06.12.2012, 09:37 (ФОТО) Морси под опсада
Во жестоките судири противниците на Морси запалија згради на Муслиманските браќа, а гардата го презеде обезбедувањето на претседателската палата
Претседателската гарда целосно ќе го преземе обезбедувањето на претседателската палата во Каиро, откако полицијата не успеа да воспостави ред во нејзината околина.
Во жестоките судири меѓу противниците и приврзаниците на претседателот Мухамед Морси текот на ноќта животот го загубија пет лица во Каиро.
Во судирите во реонот на претседателскиот дворец беа ранети и околу 450 лица. Меѓу ранетите има 35 полицајци, кои се обидувале да воспоставт ред.
Утринава напнатоста ослабнала, затоа што многу од демонстрантите се повлекле од улиците заради утринската молитва.
Противниците на Морси запалија згради на партијата Муслимански браќа
Противници на претседателот на Египет Мохамед Морси вечерва запалија неколку згради на партијата Муслимански браќа во египетскиот град Исмаилија. Засега нема информации за жртви.
Истото сценарио се одиграло и во градот Суец.
Премиерот на Египет Хишам Кандил повика за крај на судирите околу претседателската палата во Каиро, водени меѓу приврзаници и противници на Морси.
Тој ги повика своите сонародници да дадат шанса за напорите за поставување на почеток на национален дијалог.
Повик за воздржаност упати и големиот имам на џамијата Ал Азхар во Каиро - Ахмед ат Тајеб - највисоката инстанца на сунитското движење на исламот.
Тројца советници на Морси поднесоа оставки
Тројца членови на тимот советници на египетскиот претседател Мохамед Морси синоќа поднесоа оставка поради кризата која произлезе од декретот за проширување на неговите надлежности.
Сеиф Абдел Фатах, Ајман ал Сајад и Амр ал Леитхи поднесоа колективна оставка, со што бројот на службеници од претседателскиот кабинет, кои ги напуштија функциите поради скандалот со указот, се зголеми на шестмина.
Абдел Фатах поднесе оставка во живо за време на телефонски разговор за катарската телевизија Ал Џазира.
Професорот по политички науки Саиф Абдел Фатах ги нападна двете страни, истакнувајќи дека Египет заслужува подобро „од една мумифицирана елита која се грижи единствено за сопствените интереси и нема идеја за интересите на државата“.
|