Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
07.12.2012, 18:13

Реплики

Коалицијата се врати

Соња Крамарска

Нема дилема дека вчерашното сензационално кафепиење во Владата е мал потсетник и до Брисел дека Македонија очекува датум за преговори

На јавноста и' олесни. Вчера во Владата се одржа самит на највисоко ниво. Учесници беа само двајца. Премиерот на Македонија Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Како и што доликува на толку висок самит, тој се одржа зад затворени врати. Што навистина си рекоа Груевски и Ахмети веројатно ќе остане подолго ако не и засекогаш во доменот на шпекулациите. Дали македонскиот премиер Груевски му го честитал на својот коалициски партнер едновековниот јубилеј од независноста на албанското знаме, исто така ќе остане тајна. Оваа јавна коалиција беше и остана заснована врз основа на тајни разговори.

Средбата Груевски – Ахмети покажа и дека двете партии без оглед на нивните огромни разлики се свесни за улогата што ја имаат и за нивната одговорност како лидери во владата. Тука пред се' мислам на меѓуетничките односи за кои вчера за првпат јавно искажаа дека се нивна обврска исто како и создавањето на клима во државата погодна за да можат да опстојуваат граѓани од сите националности. Слушано од устите на две партии на кои не им се туѓи радикалните ставови во глорифицирањето на сопствената националност, тоа изгледа безмалку како фатаморгана, но што да се прави – тука е Брисел и неговите будни очи и уши пред европскиот самит. И за тоа се свесни и Груевски и Ахмети.

Нема подетални информации за тоа што зборувале двајцата лидери но така е тоа во Македонија веќе дваесет години. Разговор зад затворени врати, малку насмевки или загрижени фаци во зависност од ситуацијата за фотографите и за тв камерите, и потоа следи соопштение за јавноста. Во кое се везат флоскули за посветеноста кон државните и кон граѓанските интереси, и по малку се раскажуваат партиските програми. Кои се патем исти со години наназад.

Изостана вчера формула за тоа како ќе се извлече парламентот од лавиринтот во кој го наведоа двете владејачки партии – едната со предлагање на законот за бранители за кој се знае дека е трн во око на другата, и петнаесетте илјади амандмани со кои одговори засегнатата страна, правејќи од тоа циркус во македонскиот законодавен дом. Оваа балканска политичка навигација, бесмислена политичка војна до истребување, нема дилеми дека не може да заврши со тричасовна средба во Владата и издавање на заедничко соопштение во кое не се споменува ниту еден од конкретните проблеми меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Дури не се слушна став ниту за се' погласното грчко противење кон напорите на Брисел Македонија да го добие заслужениот датум за преговори. Или став околу предлогот што го даде Нимиц на последната рунда разговори во Њујорк а кој се води како „топ сикрет“.

Заклучокот од четиригодишното искуство на коалицирање на двете партии е дека конзервативната десница претставена од ВМРО-ДПМНЕ во Македонија се' уште го смета за дискредитирачки фактот што управува влада каде што втора членка е некогаш милитантната воена организација ОНА трансформирана во политичка партија со име ДУИ. За нив ДУИ е несакано дете кое се родило во вонбрачна авантура и кое сега мора да се негува и одгледува. Но ниту ДУИ не негува поинакви чувства кон ВМРО-ДПМНЕ. За ДУИ македонската демохристијанска партија е само политички лепак кој цврсто ги држи во власта каде им е сосема удобно.

Затоа и се случуваат испади во системот да се изразиме со енергетскиот речник. Мал електричен спој како оној од пред две седмици кога Македонија се тресеше од громогласната прослава на албанската независност и - во цела држава снемува струја. На поправка на дефектот се чека подолго време.Во случајов цели две седмици беа потребни за двајцата лидери – првенци на Владата да испијат заедничко кафе и за да ги оживеат напукнатите коалициски ѕидови врз кои се потпира владината конструкција.

Нема дилема дека вчерашното сензационално кафепиење во Владата е мал потсетник и до Брисел дека Македонија очекува датум за преговори. И дека Владата во Скопје е во полна кондиција да ги почне зададените задачи во рамки на процесот на преговорите. Потегот од „Илинденска“ и заедничкото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се во таа насока. Да се реафирмираат целите на коалицијата и заедништвото меѓу двете партии во политиката за нивно остварување.

Но, можеби премиерот ќе изненади со владина реконструкција сега откако амбиентот е прочистен од меѓупартиските дофрлања и е дигнато пердето од националистичкиот поглед со кој Тирана ги прострели соседите заборавајќи дека и по прославата треба да продолжи животот. А богами и соживотот. И откако на Ахмети му се разотидоа гостите и тој е повторно дома со своите „домашни“. Груевски имаше доволно време за да ја оцени работата на сите министри во Владата, а ако само го помириса воздухот надвор од „Илинденска“ ќе му биде јасно кои од членовите на неговиот кабинет повеќе не се во форма. Тоа може да му биде и како добра увертира во пролетните локални избори и корисен политички потег во пресрет на мајскиот конгрес на СДСМ за кој се' погласно се шпекулира дека ќе резултира со нов партиски лидер.

Не знаеме со каков поздрав вчера се разделија Груевски и Ахмети. Дали си рекоа „довидување до Брисел“ или „довидување по Брисел“, или можеби „до новиот амандман“ или „до следниот празник“. Има многу варијации на оваа тема, треба човек само малку да употреби фантазија.

***

Цветанка Иванова од СДСМ нема намера да попушти додека шефот на парламентот Трајко Вељаноски не го даде на расправа законот за бранители. За одмазда, таа не ја свикува Комисијата за труд и социјална политика која треба да даде зелено светло за зголемување на пензиите. Има само два начини СДСМ да отстапи: едниот е да му напише писмо на ДУИ во кое ќе ги повика на заштита на државните и националните интереси и ќе ја изрази својата загриженост од 15-те илјади амандмани кои целосно ќе го блокираат парламентот. Вториот е да престане да биде кочница за зголемувањето на пензиите зашто така директно влегува во судир со пензионерите. А нивниот број (гласови) не е за политичко потценување.


Статијата е прочитана 2440 пати.


Испрати коментар



Уметниците во милоста од државните пари
Демократскиот диктатор на Египет?



jovan, 08.12.2012 00:10:16
Na samit odat i se srekavaat lideri od razlicni drzavi. Na nasiov *samit* toa se lideri od edna ista drzava, osven ako veke ne sme stanale dve vo edna.
EU, 08.12.2012 01:08:10
Fino im tekna, nazdravje kafe, no sto bi rekle nasite severni komsii ne se goi prase vo oci na Bozik.
petar.d, 08.12.2012 07:44:13
posle svadba tapani......epten izmenadzirano
milan, 08.12.2012 08:39:51
Jas mislam deka sredbata e parada pred javnosta i nisto drugo.Pa sto se odnesuva do Brisel, mislam deka go izbegnuvat.Sto podaleku od Brisel, podobar pomin za totalitarno vladeenje.Predlogot na Nimic ne go spomnuvat demek imeto ne go davame.Nacionalisticko-sovenistickite ludorii od dvete strani ne gi sprecavaat, bidejki i na dvete strani strategijata im se zasnova na istite,normalno garnirana so populisticki preliv. Fala na avtorkata sto ja rcnala taa tajnovita tema.
перпетум мобиле, 08.12.2012 10:02:51
Не е лошо некогаш и новинарскава фела седне и во интерес на државата разграничи со кој,каков и когашен нивни бикондиционал може да и наштети на државата,наместо да биде нејзин чувар,и компас на политиката која одејќи по него да не стане машина перпетум мобиле.
Mark, 08.12.2012 10:18:01
Cudno e sto iskusen novinar trosi tolku prostor na nesto sto moze da se sublimira vo dve recenici - koalicijata si e tuka celo vreme i zabrzano raboti(koordinirano) na vnatresno ragranicuvanje na Makedonija, po diktat od Vasington! Za nagrada dobiva politicka i finansiska poddrska i sloboden prostor za bezmilosen grabez! Sakam nekoj od felixite(bez da blada za Crvenkovski) da me razubedi deka ne sum vo pravo?!
кумановец, 08.12.2012 11:38:43
Се чудам како ли се разбираат овие двајца.Никола не знае албански а Алија не зборува македонски.После се чудиме кога чуеме дека не се разбрале добро.
Ајван Доктор®, 08.12.2012 11:42:17
Точно ��о 12 часот денес пред Министерството за разни болештини ќе се појават контрапротестанти,организирани „спонтано“во режија на ЦеКа-то на ВМНЛО-ΔΡΠΑΜΕ и од нивни партиски независни војничиња,кои ќе му дадат целосна поддршка на министерот ш’о „го среди“ здравството!Урааа...Сè е прекрасно во Земјата на медот и млекото кои чудно мирисаат!
Tanja, 08.12.2012 11:46:12
So ovaa recenica mi stana se jasno: во пресрет на мајскиот конгрес на СДСМ за кој се погласно се шпекулира дека ќе резултира со нов партиски лидер. Znaci i pobednikot se znae i za kongresot se znae, samo ustre naslednikot na BC da go doznaeme. Sledi samo tepacki za sovetnici.
Poslushajte patrioti, 08.12.2012 17:40:36
Zarem posle se, ushte ke go esapite Gruevski? Manite go bre! Ne ni treba za ukras/dekor i spletki, nego da gi reshava drzavnite problemi. A se pokaza kolku e sposoben i hrabar. Novi izbori vo Mart, da se reshime od predavnicite pod psevdonimot *patrioti*.
pile, 09.12.2012 09:23:39
Sostanokot zad zatvoreni vrati so kusi soopstenija bez pres konferencija za javnosta ima poveke celi normalno populisticki a ne drzjavnicki.1.)Koj e bilansot i sto napravivme-sublimat na rezultatite, koi se partiskite pridobivki za smetka na namaluvanje na megjuetnickiot sozjivot posle scenarioto po posetata na Gruevski vo Tirana i zaminuvanjeto za SAD,a navodno prikazjano vo stilot ,,da vidime koj e gazda vo kukata ili kako toa koga macorot go nema gluvci oro vodat,kako i cija liderska pozicija na megjunarodno nivo e znacitelno narusena posle konstrukcijata.2.)Sto ponatamu i kako do novi parlamentarni izbori nezavisno od ishodot vo Brisel i prodolzjuvanje na celofan politikata pogubna za Drzjavata.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, -4°C

Облачно

Вторник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 2°C, Мин: -8°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (23)
Брежнев и Хрватската пролет.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Интервју - „Травничка хроника“ не е политичка пиеса
Режисерот Бранко Брезовец, за чија претстава во Битола постои интересирање, вели дека овој град не сака повеќе да живее ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |