10.12.2012, 12:08 Австралиските водители се каат за несолената шега
Во интервјуто за Скај њуз“, Мел Грид и Мајкл Кристијан истакнале дека биле ужаснати кога дознале дека медицинската сестра која ја излажале се самоубила
Мел Грид и Мајкл Кристијан, австралиските радио водители, кој ја измамиле медицинската сестра Јакинта Салдана да им открие доверливи информации за состојбата на принцезата Кејт во болницата, првпат по инцидентот се огласиле во јавноста и низ солзи признале дека се скршени што нивната шега ја натерала Јакинта да изврши самоубиство.
Во интервјуто за австралискиот „Скај њуз“, двајцата водители истакнале дека биле ужаснати кога дознале дека медицинската сестра, која ја излажале претставувајќи се како принцот Чарлс, односно кралицата Елизабета Втора, потоа се убила.
„Првата работа што се прашав кога дознав за таа вест, беше, дали имала деца. Единствено што сакав од тогаш е да ја прегрнам и да и' кажам колку ми е жал“ - изјавила Мел.
„Помислата дека ние двајца имавме удел во тоа што се случи, навистина ни е ужаснувачка“ - додала радио водителката.
Таа и нејзиниот колега, моментално се под надзор на психијатар, од страв дека би можеле себеси да си нанесат некакво зло, зшато овој случај многу ги вознемирил.
Иако двајцата тврдат дека нивната шега, требало да биде само шега, и дека воопшто не се надевале дека Јакинта ќе им даде доверливи информации, сега се каат што таква глупост воопшто им паднала на памет.
Во меѓувреме се огласил и родениот брат на медицинската сестра, Навин, кој тврди дека неговата сестра умрела од срам.
|