Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
02.12.2012, 13:48

Промоција на македонски вина во САД

Новата, добро подготвена кампања за претставување на македонското вино во Соединетите Американски Држави, ги даде првите резултати, преку претставувањето на вината на Стоби во синџирот продавници поврзани со големиот дистрибутер Вајнбоу.

Оваа компанија, која го покрива најважниот пазар за вино, на североисточниот дел на САД, овозможи за прв пат македонско вино да биде достапно и во главниот град Вашингтон.

- Имаме 5.000 вина, а од пред неколку недели, за првпат имаме и две вина од Македонија, вели Џон Фитер од винотеката Мекартур во Џорџтаун, во западниот дел на Вашингтон.

Фитер вели дека со македонското вино се запознал на настан организиран од македонската амбасада и Инвестирај во Македонија, и се одушевил од вранецот на Стоби.

- Вината се добро прифатени, се продаваат побргу отколку што очекував. Мој главен впечаток, од претставувањето во амбасадата, беше дека за САД најинтересни вина ќе бидат тие со домашните сорти на грозје. Сите држави можат да садат каберне совињон, но мене жилавката и вранецот ми се видоа интересни. Добар пристап е да развиете квалитетно вино и потоа да се погрижите тоа да дојде до потрошувачите, да успеете да ве забележат. Вашингтон е добро место, ова е доста софистициран пазар за вино. Потрошувачката е повисока скоро од било кој друг дел на САД, и, плус, ова е меѓународен град, со многу луѓе од странство, поради амбасадите. Затоа, би рекол дека најдобри места да се почне се Вашингтон и Њујорк, вели Фитер.

Вината на најголемата македонска винарија, Тиквеш, веќе се присутни на американскиот пазар преку дистрибутерот Ерик Соломон. Вината на Стоби, пак, се промовираат во пакет со вина од Србија, Црна Гора и Хрватска, преку Балканскиот вински проект кој го водат Александар Крсмановиќ и Марко Бабсек.

Во разговор за МИА, Крсмановиќ вели дека гледа огромен потенцијал за македонските вина, а за „жилавката“ на Стоби вели дека во летните месеци ќе се продава „како вода“.

- Мислам дека досега немало толку сериозно подготвена соработка, со толку голема дистрибутивна компанија како што е Вајнбоу, со која го покриваме најважниот пазар за вино во САД. Соработката со Стоби ни е важна, пред се бидејќи се работи за винарија со голем капацитет, со четири милиони литри, која нуди одличен квалитет по прифатлива цена. Вранецот и жилавката ги продаваме за 10 долари по шише, што е конкурентна цена. Нудиме и неколку скапи, ексклузивни вина, по едно од Хрватска и Србија, а отворени сме за ексклузивни вина и од Македонија, но засега целта ни е да ги запознаеме потрошувачите во САД дека од Балканот можат да добијат многу добро вино по конкурентна цена, вели Крсмановиќ.

Лидија Трајковска, директор на винаријата Стоби, посочува дека нивните вина од отворањето на винаријата во 2009 година се пласирани низ Балканот, Холандија, Чешка, Русија и сега во САД.

- Пр��говорите со Вајнбоу во САД почнаа во февруари, и првично нудиме сорти кои се карактеристични за балканските простори, како жилавка, ркацители, вранец и смедеревка, а во иднина секако тоа ќе се збогати со повеќе сорти од нашето портфолио. Првиот извоз за САД го реализиравме во септември. Сметаме дека пазарот во САД нуди бесконечни можности и сметаме дека имаме вино со одличен квалитет и цена, како и одличен партнер кој ќе даде придонес за доближување на нашите вина до потрошувачите, вели Трајковска.

Според Крсмановиќ, самото промовирање на балканските вина во САД ќе биде долг процес кој ќе бара големи инвестиции. Засега виното ќе може да се најде во стотина продавници поврзани со Вајнбоу, при што пред се треба да се запознаат продавачите со новите вина. Потоа, предвидено е претставување на вината во ресторани, во самите продавници, и на крај на винските саеми и во специјализираните списанија и блогови, а компанијата се промовира и преку фејсбук профилот http://www.facebook.com/Balkanwineproject .

- Предвидено е Вајнбоу да не поддржи и со промотивна кампања, но ова е процес кој ќе трае, со инвестиции, пари и знаење, малку по малку ќе го градиме брендот на вината од Балканот, вели Крсмановиќ.


Статијата е прочитана 584 пати.


Испрати коментар



Почнува трката за најубаво украсен двор
Избрани најдобрите угостители за 2012 година
Чибишев - Неетички е враќањето на хронично болните пациенти
Пангалос не може да го плати данокот на имот
Лидија Неделкова избрана за претседател на Врховниот суд
Обама за Борисов - Не нервирајте го, има црн појас
Лавров скрши рака во Истанбул
Долче и Габана обвинети за зaтајување данок
Џозеф Данфорд е нов командант на меѓународните сили во Авганистан
Штрајк на работниците од тетовски „Комуналец“
Петров - Има оптимизам во ЕК, но рано е да се прогнозира исходот
Јункер сака да се повлече од Еврогрупата
Eксплозија во зградата на „Златна зора“
Нови протести во Словенија
Македонската група во Конгресот со нов член
АЕК - Најмногу неосновано одбиени приговори од „Близу“
Раскол во ПАСОК
СДСМ - Владата е виновна за ниските странски инвестиции
Ватикан го соопшти „Твитер“ профилот на Папата
(ФОТО) Борците ги одбранија своите простории
Ранет вработен во скопската полиција
Турција упати авиони ловци кон границата со Сирија
Македонски судии и обвинители на обука во Франција
(ФОТО) Четири милиони деца-робови во Бангладеш
Македонски државјанин уапсен со 13 килограми марихуна
Албанците ја канат Дел Понте на суд
Четврти неуспешен обид да се ликвидира Драганчо Стојменов
Груевски ги повика иселениците да ја чуваат традицијата
Цените на бензините и дизелот повисоки за половина денар
Зголемување на субјектите кои ја користат задолжницата
ОМД бара министерство за дијаспора
Поедноставени процедурите за вадење документи на иселениците
Честитка од Иванов до новоизбраниот претседател на Словенија
И Маргарита Папандреу на листата на Лагард
Шестмина повредени во превртен минибус
„Форд“ повлече околу 90.000 автомобили од САД и Канада
(ФОТО) Куполите се издигнаа над Собранието
Трети декември - Меѓународeн ден на лицата со инвалидност
Борут Пахор нов претседател на Словенија
Ограбена спортска обложувалница
Бесими ќе се бори со корупцијата во одбраната
Ставрески - За четири години 1,55 милијарди евра инвестиции
Клуч на врата за „Повардарие“?
Жена прегазена од сопственото возило
Бернд Борхарт - нов шеф на мисијата ЕУЛЕКС
Се укинуваат и намалуваат царини од 2013
Со Фонд за иновации ќе се поддржува бизнис секторот
Тетовец изнудил накит вреден 8000 евра
Евроатланската интеграција на Македонија е неопходна за стабилноста на регионот
Ховит - Македонија треба да добие датум за преговори
Словенците избираат претседател
Неколку лица загинаа при уривање на тунел во Јапонија
Талибанците нападнаа база на НАТО
ЕП - На Србија што поскоро да и се даде датум за преговори
(ФОТО) Лекарите со бел марш побараа оставка од Тодоров
До крајот на 2013 вкупно 6.000 работни места во ТИРЗ
Mакедонските бизнис потенцијали презентирани во Лос Анџелес
Соработка со лекари од болницата „Роналд Реган“ во Лос Анџелес
Аврамопулос - Решението за името да ја почитува историјата и културата на двете земји
Дезинфицирана болницата во Кавадарци по смртта на четиригодишното дете
Отворен почесен конзулат на Македонија во Лос Анџелес
Oтворена електронска продавница во Битола
Бесплатно зимување за 1000 деца од социјално загрозени семејства
Бериша - Албанофобијата кружи низ Балканот како сенка
Во „Дрекслермаер“ во Кавадарци вработени 200 лица
Околу 34 милиони луѓе во светот се болни од СИДА
Најмалку 26 лица повредени, а 30 уапсени во протестите во Љубљана
Карпентер - Сонот за голема Албанија се уште е жив
Тодоров ги повика лекарите да лекуваат
(ФОТО) Шверцувани влекачи станаа нови жители на ЗОО
Албанија се пере од скандалот
Арифи очекува добри заклучоци на декемврискиот Самит
Доктори од Македонија на обука во Хјустон
Вранишковски нема да бара помилување од Иванов
За три години државата ќе изгради 1.700 станови
Објавен конкурсот за стипендии за студирање во странство
Од понеделник нагло заладување
Новоименуваните амбасадори на Виетнам и Норвешка кај Иванов
Светска банка одoбри 50 милиони долари за развојни политики
Скопјанец фрлил молотов коктел пред американската амбасада
Амбасадорите на ЕУ-членките в среда ќе расправаат за Македонија
„Виз ер“ со над 15 илјади патници за еден месец
ЕУ само до начелен договор за буџетот за 2013
Вашингтон го гледа Балканот интегриран во ЕУ и НАТО
Шведска ќе ја поддржи Македонија за преговорите
ОН ја призна Палестина како држава-набљудувач
Бугарија и постави три услови на Македонија



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Ведро

Вторник
Делумно облачно
Макс: 4°C, Мин: -1°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 6°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелкa (18)
Ранковиќ на мета на Јованка.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ФОТО) Телото како платно
Германска уметница Гезине Марведел за создавање на своите уникатни уметнички дела не користи традиционално сликарско пла...
(ФОТО) Четири милиони деца-робови во Бангладеш
Многу од деца помлади од 14 години во Бангладеш поголемиот дел од денот го поминуваат работејќи во многу лоши услов...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |