Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
14.12.2012, 16:52

Црвенковски се повлекува во мај – наследник Зоран Јовановски

Во СДСМ тивко се подготвува лидерска смена. Без оглед на исходот од локалните избори, кормилото ќе премине во други раце

Наум Котевски


Во СДСМ тивко се подготвува лидерска смена. Наши извори велат дека, најверојатно, тоа ќе се случи на конгресот во мај, по локалните избори. Како најверојатен наследник на Црвенковски е Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ. Партиски извори велат дека смената ја предложил самиот Црвенковски, а во договор со најблиските соработници изборот за наследник паднал на економистот Зоран Јовановски, кој треба да го поведе СДСМ во новата ера – умерена политика која ќе се потпира на социјалдемократските вредности без да подлегнува на популистичката еуфорија што доаѓа од демохристијанската десница на власт ВМРО-ДПМНЕ.

Се' е поизвесно дека Бранко Црвенковски, неприкосновениот авторитет во Социјалдемократскиот сојуз, ќе се повлече од престолот на партијата на кој се наоѓа од Првиот конгрес 1991 година, па се' до денес, со исклучок на периодот од 2004 до 2009 година, кога ја извршуваше функцијата претседател на државата.

Политичарот, кој веројатно остави најголема трага на политичката плурална сцена во Македонија и кого јавноста го гледаше како наследник на реформираната комунистичка идеја, во неколку наврати најави дека нема повторно да се кандидира за претседател на редовниот партиски конгрес во мај наредната година, а можна е и опцијата да свика вонреден конгрес многу порано.

Црвенковски, неодамна во телевизиско интервју за Алсат во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов, на прашањето дали може на конгресот неговиот некогашен човек од доверба, а сега голем противник, Владо Бучковски, да биде негов противкандидат, категорично одговори дека тоа „нема шанси да се случи, бидејќи има други планови“.

Потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој еден кус период беше лидер на СДСМ до враќањето на Црвенковски од функцијата претседател на државата, завчера во емисијата „Вин-вин“ на телевизија Алфа, не го демантираше повлекувањето на Црвенковски и рече дека нему лично му е предизвик да ја води СДСМ, но доколку се појави друг кандидат, ќе го поддржи.

Во СДСМ не сакаат официјално да ги коментираат шпекулациите за тектонски кадровски промени во партискиот врв, велејќи дека моментно се занимаваат со многу поважни точки од нивната политичка агенда, но добро упатени извори од партијата велат дека одлуката е донесена: Црвенковски заминува во мај без оглед на исходот од претстојните локални избори.

Заминувањето на Црвенковски ќе значи и влегување на СДСМ во транзициски период на привикнување на новиот лидер и луѓето кои ќе ги именува за свои соработници. Но, процените се дека тој период нема да трае долго, бидејќи веќе во 2014 година ќе дојдат на ред претседателски избори на кои СДСМ треба да го покаже своето ново лице и дејствување.

Црвенковски, по враќањето од претседателската функција на државата, успеа да ја хомогенизира раслоената партија, но по неколкуте изборни порази од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу членството настапи разочарување и тивко незадоволство. „Денес е тешко да не си вмровец во државата, но најтешко е да си социјалдемократ“, рече Заев во интервјуто на Алфа.

Најавите дека Зоран Јовановски ќе го преземе кормилото на СДСМ претставуваат радикален персонален пресврт во политичката левица, чие постоење и дејствување во изминатите 20 години се врзуваат за Црвенковски.

Црвен картон за Бузлевски, зелен за Есад Рахиќ

Раководството на СДСМ на денешната седница на партискиот Централен одбор, покрај за стратегијата за буџетот, ќе одлучува и за исклучувањето на Димитар Бузлевски од партијата, поради најавата дека ќе се кандидира за градоначалник на Ресен како независен кандидат. Партиски извори најавуваат дека е се' поизвесно дека партијата ќе донесе ваква одлука, која е во согласност со Статутот. Тоа го најави и потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, во емисијата „Вин-вин“, каде што оцени дека пред локалните избори на членовите и на симпатизерите мора да им пратат јасна порака зад кој кандидат во Ресен стои партијата.

Денеска се очекува да биде донесена и одлука за кооптирање на Есад Рахиќ во Централниот одбор на партијата. Рахиќ, по неколкугодишно дистанцирање од партијата поради несогласување со партиските политики, им се приклучува на социјалдемократите во пресрет на мартовските избори. Тој истовремено ќе биде именуван и за организациски секретар во Скопје, а неговата задача ќе биде да го зајакне партискиот разгранок во Скопје и на скопските општини.


Статијата е прочитана 7812 пати.


Испрати коментар



Грција смета дека расте ЕУ- притисокот врз Груевски
Стразбур побара од Бугарија да ги почитува правата на македонското малцинство
Буџетот неизвесен - опозицијата денес гради став
Градежништвото не' извлече од рецесија
Ахмети се крши меѓу Арифи и Мехмети
Дипломатски манифест за новиот свет



jovan, 15.12.2012 00:06:38
Neveruvam deka taa promena ke pomine tivko. Naprotiv, ke bide mnogu buccno. Ne zaboravajte deka i Latas spomna deka saka da go zameni Branko. Toa normalno deka e sala, no vo sekoja sala ima barem malku vistina, a vistinata e deka i Latasovci se zainteresirani nivni covek da bide na celo na SDSM. I uste mnogu drugi raznorazni strukturi, agenturi, kriminalni podzemja... se zainteresireani da imaa *svoja rezervna partija* pogotovo nekoja kako SDSM koja i te kako seuste ima politicka mok vo drzavava. Pred SDSM stoj eden golem predizvik i rascistuvanje, sto i kako ponataka.
партиски неопределен Македонец, 15.12.2012 00:39:46
БРАВО, ОДЛИЧЕН ИЗБОР!!! Ми се допаѓа изборот на Јовановски за нов Претседател на СДСМ. Млад човек, образуван, голем економски стручњак, без никакви афери позади себе. Му посакувам да го изберат и сигурен сум дека тој ќе успее да ја извлече државава од катастрофалната економска состојба во која се наоѓаме. Одличен избор!
Podrshka za dostoinstvoto na Brane, 15.12.2012 01:18:40
Nevideno dushmansko odnesuvanje kon bivshiot ni premier i predsedatel na drzavata, od istata taa drzava, no upravuvani od drgi, bi rekol zlochesti ludje. Ostanuva ushte kako Gadafi da bide i fizichki eliminiran. Gori se od onie libijski pleminja, bez nimalku chuvstva (dobri nameri) i odgovornost kon drugite, a vlast se! Zatoa, i ponajvece zatoa, na Brane mu posakuvam da zamine triumfalno, vo pobednichki ambient i so chovechko dostoinstvo. Mojot glas ke go ima za toa. Na kraj od kraishtata, praviloto *koj raboti, toj i greshi* vazi i za Brane, a ne samo za Grujo.
USA, 15.12.2012 01:22:33
Ako se analizira predizborniov balon, ke se dojde do cudni opcii kako ova bi se odigralo. 1. Ako e Branko vo zaminuvanje, ete razlog poveke porano izlazanite da glasaat za SDSM. 2. Ako pak po nekoe cudo SDSM pobedi, po inercija ke bide BRANKO VRATI SE. 3. Ako Branko e vo zaminuvanje, neli togas Ljubco ke stane lider na koalicijata koj, ako e vinoven, ke go apsela. Cudno.......mnogu cudno.
Maki, 15.12.2012 01:24:04
Edna ubava vest za site sto se opoziciski opredeleni vo Makedonija. Zoran Jovanovski e poveke od poln pogodok. Branko sepak e dosleden na svoite principi i SDSM go ostava vo VISTINSKI race. Zoran Jovanovski ke bideeden den najdobriot PREMIER sto Makedonija go imala. Neka mu e so sreka.
stefan, 15.12.2012 02:20:26
ovie stvarno znaci nemaat idei!katastrofa lugje!SDSM propagja i toa pobrzo od ocekuvanoto!
jovan, 15.12.2012 02:23:51
Жими мајка, ако Зоран биде претседател уште 20 години во опозиција. Заменик на Бранко гледам само во тројца луге: Менде Диневски, Тевдовски, Ивановски. Лидер се ствара мегутоа мора да има капацитет. Зоран за Министер за финасии Да, за Лидер , не.
Димитар, 15.12.2012 08:47:03
Ако мавистина Бранко планира да се повлече,тогаш тоа е сигурен сигнал дека на оваа држава,каква што ја знаеме,и се одбројуваат последните денови.
kosta, 15.12.2012 08:50:40
Јовановски е во моментов најдобриот избор. Се разбира ВМРО-вците на кој и да било ке му најдат маана, но Јовановски покрај стручните има и многу човечки квалитети што го прави вистински лидер.
Stipjanec, 15.12.2012 09:47:57
Za smanata na Branko, najmnogu ke se raduva i ke cesti VMRO! Zosto? Vo SDSM imase takvi smeni:Buckovski, Rada, Zaev, i se vide nakade otide Partijata. Branko, iako so golem Bagaz od tranzicijata, so negovoto vrakanje go krena SDSM kolku-tolku. So izborot (eventualno) na Jovanovski SDSM ke ja dozivee sudbinata na Partijata na negoviot tatko-SDPartija! Mladiot Jovanovski treba uste mnogu da uci vo ekonomijata, za da go dostigne Stavrevski, a za Lider, uste poveke. Da ne bidam pogresno razbran, ne sum od onie Fanovi na Branko, ama vnimavajte sto pravite. SDSM bez Branko e kako SFRJ bez Marshalot. Ke se pojavat edno cudo stecajni upravnici, od tipot na Latas ili Mirki, koi ke bidat KONSTRUKTIVNA opozicija od vidot na Socijalistickiot Sojuz od minatoto.
ФЕЛИКС, 15.12.2012 09:53:41
,,Јао,јао,јао јел то могуќе ,,да ваква радосна вест стигне од таборот на опозицијата,а богами и на радост на сите нас кој сакаме силна опозиција.Од друга страна пак понекогаш самиот се запрепастувам колку ги познавам работите,плус политичката моја видовитост визави опозицијата.Но од трета страна искуството ме научило да се што доаѓа од лидерот на опозицијата треба крајно внимателно и со голема резерва да се прифати.Минатото не научи да имаме,,па што бе,па што ако сум рекол,не сум пресекол,,Тука очекувам изблик на радосна вознемиреност на Евдините Зумбуљки кој дури сега незнаат како,зошто и ,,абе што бидна бееееее,,со нивниот возљубен пулен.Но шегата на страна и г-дин Јовановски барем за мене, верувам и за многумина е вистинскиот избор за лидер,нормално ако му дозволат заталканите лидерски трабанти.Човекот е без дамка во политичката кариера,културен во однесувањето кон политичките опоненти,економски-експертско поткован. Едноставно вистински човек кој има шанса да ја прероди опозицијата
Toni, 15.12.2012 10:08:42
Samo napred. Zoran Jovanovski e edinstveniot politicar vo SDSM koj moze da ja donese ovaa partija do pobeda na izbori! Umeren, stabilen, strucen i korekten, covek koj ja nema arogancijata koja za zal ja poseduvaat golem broj od drugite funkcioneri vo ta partija.
Коста Стоименовски, 15.12.2012 11:00:34
Ако повлекувањето е дефинитивна определба, Б. Црвенковски уште еднаш ќе покаже дека има мошне добар политички рефлекс. Сепак, задоцни со ваквата своја одлука. Во повеќе наврати му сугерирав да се повлече од лидерската позиција во СДСМ и да биде почесен претседател на Партијата. Сега веќе е доцна и за ваквата опција! Б. Ц. треба дефинитивно да се повлече од активната политика и, по примерот на Жељу Желев, да излезе со некоја регионална иницијатива. Поранешниот полски претседател А. Квашњевски додека беше на власт постојано имаше рејтинг од околу 80% и по завршувањето на мандатот се повлече. Б. Тадиќ по првиот пораз се обиде да се одржи, но не успеа и се испазари само за почесен претседател на ДС. За СДСМ е мошне важно својот лидер и партиски органи да ги избере на демократски начин.
milan, 15.12.2012 11:12:33
Se mi se cini da se raboti za smislna novinska patka, koja poleka se dvizi a nie trba da ja lovime. Pa tolku e poznato da portokalcinjata sakaat da se resat od Branko, arno ama dokolku e vistina a bi trebalo da e togas familijata neka gi stega opincite. Predobriot Jovanovski zad sebe nema nikakvi crni petna,pa neznam kako ke urlaat megafonite na dpmne i kogo ke kritikuvaat.Sto se odnesuva za R.M. krajno vreme e da dojde takov covek da ne izvlece od kalta.Na g-dinot Jovanovski bi mu poracal, deka ke mu bide mnogu tesko,bidejki ke nasledi totalno ruinirana ekonomija
Nekoj, 15.12.2012 11:30:24
Zoran za minister za finansii - DA, za lider - teshko. Ama koga kje pomislam koj ostana vo SDSM, ne gledam nekoj koj bi povlekol kako lider. Zoran Zaev, Stevche Jakimovski i slichni ako niv se odlichni kako gradonachalnici i tolku. Do tuka im stiga. Ne mozhat da povlechat masa narod. Koga zboruvaat - ne ja toplat dushata. Shekjerinska mozhebi beshe taa, ama mnogu lakomo se nafati predvreme na taa funkcija. Znachi preporodot na SDSM kje se sluchi najmalku posle 2 pretsedateli na partijata (posle 7-8 godini), od nekoj nov lider koj shto denes ne e chlen na tesnoto rakovodstvo i ne e poznat vo poshirokata javnost. Ako dotogash ne propadne kako partija i chlenstvoto ne se preraspredeli vo nekoi novi partii. Lider kako Jovanovski najmnogu shto mozhe da napravi e da go neutralizira negativnoto raspolozhenie kon SDSM natrupano od Crvenkovski i Buchkovski i da podgotvi teren za nov lider posle 4 godini. Mnogu e zaglibena rabotata, bilo koj da dojde sega kje izgori.
Chainsaw, 15.12.2012 11:58:23
Wow, Zoran Jovanovski....kakva bombastichna promena od tipot na Copy-Paste. Ekonomskiov ekspert megju drugoto propagira i da se smeni danochniot sistem vo MK i da prejdeme nazad na stariot proporcionalen danok, koj shto e kompliciran i voopshto ne odgovara za zemja koja probuva da privleche stranski investicii. Zalam ama lugje koi ne mozat da koristat ednostavna logika pokraj nivnata ideologija ne se eksperti. Ova ne e dostoen chovek za da bide na chelo na glavnata opoziciona partija.
Uste eden politicki neopredelen, 15.12.2012 11:58:27
AMIN.... Neka se podmrdnat rabotite od mrtva tocka veke ednas. Dobar izbor. Deckoto e mlad i pameten i nema nikakvi malverzacii pozadi nego kako Zaev. (Zaev ne znae ni kolku pari, zgradi, akcii, firmi ima veke). Se nadevam deka opozicijata ke se razbudi od zimskiot son i konecno pocnuva da dejstvuva za dobroto na Makedonija....
Stojko, 15.12.2012 12:02:06
Gde ga nadje? Za lider na partija treba covek so harizma - a sega ne gledam takov vo eventualnite naslednici na Branko.
Nekoj, 15.12.2012 12:05:49
Dobro sto mu teknalo da se povleche ama trebashe ushte odamna. Proba ne napravi nishto, togash probaj raboti neshto drugo kade sto ke imash uspeh. Ostavi drugite i tie neka probaat. Megutoa nitu SDSM nitu VMRO nema da ve spasi od nishto ako vie toa sami ne go napravite! Promenite pochnuvaat od sebe si. Promeni se sebe si ke go promenish svetot! Vo Mk nema individualna svest, nema grupna svest mnogu e jasno, zatoa i eden chovek ostanuva na ista pozicija so godini.Duri i decata znaat deka koga ke padnat treba da stanat i prodolozat so odenje. Vo Mk se se uvelichuva, negativno ili pozitivno a nikogash ne ste prizemjeni, objektivni i racionalni, mudri. Vaka kako sto go velichate zamenikov go velichavte i Branko, dovolno e da se pozdravi odlukata i pochnete da se menuvate sebe si i fokusirajte se na toa sto go sakate a ne na toa sto ne go sakate. Promenite ke dojdat sami po sebe.
Емил, 15.12.2012 12:10:07
Зоран Јовановски е човекот кој може да го победи Груевски. Одличен избор! Јовановски дефинитивно ќе биде новиот и најуспешниот ПРЕМИЕР на Република Македонија!
Goran, 15.12.2012 13:27:35
Samo Zoran Zaev za lider na partijata!Koj e toj Zoran Jovanovski koga golem del od clenstvoto ne go ni poznava i zatoa ne moze vo nego da gleda olicetvorenie na SDSM i LIDER.Ajde majstore pokazi im kako se vodi drzava,kako sto im pokaza na site kako se vodi najubaviot grad vo drzavata-Strumica.
tanja, 15.12.2012 13:47:11
Branko nesmee da si odi, narodot i socijaldemokratite go obozavaat, treba da ostane lider na partijata i da ne dozvoli da se rascepka partijata na razni struji. Mladite se okej ama treba lider so harizma za partijata a na mitizite vidovme negovoto pojavuvanje sto znacese. Nemora da bide na funkcija vo vlada ama lider na partijata mora da ostane.
Istocna Makedonija, 15.12.2012 13:53:06
I redno e!
Трпе, 15.12.2012 13:54:56
Ако вака решил Господинот Црвенковски да се повлече од лидерската позиција на СДСМ,нема да згрешат кој Зоран да го земе кормилото.Сигурно едниот ке биде претседател а другиот потпретседател.За жалење ке биде Грујо кој ке се плаши да излезе на тв дуел.
viki, 15.12.2012 16:43:04
Sto se odnesuva do g.Jovanovski nema greska i covekot e olicetvorenie na cesnost, doslednost i covek koj si ja saka drzavata. Moze da Branko se sto sakate da zboruvate no, toj si ima nekoja svoja harizma koja go pleni svoeto clenstvo i svoite simpatizeri. Neka ne ni popuvaat VMR-ovcite deka ako toj zamine od partijata i politikata SDSM ke bide dobra opozicija. Ve gledame na TV sednici i ve citame po vesnici. Nekoi od vas vmr-OVCITE sigurno ke castata za vakvata odluka. Ocigledno tolku mnogu mu se plasite na Branko sto son ne ve faka i vi pretstavuva nokna mora. Zapomnete deka ima i luge koi navistina go sakaat i go cenat. Sakate da kazete deka nie takvite sme nedovetni, a onie sto go sakaat Gruevski se pametni?? Pogresna vi e procenkata. Kako i da e, Jovanovski e dobar izbor!
Dobar potez, 15.12.2012 17:42:20
Zoran Jovanovski da bide lider na sdSM e dobar predlog od povekje pricini.Pred se, toj e odlicen ekonomist.Potoa voopsto ne e kompromitiran i treto, toj kje bide ekonomska prepreka za DPMNE, bidejki kje moze argumentirano da gi osporuva populistickite ekonomski zafati na vlasta.
Филип, 15.12.2012 18:02:40
Факт е дека власта најмногу се плаши од Јовановски. Затоа тие толку панично реагираат на се што Јовановски ќе каже-знаат дека тој за се е во право и затоа му упатуваат бесмислени лични навреди. Факт е дека сите негови економски прогнози кои власта ги негираше, се остварија и факт е дека економските мерки што Јовановски континуирано ги предлага се одлични. Знаат дека станува збор за економски стручњак и затоа се плашат да излезат на дуел со него. Се надевам дека Ставрески ќе собере храброст и барем еднаш ќе излезе на дуел со Јовановски, па народот нека одлучи кој е подобар економист.
angele, 15.12.2012 21:38:22
NE E VREME ZA POVLEKUVANJE NA BRANKO,TOA ESINSTVNO IM IDE U KORIST NA DPMNE.NAJFOLEMATA OPASNOST JA GLEDAAT VO BRANKO. BIDEJKI OD KOGABSE VRATIBBRANKO Rejtingot na sdsn porasna dupli i veke se blizi krajot na dpmne.vo slucaj da odi branko edinstveno vo monentov moze da go zameni samo Semata-IVanovski.go pratam vo parlament koga ke zeme zbor na stavreski mu se place
BHC, 15.12.2012 23:42:52
Konechno !!!!
vapski, 16.12.2012 00:00:27
prav izbor, malku predocna, megjutoa nikogash ne e kasno zoran e miren, stabilen korekten covek i so znaenje. treba malku da usovrshi retorika na lider i da bide bezkorpulozen sprema kole i lopovlukot okulu nego. treba da im pokaze zabi i koga ke dojde na vlast da nema milost za sekoj shto posega po dzebot na sopstveniot narod. poraka za vek i vekov
jone, 16.12.2012 06:12:01
Branko Crvenkovski imase sansa da go izdrzi pritisokot od matnnite privatizacii pod kapata na oktopodot vklucuvajki gi i otstapkite prema grcija, no negovata strategija ne moze da go zadrzi na politicka scena kako pozitivna licnost od ovie pricini.Ako se sekavate Toj imese eden direkten duel so eden grcki novinar na edna javna govornica .Togas Crvenkovski vo stil na prav makedonski lidr mu odgovori adekvatno mozebi vo afekt ama dovolno da gi razbranuva i srcata i na vmrovcite i dokolku prodolzese so taa retorika nepostoese sila koja sto ke mu se sprotistavese.Izborite za crvenkovski ke beja samo formalnost. No branko izbra politika sprotivna na glasackoto telo.Odbra napred da gi topori lugje koi ke go topat spomenikot na Nikola krev lugje koi javno predlagaat promena na ustavnoto ime na Drzavata,Odbra da go topori najneposakuvanata licnost na vmro-np.Odbraa strategija koja koja postojano puka so antikvizacijata po vladata a samata antikvizacija na 6 izborni ciklusi mu e krsi glavata
Bukefal, 16.12.2012 10:43:16
Се прашувам како новинарот стигнал до оваа вест дека Бранко ќе се повлекува во мај? Дали господинот Буле ја дал оваа информација? Повлекувањето на Бранко е само ВМРОВСКИ сон што нема да се исполни! Бранко ќе се повлече само тогаш кога ќе ги тргне од власт овие АПАШИВЕ и ќе ги казни со ЗАТВОР за нивните криминални дела, потоа сите ќе се повлечеме од политика бидејќи тогаш ЗАКОНОТ ќе биде изведен на прав пат и ќе функционира!
do site dobronamernici, 16.12.2012 12:05:29
Bez mnogu radost od strana na vmrOVCITE i nivnite ovci podrzuvaci,sto *uspeale* (ne uste) da go otstranat Branko od liderskata pozicija na SDSM! Branko dojde na ovoa mesto i go podigna nivoto na partijata,ipokraj mnogute branuvanja vo nea vlezi- izlezi,od licen intares za pogolemo vlijanie i nadez,za pomeka fotelja Pretsedatelot Crvenkovski ke si zamine togaj KOGA site zaedno ke smetaat deka MOZE da zamine. Nie sto sme nadvor od partiite koi znaeme da razmisluvame i sme vo sostojba da gledame bez portokalovi ocila, trebe da mu pomogneme, ZA DA SI pomogneme. Da ne zaboravime deka BC ni NAPRAVI i ODRZA koja samo za nekolku nesrekni godini ovaa Vlast e pred pragot da ja rasturi kako sto go sopna vlevanjeto vo EU koe SDSM go donese do samata nejzina vrata.Da nezaboravime deka BC ni donese sloboda MIR bez krvoprolivanje,iako ke se rece gresel,no kako sekoj covek! Veruvam deka SDSM ke si znake da najde zamena najpogodna za celiot narod.Za*zamenata* mnogu kuraz,oti ke NAJDE LOM vo MAK.
makedonka koja zivee vo usa i zali za makedonia, 16.12.2012 14:28:30
koga slysnav deka branko se povlekyva se rasplakav za gryeski biciklinski stavreski latas fileks i mnogy drygi kako nimi kogo ke kritikyva sega za kogo ke zboryva dosega branko bese kriv za sve vo drzavata sega se ke trgni napred dyri i vrbite na trajanovski ke rodat dynki radyvajtse vamarovci
prist do tanja, 16.12.2012 15:38:13
i ostanatite brankovi dushegriznici... ova me potseka na 4 maj 1980 koga mogumina se prashuvaa kako ke prodolzi zhivotot bez dragiot lider. chustvoto beshe isto i na severno korejcite bez nivniot drag kim-jong. aman dosta veke so taa harizma i liderstvo ako ste slepi da ja vidite privatizacijata zarem ste slepi da vidite kolku pati gi gubi izborite i toa vo najteshki ekonomski vreminja za makedonskiot narod. em beda em vmro na vlast. a shto ako rabotite trgnat na podobro? ni sveti petar nema da go smeni bokserot. pozdrav do zagrizhenite

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Облачно

Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -4°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (31)
Власта ништо не може да ја замени.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Живот како во камено време среде Аеродром
Жителите од зграда на улицата „Владимир Комаров“ откако го откажале парното греење, секој ден се без струја од 6 до 12 ч...
Убиецот од Конектикат имал луда мајка
Ненси Ланца, мајка на 20 годишниот Адам го подготвувала синот за крајот на светот...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |