07.12.2012, 15:22 Јавната администрација најподложна на корупција
Повикот за борба против корупцијата треба да го слушнат сите: и Владата и медиумите, е поралката која беше испратена на денешната конференција по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата- 9. декември, на кој учествуваа претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата, невладиниот сектор, Министерството за правда, приватниот сектор и ОБСЕ и УНДП.
Според истражувањето кое што беше презентирано за перцепцијата на корупцијата во областите образование и спорт, јавна администрација, медиуми и граѓанско општество, општ е впечатокот дека корупцијата е многу присустна. Станува збор за истражување направено од агенцијата Рејтинг на 1.080 граѓани по случаен избор, за потребите на Државната комисија.
„На прашањето како ја ценат корупцијата во трите области споредено со претходните четири години, поголем е процентот на тие што велат дека е намалена. Тоа е позитивен тренд што треба да го задржиме“, вели Мирјана Димовска од Антикорупциската комисија. Корупцијата, од овие три области, граѓаните најмногу ја перцепираат во јавната администрација, втора област се медиумите, потоа образованието, невладините организации и спортот.
Според претседателката на ДКСК, Љубинка Корабоска, во моментов се активни 1.194 предмети кои се однесуваат на корупцијата, по преставки на граѓани оформени се 970 случаи. Комисијата за спречување на корупција констатирала 66 слуачи на судир на интерси, а поведени се 21 иницијатива за поднесување на кривична пријава и веќе е оформено едно обвинение. Амбасадорката Неталија Дрозд, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, рече дека во годинава која изминува оваа меѓународна организација иневстирала многу во засилувањето на борбата против корупцијата, а нејзиниот колега, Алесандро Фракасети, од УНДП, рече дека, како што тоа се правело на централно ниво, сега се поддржуваат и општините во борбата против корупцијата. Фракасети рече дека за следната година веќе се одредени 10 општини во кои, на интерактивен начин, ќе се врши едукација за борба против корупцијата. Тој изрази надеж дека во иднина бројката на македонски општини ќе биде зголемен и дека за остварување на крајната цел ќе треба државата да се зајакне својата функција.
„Повикот за борба против корупцијата треба да го слушнат сите: и владата и медиумите“, рече Роберт Лидл, раководител на политичкиот оддел во делегацијата на ЕУ во Македонија.(Љ.С.)
|