28.11.2012, 15:49 „Теа модерна“ - најуспешен печатен проект
Неделникот „Теа модерна“ беше прогласен за најуспешен печатен проект во рамките на кампањата „Успех“, која естрадниот магазин „Бекстејџ“ ја организира по повод својот 4. роденден и која ќе прерасне во традиционална манифестација на вреднување на националниот успех.
На денешното врачување, во име на Редакцијата на „Теа модерна“, наградата ја прими главната и одговорна уредничка Ана Зафирова.
|