28.11.2012, 15:48 Награди за уметничко дело од амбалажен отпад
Делата треба да бидат изработени од најмалку 10 парчиња амбалажен отпад (од ист или различен тип амбалажа) и да бидат високи до 150 сантиметри
Со цел да даде поинаков поглед на амбалажата во секојдневниот живот и да ги инспирира граѓаните да создадат интересни уметнички творби, компанијата „Пакомак“ распиша награден конкурс за уметничко дело од амбалажен отпад. Во креирањето на делата може да се употребат лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, кутии, конзерви, амбалажи од козметика и средства за чистење, пластични чаши, фолија за пакување, дрвени палети, те��рапак-пакувања, кеси од чипс, кутии...
Делата треба да бидат изработени од најмалку 10 парчиња амбалажен отпад (од ист или различен тип амбалажа) и да бидат високи до 150 сантиметри.
Конкурсот „Trash for art“ годинава е отворен за две категории - поединци и училишта. Најкреативните дела од секоја категорија ќе добијат по три награди со паричен износ од 50.000 денари, 25.000 и 15.000 денари. Готовите уметнички дела треба да бидат доставени најдоцна до 15 декември на локација која ќе биде објавена на веб-страницата www.pakomak.com.mk. (Б.Ш.)
|