Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
03.12.2012, 18:08

Едиторијал

Лоши вести за странските инвестиции

Соња Маџовска

Како студен туш врз загре��но тело дејствуваат податоците што ги објави Народна банка на Македонија дека странските инвестиции паднале на 44 милиони евра во првите девет месеци од 2012 година. Да биде иронијата поголема, тие податоци дојдоа во исто време кога владина делегација беше на второто роуд-шоу во Соединетите Американски Држави, претставувајќи ја земјава како инвестициски рај.

Каде се' не отиде Владата во потрагата по странски инвестиции. Неколку пати до Катар, па во Индија, Малезија, Сингапур, Јапонија, два пати во САД и каде уште не. Но само километражата е зголемена, а не и контото на странски инвестиции. Нашиот пример го следеа и Хрватите и Грците, па и тие заминаа на пат за Катар. Не дека тие нешто се офајдија повеќе од нас, ама засега се' е сведено само на ветувања.

Проблем во Македонија е што и покрај влезот и отворените фабрики на неколку странски фирми, на кои бевме сведоци не многу одамна туку пред само два месеца, ефекти уште не се чувствуваат, ниту врз економскиот раст, стандардот и, најважното, намалувањето на невработеноста.

Анализите велат дека во земјава од 2006 до 2011 година странските компании повлекле 800 милиони евра од заработувачката остварена во земјава, а по основа на инвестиции во тој период донеле над 1,5 милијарди евра. Со последнава бројка од 1,5 милијарди евра деновиве се бранеше и министерот за финансии. Но, и покрај оваа голема сума, повеќе од јасно е дека годинава ќе биде најслаба според влезот на странски инвестиции.

Со 44 милиони евра, за првите девет месеци, а никој веќе не верува дека тоа може драстично да се промени во последните месеци од годинава, се потврдува фактот дека земјата и натаму останува на дното во споредба со земјите од регионот.

Но, тоа може да биде и друг показател дека нешто треба да се промени во стратегијата во привлекување странски инвестиции.

Лошите вести за нивото на странски инвестиции и многубројните роуд-шоуа, карактеристични за последните неколку години, покажуваат колку е голем расчекорот меѓу желбата за влез на странски капитал во Македонија и можностите тоа навистина и да се оствари во реалноста.

Економската криза е изговор на кој секогаш може да се повика Владата. Во такво економско невреме, а некаде и цунами, разбирлива е претпазливоста на странските компании и нивната определба да си ја носат и реинвестираат дома добивката. Добро е да ги имаме и треба да ги поддржиме инвестициите, но треба да се знае дека странските инвеститори секогаш со едното око, без разлика во која земја инвестираат, гледаат кон мајката, матичната компанија и нивната родна земја.

Тоа, всушност, е проблем со кој се соочуваат и другите земји, особено Србија, Унгарија, Романија, Бугарија. Или, како што велат експертите, оние земји во кои има повеќе странски инвестиции, тие се поранливи, особено во кризни времиња. Со други зборови, странските инвестиции се меч со две острици.

Државата, всушност, не може да ги спречи странските компании да ја испраќаат дома добивката, бидејќи и ние сакаме нашите фирми што работат надвор од земјава да го донесат профитот дома. Затоа не треба многу да не чуди ако, исто така, поради големата криза, грчките компании кои работат во земјава префрлиле во нивната земја 70 милиони евра. Проблем е ако тоа се кредити од домашните банки. Но, и во тој случај единствено нешто што може Владата да направи е да ги предупреди банките дека станува збор за ризични пласмани и дека треба да се заштитат при давањето кредити на странските фирми кои потекнуваат од земји со лоша слика, како што е Грција, и толку.

Ова води, пак, кон еден друг заклучок дека можеби повеќе треба да им се радуваме на домашните отколку на странските инвеститори и треба да бидеме повеќе загрижени ако ги нема домашните инвестиции, а не странските. Ова ја потврдува и тезата дека домашните компании имаат право кога бараат да имаат ист третман со странските инвеститори.

Прашање е, оттука, дали Владата треба да вложува толкав напор околу странските инвеститори. Зашто ако се погледнат досегашните резултати, излегува дека големиот напор не донесе големи пари. Така барем засега може да се оцени трката по странски инвеститори.


Статијата е прочитана 1949 пати.


Испрати коментар



Билдери во Западен Брег
Предградие
Чекајќи го Груевски и 10 декември
Зошто да се работи за минималец!?
Тодоров на преглед кај Груевски



USA, 04.12.2012 02:53:29
Ne odi toa tolku brzo. Pocekajte malku pokacuvanjeto na danocite da zeme efekt vo Francija, USA .... ke ima dosta novi kapaciteti na kompanii od visoko danocnite zemji.
Коста Стоименовски, 04.12.2012 08:35:58
Владата и особено премиерот Н. Г. веќе 7 години ги фетишизираат странските инвестиции (СИ)! Тоа најдобро го покажуваат определбата за назначување на двајца министри за странски инвестиции и безбројните „роуд-шоуа“ во потрага по СИ во Америка, Азија, Европа...При тоа, владата безмилосно расипнички ја троши домашната акумулација за апсурдни непроизводни проекти и целосно ги игнорира домашните инвеститори! Во неколку наврати апелирав за аболиција/амнестија на капиталот што беше извезен, а сака да се врати во РМ. Сите нашинци од дијаспората што се обидуваат да иневстираат во РМ, откако бидат „ошурени“ од разни рекетари, си се враќаат, без пари, во земјите од каде дошле! Без правна држава нема странски инвестиции! Само големите компании успеваат да ги заштитат своите интереси пред разни судови и арбитражи со чии одлуки РМ се обврзува да плаќа гоелеми отшети! Во весникот НМ од 04.05.2011 год е објавен мој напис под наслов Вистини и заблуди за странските инвестиции. Заклучок, нешто сепак тр
Mirko, 04.12.2012 08:42:12
Ne sum ekonomist, ama imam nekoja logika vo razmisluvanje. Toj zbor - Stranski investicii - nekako mi dovaga, kako baranje za pomos. Po mene, mislam nesme tolku siromasi da nemame malku pari da vlozime vo zemjodelie. Tuka e spas. Site narodi opstojuvaat oti jadat. Namesto spomenici i ubavoto Skopje, vlozite vo selata i selani. Tuka e izlez. Koj ke konkurira na kineska,amerikanska i zapadnoevropska industrija? Narod saka da jade i samo da jade.
Жт вк, 04.12.2012 08:56:08
Ги замолувам велемајсторите за критики од Утрински да кажат што треба да прави владата за да привлече странски инвестиции во Македонија.
jovan, 04.12.2012 10:40:33
Vladata treba da pocne da go stimulira domasnoto proizvodstvo. Da ima povolni krediti(so maximum do 5% kamata) za nabavka na oprema za proizvodstvo i prerabotka. Koga dobro ke se opremat domasnite stopanstvenici, togas strancite ke bidat zainteresirani za sorabotka po principot, nie zemja, rabotna raka i oprema, oni znaenje i tehnologija(po Kineskiot, Polskiot, no i bivsiot Yugoslovenski model), pa ovde namesto da uvezuvame cokoladi i samponi, tie ke mozat tuka licencno da se proizveduvaat. I za mnogu drugi raboti. Profitot ke se deli soodvetno, a ne kako sega sve da odi nadvor(osven platite od po 200-300 evra koj gi plakaat) Na toj nacin ke se namali uvozot(osven za surovini) a daleku ke se nagolemi vrabotenosta. Ovie cirkuzjadi sto gi pravat po stranstvo za da donele stranski investitori ne se nisto drugo osven povik za *dajte gi parite pa prajte sto sakate*, a strancite ne se neinformirani pa da ne znaat sto e sto i koj e koj vo drzavava i kako se raboti.
Ептен Жт вк, 04.12.2012 11:15:27
Ако владата не знае како да привлече инвестиции ,што е очигледно , треба да си оди! И , ти,како УСА , малку му биле на Груевски 74=11 години , за резултати , му требале 277 години! Бог да чува!
evro-makedonec, 04.12.2012 13:53:04
Se e transparentno. Gjujo, Stavue i mafija, ne mozat da kradat mnogu od domasni investicii. Mnogu ednostavno: Gjujo i Stavue sto pravat, ke vi dademe da pravite fabrika (100 mil. Euro) vo MK ama 1 % za nas.
cane, 04.12.2012 14:00:37
Критиката, жт вк, е единствена брана што ја спречува власта да ја злоупотребува својата моќ, секоја влада, секоја моќ! Без критика нема развој на опшеството, нема демократија! Па и вака и така не знам дали кај нас и воопшто ја има!
koki, 04.12.2012 17:45:25
E toa ti se plodonosnite ROUD SOUA na Premierot i tajfata.......... za zal zabludenite VMRO-vcinja se odusevuvaat na ovie nevideni cirkusi na Grujo i istomislenicite......... ama sega neka go pustat na Antarktik po investicii........... ke bara investicii za sneg i mraz radi globalnoto zatopluvanje..........Vizioner, nema sto........
prist, 04.12.2012 21:02:40
pa premierot e ekonomist zarem ne uchel kako i koj zakoni treba za zdrava ekonomija. receptot e ednostaven no familijata e teshka
pu, 04.12.2012 21:56:48
Вања, а ти што предлагаш?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, -4°C

Магла

Вторник
Делумно облачно
Макс: 8°C, Мин: 0°C

Среда
Облачно
Макс: 10°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (36)
Тито во дилема дали да се разведе од Јованка.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
„Заробена“ јахтата на Стив Џобс
Наследниците на Стив Џобс му платиле само шест милиони евра на Штарк, а тој смета дека му должат девет милиони евра. Бро...
Новогодишната елка како семеен фотоалбум
Ако ви здосади досегашниот изглед на елката, олабавете се и направете нешто сосема ново.Во продолжение- совети како да ј...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |