука никакво политичко фијаско,имаме само фијаско на согледање на евидентноста . |
| A, што после еуфоријата?, 03.12.2012 08:50:13 | Авторот прикажува реална слика на состојбите во Регионот. Поучува и предупредува дека „По играчка следува плачка (плачење)“! Веќе и политички малку писмените граѓани се освестија и го согледуваат лицемерието и манипулациите на пастирот. Навистина скоро седум години успеа да „ги влече за нос“, но секоја лага, секоја манипулација има рок на употреба! Албанците се во фаза на екстремна еуфорија. Сега имаат силен патрон и прават што сакаат, но не треба да заборават дека ништо не трае до века и дека најслатко се смее оној кој последен се смее. И некои од оние кои сега ги подржуваат, мошне добро знаат за улогата на Албанците во матните работи како што се трговијата со дроги, со луѓе, со оружје, со проституција..., така што прашање на време е кога ќе „свртат лист?!“ Сега се фаворизирани, но утре можат да бидат казнети со пенал! |
| PAVLE ALIMASKA, 03.12.2012 09:53:26 | наместо да се занимаваат со апетитуите за ГОЛЕМА АЛБАНИЈА нашите „ГОЛЕМИ ПАТРИОТИ“ се занимаваат со оцрнување на опозицијата.Во прилеп во саботата на градскиот плоштад ЧЕНТО ги собраа сите администаративци,директори на јавни претпријатија и сите наставници и професори од ДПМНЕ,кои построени дремеа 3 саати на плоштадот и под силно озвучување ги слушаа БРАНКО И ЉУБЧО од 1998 година.КАКВИ ДИРЕКТОРИ НА УЧИЛИШТА,КАКВИ ПРОФЕСОРИ И НАСТАВНИЦИ ЌЕ ГИ ОБУЧУВААТ И ВОСПИТУВААТ МЛАДИТЕ ГЕНЕРАЦИИ,кои стојат под ЛАВОТ и наредбите на инфантилните ВЛАДЕТЕЛИ ОД ДПМНЕ.Меѓу тие директори беше и ПЕТРЕ ЧЕШЕЛКОВСКИ со „НЕГОВИТЕ ПРОФЕСОРИ“ од ДПМНЕ ,а што им постави КАМЕРИ НА ОПОЗИЦИОНИТЕ ПРОФЕСОРИ во кабинетите.Каков квалитетен директор е ,тој директорува 25 години во училиштето и набави партиски книшки од 4 политички партии,а кои навреме и умешно ги применува и ги поткупува и подмачкува евтините министерчиња и градоначалничиња алчни за богатство и улизување од вакви полтрони и продадени души кои немаат св |
| srebre, 03.12.2012 10:32:04 | i jas istoto go velam vece so godini vmro povece gi strav alija da ne izleze od koalicija otkolku velika albanija posto vel alb vece e defakto a vlasta nese vraca.... |
| milan, 03.12.2012 11:19:32 | Jas veke komentirav vo utrinski,deka odamna stanavme SELO BEZ KUCINJA. Citajki go ovoj prekrasen tekst na E.Rizaov, od desnata strana ja zapaziv slikata na J.B.Tito, i se prasav: Dali bi on dozvolil vakvo nesto nadvor od sekakvo protokolarno odnesuvanje.Odgovorot go znaete. Ama dodeka imame vakva vlast i mnostvo Feliksi koj i davat podrska na istata i otvoreno go zaplasuvaat narodot a kade ne ide zaplasuvanjeto, ide potkupuvanjeto, te za neprocisteni spisoci i sl. nema zbor, normalno vaka ke ni bide.Sega na vakvo slavenje ke ni dojdat bugarite,potoa i grcite ke smislat nekoja slava te i niv da gi ocekuvame.E moj narode,Makedonski. POZDRAV. |
| seirdzija, 03.12.2012 11:21:25 | Daj be Erol svrti se malku i gledaj ja opozicijata...da vidis deka nemaat programa,deka se razedinuvaat,a sto ti e gajle za drzavata...taa moze i da propadne...Sega e bitno da ne vidime deka ne upravuvaat nikakvi ekonomisti,uste ponikakvi patrioti,znaci najobicni lopuzi...so mnogu nizok IQ. |
| Gargamel do Felix i slicni, 03.12.2012 11:47:15 | Otvori gi ocite ,brat,razbudi se od sonot i pogledaj sto e realniot zivot vo ovaa Makedonija bez portokalovite naocari.Stravot,brat,ne e da se izgubi vlasta.stravot e od posledicite,od odgovornosta,od dobivanje na zasluzenoto,od revoltot na zaspanoto sudstvo,obrazovanie,socijala.Zdravstvoto so vakvi specijalisti edinstveno ima perspektiva samo radi nivnata hrabrost i moznost koga sakaat da rabotat prifatno i vo stranstvo.Ne se raboti za opozicijata,za narodot se raboti,za onie koi ne lepele plakati,za graganite na Makedonija se raboti i nivni deca i vnuci. |
| Македонскиот Принц Газанфар, 03.12.2012 12:14:12 | Сите видовме со собствените ни очи дека длабоките патриотски зборови поминуват само каj предвремени избори. Де факто кога лидерите на двете албански држави стасаа во третата - среде Скопjе, да слават, капетаните на Титаникот први напуштиа - Груевски прв побегна каj другиот краj на светот, а Иванов се скри во глувчена дупка. |
| Богомил(ец), 03.12.2012 12:18:19 | Кога се констатира дека славењето на Албанците било еуфорично, тоа не е никакво откритие - појава што сега еруптираше, а пред тоа се манифестираше во училишните дворови, во автобуси, во промена на имиња на улици, на училишта, во изјавите на некакви аналитичари, колумнисти, што треба да се толкуваат како предигра на уште поекстремни чекори, од репертоарот на национал-шовинистичката доктрина на дел од албанската лидерска братија. Да не заборавиме дека некои од нив имаат валидно лекарско уверение, па кон нив и државава и ние граѓаните треба да бидеме повнимателни. На сето ова треба да се гледа како на сериозен дефект во менталноста и на компасот, кој за нив рапидно го свртел курсот на движење. Зарем никој не им кажал дека национализмот е лакома ѕверка, што на крајот ги јаде и оние што најмногу ја хранат. |
| Наташа, 03.12.2012 14:08:10 | Се сеќавам на зборовите : *сите срби во една држава* и видовме што остана од државата на вождот. Наместо тоа добија енклави а богами и новa држава на сопствена територија. Историјата покажа дека големи територјални држави се раѓаат само во малите умови. Нашиве пак политичари *патриоти* со нивните коалициони партнери , верувам ниту ја посакуваат државата ни во ЕУ ниту пак некоја голема Албанија се со цел да си го задржат пашалокот во кој само во вакви услови можат да владеат со единствена цел, тендерската коалиција да потрае што подолго. Довидување до следните избори! Белким народов ѓе се освести и ќе почне да размислува за сопствената иднина.
|
| Baba Zumbula, 03.12.2012 14:14:30 | Evdo,Evdo, sto e rabotava?Gi citam komentarive i nekako mnogu Evdini Zumbulji se pojavuvaat so komentarive!Da ne si napravila kruzok,a ne si mi kazala?Ah,Evdo,Evdo!Tuku vnuckoto ti pisalo nesto vo stilot sakam kazam,ne znam recam, kolku da e kontra Erol.Ono pisanovo od Erol se fakti,pofakti zdravje,ni na film, ama ete kolku da vrti LP na 33.A vnucko nikako da zeme tajm aut, sega trenira *defence,defence...* najbitna vo NBA,a ne go biva za trojki!!Ta posle vakov los odigran mec,ke ima golema borba za opstanok.Erole,Erole za da se sredat rabotite za takanareceno bratstvo i edinstvo ni treba edna dobra Kumrovacka skola,a ne kvazi politicki skoli vo Ohrid!!!!Bidejki so ovie skoli gjoa demokratski,stignavme do anarhija.I Evdo daj malku poveke na vnucko da go cita Latas,toa ke mu *vdahne* kuraz,ke go smiri,zosto Latas nema tekst da ne si ja spomene vecnata senka i uhoda,BC,neli???!!! |
| tihi, 03.12.2012 15:30:23 | Eve povtorno se javija apokaliptichnite pobornici i plukachi na se Makedonsko deka nekoj ne bil dovolno patriot.Ednash napishav i kje povtoram , a da frlevte nekoe jajce ,mozjebi i kje dobievte podrshka.Ili kje ve plukavme deka sakate da ni predizvikate vojna.Poglednete se vo ogledalo. |
| pero, 03.12.2012 16:48:37 | Znaete sto e najvazno vo seto ova??????
Najvazno e sto patriotot Grujo mu ja zduvna na ROUD SOU..........sekogas koga odi na roud sou, vo drzavata se slucuvaat losi raboti, pravilo e nepisano........ |
| do Revolt, 03.12.2012 17:09:50 | I da stanalo patriotsko glasilo,pa sto?Ti smeta li toa?Dali ti sakas samo nie Makedoncite da popustame?Ako go sakas toa,togas ti si izrod sto cekori po zemjata. |
| Баба Евда, 03.12.2012 17:55:44 | Не , мори сестро Зумбуло , не се тие од мојот кружок! Ќе ја испитам ситуацијата дали се тие во согласност со рамковниот , па ќе ти пишам. Ми се чини дека мнозинството „Евдини зумбуљи“ се „самоникнати“! Баба Евда сега е на ток-шоу во Полинезија , чекам шатето мое да ми јави дали орљињата се прибраа во гнездата , па бабичка, како храбра љавица, да се врне дома! |
| komentar, 03.12.2012 17:57:42 | Добро де.Ферски е понекогаш на елитите да им се даде да не го слушаат гласот на народот.Држава не се гради одејќи по уличната врева.И што е страшно ако и премиерот и председателот и лидерите на партиите оцениле дека ништо не е загрозено во државата.А кога навистина нешто сериозно престои и нешто кажат,е тогаш ја вознемируваат јавноста.Зошто ние не изградиме поинакви односи со соседите па и наши знамиња да се веат насекаде.Браќа не може да се биде преку супституционирани и дислоцирани обележја.Тоа е поголемо лицемерие,ароганција и цинизам.А граници за ширината на помпезноста во која било област има.Тие ги црта времето со неговата температура.Време на климатски промени,секако. |
| Ајван Доктор®, 03.12.2012 17:58:03 | Ех,јаден Милошевиќ ги зафркна сите!Сега немаат како да се вадат дека сето ова било негово масло!Гwујокио,ја унереди државава и храбро си фати јабана виа Албанија!Сепак радосна,да не речам весела,вест е тоа што тој заминал таму повторно како голем јунак и уште поголем патриот,за да ни донесе пакетче со инвестиции за Божиќ,за да ни биде весело цела наредна година!Да не им текне потоа на народецов и на злите јазици да тврдат дека малер нè бие заради 13-тката во бројот од годината! |
| Најдобар Председател и Премиер до сега, 03.12.2012 21:26:06 | Воодушевен сум од патриотизмот и како ја води државата големиот интелектуалец Иванов. Работливиот и праведен Груевски ќе влезе во историјата како голем Македонец. Со нив сум сигурен и верувам дека и мојата економска состојба иако кревка ќе се подобри. Посебно сум горд на проктот со македонската богата историја и одбраната на името кое ми е поважно од интеграции. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 1°C
Претежно облачно
|
Вторник
Облачно
Макс: 4°C, Мин: 0°C
|
Среда
Обилни врнежи
Макс: 6°C, Мин: -2°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – Титова Совладетелкa (18)Ранковиќ на мета на Јованка.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
(ФОТО) Телото како платно Германска уметница Гезине Марведел за создавање на своите уникатни уметнички дела не користи традиционално сликарско пла... | |
|