Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
09.12.2012, 17:41

Ќе не' смрзне ли „Топлификација“?

Граѓаните стравуваат дека тие ќе го извлечат најдебелиот крај од состојбата со парното греење

Сања Наумовска



Ќе имаат ли скопјани топли домови зимава? Ќе се скрши ли врз нивниот грб заплетканата состојба во која се наоѓа производителот на топлинска енергија „Топлификација“. Граѓаните се загрижени во кој правец ќе се развива случајот со оваа компанија, доколку до крајот на неделава на јавниот повик на Регулаторната комисија за енергетика не се јави ниту една друга заинтересирана фирма да ги земе под закуп фирмите-ќерки и да продолжи со снабдувањето со топлинска енергија.

Експерти објаснуваат дека во тој случај „Топлификација“ ќе мора да продолжи да ги снабдува скопјани со топлинска енергија. Сепак, се поставува прашањето под кои услови, дали и понатаму ќе инсистира ли на зголемување на цената на парното или, пак, ќе бара нови кредити и ќе се задолжува кај државни фирми како случајот со ЕЛЕМ и МЕПСО? Граѓаните загрижено се прашуваат кој ќе гарантира дека парното нема да секне ако „Топлификација“ нема пари?

„Граѓаните плаќаат редовно, за една неплатена сметка се закануваат со извршител, а објавуваат дека се во загуба. Згора на се' се закануваат дека нема да можат да греат цела зима, бидејќи немаат доволно пари и бараат зголемување на цените. Од друга страна, не можат да се задолжуваат без граници кај банките, а во тој случај ќе настрадаме ние, граѓаните“, коментираат скопјани.

Експерти, пак, се децидни, зголемување на цените на парното греење не треба да има. Едноставно е невозможно да се доближат сумите за колективно и за индивидуално затоплување, коментираат тие. Тоа нема никаква економска логика, додаваат, објаснувајќи дека пресметките покажуваат оти граѓаните кои го напуштиле системот на „Топлификација“ и одлучиле да се греат на струја или, пак, на дрва не плаќаат драстично повисоки суми. Според мерењата направени во еден стан во Кисела Вода, од осумдесетина квадрати сметката за парно која се плаќа 12 месеци во годината е над 3.000 денари, додека сметката за струја во најстудените месеци од годината достигнува до 5.000 денари.

Сепак, експертите предупредуваат дека не смее да се дозволи овој тренд на исклучување од мрежата на „Топлификација“ да продолжи, бидејќи тоа ќе биде погубно за стабилноста на енергетскиот систем на земјата. Но, секако, коментираат тие, тоа не значи дека треба да се задоволат сите барања на монополот.

„Топлификација“ веќе јавно објави, преку соопштение на Македонска берза, дека нема услови, ниту финансиски можности да продолжи со редовна дистрибуција на топлина до над 50.000 домаќинства во главниот град. Компанијата била задолжена кај повеќе деловни банки во земјава со кредити во висина од 10 милиони евра, кои не може да ги враќа ако на парното греење не му се покачи цената. За целиот случај „Топлификација“ ја обвинува Регулаторната комусија за енергетика која, според компанијата, подолго време нема слух за нивните финансиски проблеми. Виновни за финансискиот крах на „Топлификација“ можат да бидат и банките, ако годинава побараат да почне да се отплаќа и главнината на заемите, а не само каматите.

„’Топлификација’ во периодот од 2006 до 2010 година ги сервисираше трошоците за овие кредити и банките во тој период имаа разбирање да не се врати главнината на кредитот, ако се плаќаат каматите. Со оглед на поминатиот период од неколку години по земањето на овие кредити, за очекување беше дека банките ќе побараат да се врати и главнината на кредитите. Во периодот 2006-2011 година РКЕ при определувањето на цените на топлинската енергија со ниедна одлука не предвиде посебен износ за враќање на овие кредити, иако речиси во сите извештаи на ’Топлификација’ до РКЕ беше барано ова“, се вели во соопштението на компанијата.


Статијата е прочитана 2041 пати.


Испрати коментар



Интервју -Кредити има за добри проекти, но не и пониски камати
ЕЛЕМ и МЕПСО да вложуваат во енергетски капацитети
Електронски лиценци за транспортери и градежници



Mark, 10.12.2012 00:13:54
Matna e, matna rabotata okolu Toplifikacija ama izgleda nikomu ne mu *stiska* da procepka sto navistina se slucuva! Zosto Regulatorna cela godina ne si gi zema licencite sto firmata nudi da gi vrati?! Zosto sudot so godini ne go resava sporot za parite sto Toplifikacija si gi bara od istata taa Regulatorna? Koj i zosto ja koordinira mediumskata hajka protiv Toplifikacija? Koja e i cija Balkan Energy Group sto se pojavuva kako fantom vo prikaskava? Konecno, saka li nekoj da ja klekne na kolena Toplifikacila za potoa *da ja spasi* AMA ZA SEBE? Ajde malku *istrazuvacko*(citaj hrabro) novinarstvo!?
DA LAО VERA кинезот во Санде-Ленд, 10.12.2012 00:29:17
Си бил некој странец којшто имал крадени пари, па намјќи каде да ги чува решил наместо да ги фрли во океан, да ги вложи во „рај“ како што е Макаедонија зашто бил на некое роуд шоу, на некојси македонски скапо платен промотор. Реши прво да купи канцеларии и нормално да ги загрева. Арно ама бидејќи плаќал греењето а не го грееле решил да престане со луксузот оти парите иако крадени сепак се пари. И се исклучил од греењето, платил за исклучување доста пари но види чудо, и покрај спасот и покрај плаќањето (само во лето кога системот бил празен му наплатиле и за испуштање вода иако било лето, ама рај си е рај па не побегнал) но пак му иде сметка за „греење“, најбезобразно и го тераат да плати. Избегал од Маедконија како џаол од крст, но Топлификација го нашла во Кина, кадешто чул за Македонија. Бргу скокнал во океанот од страв од Топлификација, и кога што да види една шарен рипка му носи фактура од Топлификација, брејј рекол ќе ја платам овие толку труд дадоа...
jovan, 10.12.2012 00:30:56
Ovaa grejna sezona drzavata mora da pomogne okolu greenjeto/Toplifikacija, a za narednata ili neka stavat kluc na Toplifikacija pa sekoj neka se snaoga, ili pod hitno da se najde firma koja ke go prevzeme ovoj *biznis*.No koj i da se javi ke mora da investira ogromni pari za da go modernizira celiot sistem za da bide profitabilen. Ako nema nikoj zainteresiran, pa na kraj kraeva, samata drzava neka go prevzemi, neka investira, modernizira, subvencira... Kolektivnoto greenje e najeftinata i najdobrata varjanta, no pri vakvi ceni i usluga, ova ne e kolektivno greenje.Ova e kolektivna/masovna PLACKA, i na toa mora da se stavi kraj bez ogled dali dali ke ima ili nema greenje. Nemoze greenje na struja/drva... da e isto, pa duri i poeftino od parno.Ziveam vo kuka, zagrevam max. 120kvadrati(ne stalno), i trosam do 6kubika drva i max 5000den.struja(2-3meseci i toa).Se vkupno nekade 40-45000godisno za ogrev, dodeka za parno bi plakal sigurno nad5000denari mesecno i toa cela godina. Nema logika.
Skopje, 10.12.2012 06:13:41
Za 70m2 grejna povrsina plakjam 6000 denari za parno sekoj mesec. Smekata e previsoka.
Petre, 10.12.2012 07:46:23
Решавањето на своите финансиски проблеми, Топлификација ги гледа само со покачување на цената, наместо самата да се престрои и да види каде и зошто толку нерентабилно работи. Дали е тоа превработеноста, делењето на незаслужени дивиденди, неинвестирањето во модернизација на системот, нестручноста на кадрите да работат економично со системот и т.н. Секако најголем проблем е застареноста на системот во кој не е вложувано со години и за кој е веќе доцна нешто да се направи оти сега одеднаш се потребни многу пари. Сума сумарум, Топлификација нема шанси да остане во функција. Ја чека судбината на „Охис“. Затоа годинава да се протурка некако а за в година гасификација на Скопје.
So vreme, 10.12.2012 08:49:37
Ocigledno za ovoj problem ke treba da se pogrizi drzavata, bidejki bez parno vo Skopje ako pocnat site da se toplat na struja nema da izdrzi sistemot. Itno gasifikacija na site, domakinstvata i firmite, za da imame kakva takva sigurnost a i poevtino greenje, oti Toplifikacija ne odra. Site drugi smetki zaedno ni se pomali od smetkata za greenje, a cestopati koristime i grealki. Toplifikacija takva kakva sto e, ne ni treba da postoi, namesto najevtino greenje, najskapo e.
mkd, 10.12.2012 08:55:14
Samo kalorimetri ne spasuvaat od ovoj haos.
Sanja, 10.12.2012 09:04:30
Odamna trebase da se prasame sto se slucuva so Toplifikacija.Toplifikacija gi naplaka smetkite od strana na gragjanite za kakva takva usluga,odnosno nikakva,a nie gragjanite molcime.Pa do koga vaka??Jas pred 4 godini staviv kraj na uslugite na Toplifikacija od edna prosta pricina:smetkata od mesec na mesec se zgolemuvase,a greenjeto katastrofalno,bev prinidena da kupuvam grealki,paneli za da imam topol stan a toa znaci dopolnitelni troskovi,da plakam i visoki smetki na potrosena elektricna energija.Reagirav do Toplifikacija na poveke pati deka nemam greenje,samo ja polnev nivnata smetka 12 meseci,a smetkata iznesuvase okolu 6000.00 denari...a tie me ignoriraa celo vreme... i posle 4 godini Toplifikacijasega mi praka faktura za ucinok,prvata bese vo iznos od 500.00 den.a vtorata okolu 1000.00 den.Dali znaci deka sekoj mesec ke imam nivna f-ra povisoka od po 500.00 den.Dajte lugje ako im trebaat pari na Toplifiklacija da se solidarizirame da napravime dobrotvoren koncert.
Mirko, 10.12.2012 09:35:44
Poveke pati imam pisano deka, najgolem del od pari na Toplifikacija zema Vlada za svoji potrebi.Mislam deka je tuka problemot.
perko, 10.12.2012 10:06:37
pa dragi moi sogragani,zar ne vi bese simptomaticno koga RK zabrani isklucuvanje od sistemot na toplifikacija,zar navistina mislevte deka toj poteg ke bide vovas interes,stvarno ste smesni.ke povtoram nesto sto mnogu pati sum kazal;SAMO LUD COVEK OSTANUVA DA SE GREE NA TOPLIFIKACIJA,a ocigledno u skopje gi ima nad 30000,na sto sekako bi trebalo nekoj seriozno da poraboti ida se spasi nekoj,ako veke ne e kasno.nego vo celiov slucaj ima i nesto pozitivno,toa e sto pocnuvaat i vraboteni u toplifikacija da se sekiraat za svojata sudbina,ama mislam deka im e kasno.im posakuvam da cekaat na nova rabota preku biro za vrabotuvanje barem onolku vreme kolku ceka i sekoj normalen makedonec na koj do vcera kozata tie isti mu ja derea ps;koj na drug grob mu kopa ......
zdtkan, 10.12.2012 10:20:16
neli lani ili godina pred toa delea dividenda od milion evra ??? - kako togas bile profitabilni ???
koko sanel, 10.12.2012 11:05:43
Vo edna haoticna i nesredena drzava / ako voopsto moze da se narece drzava /kako sto e RM se e mozno.Site opcii se vo igra,a cehot se znae ke go platat gragjanite kako i obicno.Vprocem tie i zatoa postojat,poradi drzavata a ne obratno.Ke plakaat do sto i edno i nazad,se dodeka ne ze izborat za svoite gragjanski prava a ne da sluzat kako moneta za potkusuruvanje.Krajno vreme e gragjanite da se osvestat i odlucno se sprotistavat na ovaa nevidena manipulacija i eksploatacija od strana na toplifikacija i nejziniot golem mentor drzavata ili vlasta kako miluvate.!!
Zadovolen, 10.12.2012 13:09:24
Дома плаќам 3690денари за 87 квадрати. На работа целата зграда се загрева на струја, и јас таму морам да се греам на струја. Платив 8700 денари за 78 квадрати за последната сметка од 15.10-15.11 за струја. Се греат канцелариите само од 9 до 5 без викенди. Зборете сеа што сакате. Да не спомнувам дека кој доаѓа прв треба да ги уклучи секаде панелите и саат време седиме во ладно.
Nekum vonbracni kerki, 10.12.2012 15:13:26
E sega edna moja matematika koga pred deset godini se penzionirav imav penzija 6400 denari a parnoto smetka 1200 denari pred mislam dve godini mozebi pomalce koga pocna ostra kriza naftata dojde do 150 dolari barel a mojata smetka za parno negdeka okolu 2400 denari e sega mojata penzija e okolu 11000 denari barel nafta ispod 100 a smetkata za parno 3700 denari e sega ne trebe da imas fakultet pa da se prasas kaj odat moite pari so greenje vo Oktomvri Noemvri kako oladena ringla !! Site sakame kerki ama ovie na toplifikacija se VONBRACNI....!!!
Vesna, 10.12.2012 16:13:28
A sto mislite kolku ke plakate ako se greete na drug energens? Za 70 m2 za zatopluvanje na struja znaete li kolku ke ve cini? Parnoto kako da se vrti sepak e najevtino, cel stan ti se gree i nemas gajle. Za taa suma na struja mozes samo edna soba da zgrees i ke ti bide strav vo kupatilo da vlezes. Toa sto se slucuva so Toplifikacija e druga rabota. Ubavo gi nafrlil rabotite komentatorot prviot komentator. Neka se istrazuva malku

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, -2°C

Магла

Сабота
Грмотевици со дожд
Макс: 1°C, Мин: 0°C

Недела
Претежно облачно
Макс: 3°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова совладетелка (28)
Јованка е загрижена: "Ќе ме растргат по смртта на Тито"! .„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Отворен конкурсот за „Роман на годината“ за 2012
„Утрински весник“ 14. пат ќе ја додели престижната литературна награда...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |