10.12.2012, 09:21 Партизан преголем залак за МЗТ Скопје
Екипата на МЗТ Скопје со пристоен пораз од 68:58 загуби на гостувањето од фаворитот Партизан
Екипата на МЗТ Скопје Аеродром го забележа шестиот пораз во регионалната кошаркарска АБА лига, откако синоќа во рамките на 12.коло, загуби на гостувањето кај Партизан со 68:58 . По четвртини: 15:12; 14:13; 25:19 и 14:14.
Партизан во последната четвртина имаше +18 (62:44), но „аеродромци“ ја поправија играта во нападот и со серија од 8:0 намалија на 10 разлика која остана до крајот.
Најефикасни во редовите на македонскиот шампион на натпреварот одигран во салата „Пионир“ во Белград беа Дамјан Стојановски со 15 поени и Кејд Дејвис со 11 постигнати поени.
На првиот денешен дуел од ова коло, во дербито на Загреб, Цибона ја совлада Цедевита со 73:64.
Резултати на натпреварите одиграни вчера: Крка – Игокеа 63:83, Радни��ки – Сплит 72:63, Задар – Шолнок 72:54 и Будуќност – Црвена Ѕвезда 72:63.
Колото ќе биде заокружено утре со средбата Широки – Унион Олимпија.
Табела: Игокеа 10-2 (победи-порази), Партизан 9-3, Црвена Ѕвезда 7-5, Будуќност 7-5, Раднички 7-5, Цедевита 7-5, МЗТ Скопје Аеродром 6-6, Унион Олимпија 5-6, Цибона 5-7, Крка 5-7, Сплит 5-7, Широки 4-7, Задар 4-8 и Шолнок 2-10. |