Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
06.12.2012, 13:32

Ристовски апелира да заседава Комисијата за труд и социјала

Кон повикот на министерот се приклучија и пензионерите кои бараат да се откочи работата на Комисијата, за да се усвои воредното зголемување на пензиите


Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски денеска апелираше претседателката на собраниската Комисија за труд и социјална политика од редовите на СДСМ да свика седница на која би се разгледале повеќе закони од трудовото право меѓу кои и Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој треба да се овозможи мартовското зголемување на пензиите најавено од Владата.

- Вчера бевме сведоци на една политичка комуникација меѓу мојата матична партија и опозициската СДСМ. Би апелирал и замолил во интерес на 280.000 пензионери и 40.000 социјални домаќинства коишто го очекуваат зголемувањето на пензиите и социјалната парична помош, СДСМ да ги надмине своите политички интереси и да ја продолжи расправата по однос на Законот за бранители, но истовремено претседателот на Комисијата да ја закаже работата на следната седница на Комисијата затоа што ова се закони од кои бенефит ќе имаат стотици граѓани, изјави Ристовски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната трибина за зајакнувањето на социјалниот дијалог во државата.

Ристовски нагласи дека на оваа седница на Комисијата освен законите поврзани со пензиите и социјалната парична помош, треба да бидат разгледани и Законот за работни односи со кој се регулира заштитата на мајките родилки, како и законот за привремени вработувања.

Седуммина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ, членови на Комисијата за труд и социјална политика, испратија барање до претседателката Цветанка Иванова за свикување седница на чиј дневен ред би биле ставени девет закони.

Претседателката на Комисијата, Иванова вчера изјави дека нема намера да свика нова седница на собраниското тело се додека не заврши разгледувањето на над 15.500 амандмани за Законот за бранители.

Доколку Иванова писмено не одговори на барањето или доколку воопшто не одговори, деловнички постои можност седницата да ја свика претседателот на Собранието.

Пензионерите бараат да се откочи работата на Комисијата, за да се зголемат пензиите

Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија смета дека треба да се најдат начини да се одблокира работата на собраниската Комисија за труд и социјална политика за да може да се усвои законското решение кое треба да овозможи воредно зголемување на пензиите. Во спротивно, велат оттаму, може да биде доведено во прашање договорот што пензионерите го постигна низ повеќемесечен дијалог с�� Владата.

- Нашиот Сојуз како репрезентативен претставник на интересите на пензионерите низ дијалог со Владата договори вонредно линеарно зголемување на пензиите за 5 проценти што ќе значи зголемување на најниските пензии и до 12 насто. Тоа зголемување треба да уследи во март 2013 година, заедно со процентот на системското усогласување на пензиите за сите пензионери. Одлагањето да се разгледува овој законски проект во Комисијата за труд и социјална политика значи опасност од одолговлекување на усогласувањето на пензиите на 280.000 пензионери, рече на денешната прес-конференција претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Драги Аргировски.

Додаде дека не смее да се дозволи неколкумесечниот дијалог што се водел со Владата да падне во вода и да биде залуден. Затоа, рече, апелираме да се откочи работата во Собранието и да се стави на дневен ред предлог-законско решение за покачување на пензиите.

- Значи, очекуваме од сите политички фактори целосна поддршка на договореното покачување на пензиите и без одлагање да се стави на дневен ред предложеното законско ре��ение, рече Аргировски.

Тој нагласи дека исто така треба да се забрза и донесувањето на посебниот Закон за пензионерско организирање во Македонија, кој, како што рече, е многу битен за заштита и унапредување на работата на Сојузот и на здруженијата на пензионерите во целина, за создавање поквалитетен, содржаен, активен, здрав и достоинствен живот во третата доба.


Статијата е прочитана 248 пати.


Испрати коментар



Сараќини - Граѓаните порационално да ја користат енергијата
Лекарите се собраа на протест пред Владата
СДСМ - Коалициските партнери се најодговорни за меѓуетничките односи
ССМ бара одблокирање на работата на Комисијата за труд и социјала
Врачени државните награди „Св. Климент Охридски“
Лекари од Клинички - Штрајкот да прекине, пациентите имаат приоритет
Делавекурас - Нема преговори без да се реши прашањето за името
Македонија ќе почне со организирање на Интернет лотарија
Поповски - Мерките за самовработување даваат резултати
Честитка од претседателот Иванов по повод празникот Св. Климент Охридски
Арифи - САД се надеваат на позитивни заклучоци од Брисел
ЕУ-амбасадорите без договор, одлуката за Македонија во вторник
Честитка од премиерот Груевски по повод празникот Св. Климент
Свечена академија за празникот Св. Климент Охридски
Нова постпејд-понуда „вип екстра“ за 599 денари
Смирувачка средба пред европскиот самит
СДСМ - Ќе направиме се' за да се спречат непродуктивните задолжувања
Макрадули - Барањата на „Аман“ против самоволието на Регулаторна
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во клинч поради пензионерите
Нови тарифи на „Оне“ со 5.000 и 10.000 бесплатни минути
Почнува проект во НБМ финансиран од ЕУ
Јавната администрација најподложна на корупција
Расте извозот на преработки од овошје и зеленчук
Ставрески - „Јужен тек“ ќе ни обезбеди стабилно снабдување со гас
Попладнево амбасадорите на ЕУ ќе расправаат за Македонија
Владата ќе им го решава станбеното прашање на 1.200 семејства
Украинската Влада измамена од лажен инвеститор
Грција не е подготвена на компромис за името
Момчето што дивееше низ Хиподром доби 15 години затвор
Сеул бара Северна Кореја ги врати долговите
Меѓународен тим ќе го истражува падот на „кингерот“
Бопа зеде 540 жртви на Филипини
Арифи очекува креативно решение од ЕУ
Почнува изградбата на „Јужен тек���
Египет на нозе, Морси бара национален дијалог
Брахими преку Москва и Вашингтон ќе го отплеткува Сирискиот јазол
Грција стави рампа за „македонски“
Нов командир на чело на битолската полиција
НБРМ не гледа потреба од промена на фиксниот курс на денарот
(ФOTO) Бесими ја прими донацијата за АРМ од Турција
Се поставува новогодишната елка
(ФОТО) Чинарот ја губи битката со времето
Вељаноски ќе ги спасува пензионерите од бранителите
Тачи ќе се повлече пред Харадинај
Вилфред Мартенс згрозен од повикот за „бугарска пролет“
Попоски побара од Клинтон и европските колеги поддршка за ЕУ и НАТО
Пораснал бројот на патници на „Александар Велики“
Македонија заглави во Брисел
„е-Бонтон“ за културна комуникација на интернет
Филе - ЕУ нема магично решение за спорот за името
Лажните баратели на азил нема да заминат преку граница
МВР ќе ја истражува поврзаноста на Шукри Алија со „Монструм“
Заплени 152 килограми марихуана на патот Струга- Мислешево
Нов педофилски скандал го тресе Би-Би-Си
Пјонгјанг со 100 милиони долари го јакнел култот кон Ким Џонг-ил
Србија ја намалува соработката со Хаг
Седмооделенки се затруле со дијазепам
Седуммина повредени во сообраќајка на Паризанска
(ФОТО) Пеколно утро во Усје, татко и син настрадаа во пожар
Состанокот на ЕУ-амбасадорите прекинат на точката за Македонија
Уапсен командирот на Езерската полиција во Охрид
Обама пак највлијателен во светот
Македонската група во Конгресот со нов член
(ФОТО) Морси под опсада
Плевнелиев - Бугарската поддршка не е безусловна
Големи смени во битолската полиција
Фатен „мозокот“ за убиствата кај Смилковци
Грција ја отфрли препораката на Филе
Иванов - Меѓусоседските односи секогаш можат да бидат уште подобри
Конзервативецот Вели Маурер избран за претседател на Швајцарија
Со „Макс ТВ“ бесплатен филмскиот канал ХБО
ЕУ-амбасадорите вечерва ќе разговараат за Македонија
СДСМ и пиша на Светска банка за најновото задолжување на државата
Македонија останува во Авганистан и по 2014 година
СДСМ - Изборот на Неделкова атака врз независното судство
Пченката што ја јадеме не е токсична
Штрајк „да“, но по правила
Македонија помалку корумпирана од Грција и Бугарија
Новите мерки на НБМ ќе важат од 1 јануари 2013
Пронајдена нова масовна гробница во БиХ
На Балканот цигарите се најскапи во Хрватска, а најевтини во Србија
Уредничката на „Вог“ кандидат за амбасадор на САД во Европа
Двајца повредени при местење новогодишни светилки на „Партизанска“
Инцидентите се неприфатливи, сторителите да се санкционираат
Ѓукановиќ - Не сум крал Никола
Почина патријархот на Антиохиската православна црква Игнатиј Четврти
Укината забраната за тешки товарни возила на Стража
Дачиќ и Тачи постигнаа согласност околу граничните премини
(ФОТО) Најмалку 230 жртви од тајфунот Бофа на Филипините
Се самоуби амбасадорот на Србија во НАТО
Попоски на состанок во седиштето на НАТО во Брисел
Харадинај се подготвува за премиерската фотеља
Бериша - Aлбанско државјанство за сите Албанци во светот
Забранa за товарни возила на правците Кичево-Гостивар и Маврово-Дебар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Ситен дожд

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 4°C, Мин: 0°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (22)
Вознемиреноста на Стане Доланц. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Од боемска феминистка до буржујка
„Припадничките на мојата генерација не треба повеќе да бидат феминистки“, заклучила Бруни-Саркози и на себе го привлекла...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |