07.12.2012, 15:20 Расте извозот на преработки од овошје и зеленчук
Се зголемува и извозот на преработки од овошје и зеленчук. Од 11,6 милиони долари во 2001 година, лани достигнал 45,4 милиони долари. Во 2001 година беа произведени 21.000 тони преработки на овошје и зеленчук, а во 2011 вкупно 53.000 тони. Ова денеска го соопшти заменик-министерот за земјоделство Зоран Коњановски по средбата со членовите на Здружението на преработувачи на овошје и зеленчук - МАП.
„Радува фактот дека компаниите ја финализираат 2012 година со уште подобри резултати. Тоа е дополнителен предизвик за нас, да продолжиме со заедничка работа, со поддршката на оваа гранка и изработката на маркетинг- стратегиите. Само така можеме да се движиме во вистински правец“, потенцира Коњановски.
Минатата година 90 отсто од преработките се од зеленчук, а само 10 отсто од овошје. Главни извозни пазари се земјите од ЕУ, околу 50 отсто, регионалните пазари, соседството, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Косово каде што има тенденција на зголемување на извозот, како и Србија како наш досегашен традиционален партнер. (Ек.Р.) |