17.12.2012, 13:31 Лејкерси најавуваат подобри денови
„Езерџиите“ дојдоа до втората победа едноподруго, славејќи во Филаделфија со 111:98
По месец дена Лос Анџелес Лејкерс успеаја да остварат две победи во серија. Последната победничка низа ја постигнаа во периодот помеѓу 16 и 20 ноември, кога успеа да добијат дури три меча, од тогаш еден од најсериозните кандидати за освојување на шампионската титула не можеше да поврзе крај со крај.
По Вашингтон „езерџиите“ беа подобри од Филаделфија, на гостински терен славеа со 118:98. Лидерот во таборот на Лејкерси беше Коби Брајант со 34 поени (12/21 за два, 2/6 за три поени), заедно со шест асистенции и четири скока.
Мета Ворлд Пирс постигна 19 поени и 16 скокови и постави нов рекорд во својата кариера кога стануваат збор скоковите. Во триумфот Двајт Хауард учествуваше со 17 поени и 11 скокови.
„Играме со голема самодоверба и ��еруваме едни во други. Игравме добро, имавме добра комуникација и напаѓавме, тоа на крајот ни донесе резултат. Знам дека сите се прашуваат зошто не победуваме, но нашето време допрва доаѓа“, по мечот објасни Брајант, кој од линијата за слободни фрлање беше скоро совршен (8/9). Лејкерси и понатаму играат без повредените Паул Гасол и Стив Неш.
На другата страна Ник Јанг со 30 поени, четири скока и две асистенции.
Екипата на Портланд во последните секунди успеа да обезбеди триумф над Хјустон (95:92). Имено на 0,3 секунди до крајот рукито Демиан Лилард постигна тројка за 95:92, по што Ленс Томас со двојка само го ублажи поразот на својот тим (95:94).
„Воодушевен сум што му донесов победа на својот тим. Имавме голема предност, но им дозволивме да се вратат. Ни се чинеше дека средбата ќе отиде во продолжение, но мојот шут влезе и пресрќен сум за тоа“, изјави по мечот херојот на Портланд.
Во победничкиот табор Џеј Џеј Хиксон даде 24 поени и 16 скока, а додека Лемаркус Олдриџ застана на 20 поени.
Во скромната НБА вечер во однос на одиграни натпревари, Денвер успеа да дојде до најубедлива победа, од гостувањето кај Сакраменто се врати со триумф од 122:97.
Резервистот Џавал Мекги беше првото име во таборот на Нагетси, имаше 19 поени, пет скокја и три блокади, а додека Данило Галинари застана на 18 поени.
Во последната средба за одбележување е тирпл-даблот на Хозе Калдерон од 18 поени, десет скока и 14 асистенции во победата на Торонто над Хјустон од 103:96.
|