10.12.2012, 12:28 Оклахома Сити се израмни со Сан Антонио на врвот
„Тандер“ предводени од Дурант (27 поени), Вестбрук (21) и резервистот Мартин (24) ја поразија Индијана со 104:93
Екипата на Оклахома Сити ноќеска постигна нова победа во НБА лигата, совладувајќи ја Индијана со 104:93, со што се се изедначи со Сан Антонио со ист број победи и порази (17-4) на врвот на Западната конференција.
Тројца играчи кај домашните постигнаа повеќе од 20 поени: Кевин Дјурант 27, Расел Вестбрук 21 и резервистот Кевин Мартин 24. Кај Индијана комплетната стартна петорка имаше двоцифрен број поени.
Кошаркарите на ЛА Лејкерс продолжуваат со слабите игри и доживеаја нов пораз, овој пат на домашен терен од Јута со 110:117. Пол Милсап реализира 24 поени, а Мо Вилијамс придодаде 22 коша за „џезерите“ за нивна трета победа по ред.
Гостите од Солт Лејк Сити водеа во текот на второто полувреме, направија серија од 20:8 и имаа +15 во последниот период. Коби се обиде да направи пресврт, но неуспеа. Брајант заврши со 34 поени, а Лејкерси имаат скор од 4-7 под водство на Мајк Д'Антони.
Резултати: Лос Анџелес Клиперс - Торонто 102:83, Бруклин - Милвоки 88:97, Оклахома Сити - Индијана 104:93, Њујорк - Денвер 112:106, Феникс - Орландо 90:98 и Лос Анџелес Лејкерс - Јута 110:117.
Вечерва играат: Филаделфија - Детроит, Шарлот - Голден Стејт, Мајами - Атланта, Хјустон - Сан Антонио , Далас - Сакраменто и Портланд - Торонто.
ИСТОК: Њујорк 15-5 (победи-порази), Мајами 13-5, Атланта 12-6, Чикаго 11-8, Бруклин 11-8 итн.
ЗАПАД: Сан Антонио 17-4, Оклахома Сити 17-4, Мемфис 14-4, Лос Анџелес Клиперс 14-6, Голден Стејт 13-7 итн.
|