Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
14.12.2012, 16:42

Буџетот н��извесен - опозицијата денес гради став

Социјалдемократите денес треба да пресечат како ќе се однесуваат во натамошната расправа за буџетот

Нина Нинеска-Фиданоска



Влегува ли навременото усвојување на буџетот во крајна неизвесност и се наѕира ли доближување до одлука за привремено финансирање, или, пак, на 31 декември сепак ќе имаме национална каса верификувана од Законодавниот дом.

Социјалдемократите денес треба да пресечат дали ќе го блокираат носењето на буџетот за 2013, или ќе овозможат тој непречено да се изгласа. Партијата за ова прашање ќе го гради својот став на седница на Централниот одбор, како една од главните теми за расправа.

Без намера да ја прејудицира партиската одлука, потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека негов личен став е дека нивните пратеници треба да го спречат усвојувањето на овој економски документ доколку Владата не прифати да го намали буџетскиот дефицит на 2,5 отсто, од планираните 3,5 проценти од БДП, и доколку не се откаже од непродуктивните трошоци, како што се оние за „Скопје 2014“ и за реклами. Заев, во интервју за телевизијата Алфа го критикуваше зголемувањето на буџетскиот дефицит и забрзаното задолжување на државата, како штетни економски политики кои би довеле до грчко сценарио.

„Утрински“ го праша министерот за финансии Зоран Ставрески дали Владата би можела да прифати намалување на буџетскиот дефицит од 3,5 на 2,5 отсто доколку тоа се јави како услов за да се деблокира расправата и буџетската каса да добие навремена собраниска верификација. Од Кабинетот на министерот одговорија дека „таков предлог досега не е доставен до Министерството за финансии, а доколку се достави, тогаш овој ресор ќе се изјасни“.

Од финансии побаравме и одговор дали има изгледи Владата да прифати барем некои од амандманите битни за опозицијата, со цел тие да го повлечат преостанатиот огромен број, и така да се забрза расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Од таму нема конкретен одговор дали Владата ќе прифати некој од амандманите, но првиот финансиер прстот го вперува кон опозицијата за блокада во комисијата.

„Буџетот за 2013 година е блокиран во Собранието, бидејќи опозицијата поднесе 1.226 амандмани на буџетот и дополнителни 160 на законот за кредит кај Светска банка, кој е составен дел од буџетот затоа што се однесува на негово финансирање. Расправата за буџетот е блокирана бидејќи со часови се зборува за еден амандман, пратеници од опозицијата си реплицираат и контрареплицираат на самите себе. На крајот штетата е на граѓаните и на Македонија. Финансиската штета од ова е 84 милиони евра - средства кои граѓаните ќе мора да ги платат за повисоки камати. Ќе се наруши и рејтингот на државата. Штетата ќе биде директна за земјоделците, пензионерите, социјалните категории, стопанствениците...“, се вели во изјавата од Кабинетот на првиот финансиер.

Во Комисијата за финансирање и буџет и вчера продолжи амандманската расправа, која течеше бавно. Опозициските амандмани за кои се дебатираше, повторно наидуваа на одбивање од Владата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од коалициските партнери, членови на Комисијата за буџет, вчера поднесоа барање да се работи и во сабота и во недела со цел што побрзо да се донесат амандманите и буџетот. Пратеникот Александар Николовски упати апел до колегите од СДСМ и другите опозициски партии да се вразумат и преку конструктивна вклученост да се донесе буџетот на државата. „Доколку на 24 декември, за кога и е закажана седница, не биде ставен на дневен ред буџетот, во тој случај нема да биде донесен до крајот на оваа календарска година“, изјави Николовски. Според некои пресметки од пратениците од мнозинството, ако вака се одвива расправата, би биле потребни шест месеци.

Од СДСМ возвратија дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите обиди за манипулирање со јавноста. „Комисијата за финансирање и буџет работи со полна пареа. Досега се одржаа 47 седници, и за споредба, до денес исто толку пленарни седници има одржано Собранието. Амандманите на опозицијата се добри предлози, исклучиво во интерес на граѓаните. Наместо да ја обвинуваат опозицијата за наводни блокади, ВМРО-ДПМНЕ нека ги прифати амандманите и расправата веднаш ќе заврши“, велат од партијата. Од таму ја повикаа ВМРО-ДПМНЕ да „престане со неоснованото ширење паника бидејќи законот јасно утврдува дека дури и со еве��туалното доцнење, нема да страдаат ни пензионерите, ни социјалните групи, ни земјоделците, ни кои било други категории на граѓани“.

Инаку, и вчера не престанаа повиците за деблокада на собраниската расправа.

Се огласи бизнисот. „Задоцнувањето на донесувањето на буџетот во која било форма е неповолно и донесува дополнителни доцнења во делот на исплатата на буџетските обврски на државата кон реалниот сектор“, изјави Антони Пешев, потпретседател на Стопанската комора на Македонија. За Стопанската комора недонесувањето или привременото функционирање на буџетот ќе значело намалување на економската активност. „Цениме дека Македонија треба да најде сили да не прави циркус од овој процес и да го донесе буџетот и по цена на потенцијални грешки кои може да се случат. Нема полоша работа од тоа државата како еден од најголемите корисници на македонската економија да не е во состојба да функционира поради недонесувањето на буџетот. Затоа препорачуваме и би сакале да видиме донесување на буџетот“, потенцира Пешев.

Сојузот на здруженија на пензионери на Град Скопје бара буџетот да се донесе до 31 декември, за да може да се оствари најавеното зголемување на пензиите од 1 март. „Кочењето на оваа собраниска Комисија или одолжувањето на носењето на буџетот ќе се одрази пред се' врз нашиот стандард и нашите права што сме ги стекнале во текот на нашето 40-годишно работење“, изјави Крсте Ангеловски, претседател на Сојузот на здруженија на пензионери на Град Скопје.


Статијата е прочитана 997 пати.


Испрати коментар



Грција смета дека расте ЕУ- притисокот врз Груевски
Стразбур побара од Бугарија да ги почитува правата на македонското малцинство
Црвенковски се повлекува во мај – наследник Зоран Јовановски
Градежништвото не' извлече од рецесија
Ахмети се крши меѓу Арифи и Мехмети
Дипломатски манифест за новиот свет



иве, 14.12.2012 21:58:01
Расправата за буџетот е блокирана бидејќи со часови се зборува за еден амандман, пратеници од опозицијата си реплицираат самите на себе. На крајот штетата е на граѓаните и на Македонија.
Svetle, 14.12.2012 23:43:07
Зошто , почитувани дами и господа неуморно ги кочите реформите и ј�� нарушувате благодетта што доаѓа со нив?Гласајте за буџетот на кој работеле толку многу експерти.За сите нас!!!
македонка, 15.12.2012 08:03:09
Што се мислат овие од сддсм ако го блокираат буџетот ќе дојдат повторно на власт.Научна фантастика!!!!!!!
Ставотба СДСМ се знае - само опструкции и деструкции, 15.12.2012 08:24:50
Денес ќе граделе став за буџетот? А како 20 дена дискутираа - без став? Ставот сега е јасен. Ќе мора да се извадат од кашата, поради притисокот од јавноста и граѓаните да го деблокираат донесувањето на буџетот.
mirko, 15.12.2012 08:46:03
Sakam da dobijam odgovor od plukacite po opozicijata od Grujo i Stavreski,zosto gi povrzuvaat subvenciite za 2012 koj nese dadeni so ovoj budjet neli vo budjetot za 2012 g se predvideni tie pari ili gi potrosi Stavre pa sega nema a se fali so 130 mil evra kaj otidoa tie pari predvideni vo 2012 za subvencii za 2012 sto ima vrska sega zemjodelieto koga seuste nemame zemeno ni demar za 2012 letoska zemavme za 2011 g subvencii ili pari nema pa sega kriv im e cacko.Sakaat 50 mil da se zajmat pa neka se otkazat od 14 za spomenici od reklamiranjata kade se trosat ogromni milioni i eteim 50 mil netreba zaem no cudo kolku ovoj narod veruva vo lagi bez da ima svoj sud za bilo sto,e pari nema toa ekonomistite go zborat so godini no Stavre i Grujo ne slusaa sega sto so prazno kese na rucek na plostad ke jademe bronza ke pieve voda od fontanite gjavolot po se izgleda si dojde po svoeto Siloto vrti ali vrti taka veli Grujo vistinata e nema stopanstvo nema pari a drzavata samo ja polni administraci
Трпе, 15.12.2012 09:50:39
Македонија и се е можно.Кога уште има народ кој му верува на кум Ставре.Тој никако не сака да признае дека државната каса е празна па вината ја фрла на друг.Одлични сценаристи и режисери се за траги комедии.Нема да можел да ги исплати субвенците на земјоделците и пензите на пензионерите а не се откажува од мегаломански непродуктивни проекти од кои фамилијата има голем личен профит.
збунета, 15.12.2012 22:30:13
Ставре и Грујо фрлија голема пара на Канцеларијата на Светска банка за дмневското соопштение и на ИРИ за да се вратат и ја пласираат анкетата според теркот на П.Шатев и другата нивна рејтинг агенција Бузле -Бучко. Теренот добро се подготви но сега што се случува? Немаат скршена пара во буџетот и овој план на СДСМ им ја крши кичмата бидејќи ако дојде вд времено финансирање на буџетот ќе нема купување на гласови и 50 милиони од СБ ќе им одземат 50.000 гласа. Зошто 1.200 -те амандмани на СДСМ се поштетни и се цел на хистерија на овие двајца а 15.000 амандмани од ДУИ не се? Стравре и Грујо одговорете ЗОШТО?
bezanec, 16.12.2012 12:08:53
До иве и другите што мислат како него и ќе им поставам по едно прашање „ Земајте кредит од десет илјади евра и купи му на синти кола, кога немаш скршен денар во џеб односно оди и позајмите пари од комшијата дали ќе ти даде кога знае дека немаш скршен денар од каде ќе ги вратиш односно објасни му кога синот ќе порасне ќе ги врати.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Облачно

Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -4°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (31)
Власта ништо не може да ја замени.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Апокалипса - сега или кога?
Крајот на светот предвиден за 21 декември не е единствен суден ден кој човечкиот род го смислил за себе - тука се и трет...
Досега изделкав една голема шума
Скулпторот Васил Василев, професор во пензија, со изложбата на импресивни дела од дрво и со цртежи одбележува 50 години ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |