Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
17.12.2012, 09:27
Црногорките на европскиот престол!



Најмалата земја славеше со 34:31 против Норвешка дури по две продолженија од по пет минути во финалето на ЕП во Србија

Европа доби нови ракометни шампионки откако Црна Гора стана само четвртата нација на Стариот континент што ја освоила титулата. Во трилерот од кој застанува здивот и кој заврши дури по две продолженија од по пет минути Црна Гора славеше со 34:31 против Норвешка, која ги освои претходните четири еврошампионати од 2004 година наваму.

Некој можеби ќе рече дека ѕвезда на финалната вечер на јубилејното 10. Европско првенство во Србија беше црногорскиот тим во целина, но над сите заблесна ѕвездата на голманката Соња Барјактаровиќ, која, едноставно, правеше чуда во текот на целиот натпревар во белградската арена „Комбанк“. Покрај проблемите со противничкиот чувар на ��режата, Норвежанките имаа проблеми и со сопствената одбрана, посебно со двата црногорски бека - левиот Милена Кнежевиќ и десниот Катарина Булатовиќ. Токму кога ќе им посветеа дополнително внимание на двете ракометарки, црногорските крила знаеја да профитираат од поголемиот простор што го добиваа. Билјана Павиќевиќ на лево крило и Расмила Милјаниќ или Јованка Радичевиќ на десно ги искористуваа шансите што им се укажуваа.

Таквата игра им овозможи предност на Црногорките во поголемиот дел од првото полувреме, во кое имаа по два гола позитива во повеќе наврати, па иако Норвешка се врати и поведе со 9:7, главно благодарение на левиот бек Ања Един, која подоцна го доби признанието за МВП на првенството, Црна Гора замина на паузата со водство од 12:11. Олимписките вицешампионки од Лондон, каде што го загубија финалето токму против Норвежанките, го отворија второто полувреме со зголемување на разликата на три гола, но бранителките на престолот не се откажуваа. Нивните искуство и борбен дух, како и голманката Катрине Лунде Харалдсен ги вратија во игра, изборувајќи продолженија со израмнувањето на 24:24 десетина секунди пред крајот на основниот дел.

И по првите десет дополнителни минути беше нерешено 29:29, како и по првата половина од вториот екстра-период (30:30). Конечно, во последните пет минути Црногорките покажаа посилни нерви и спречија да се оди на изведување седмерци. Едноставно, тие ја имаа Барјактаровиќ, која тогаш забележа уште неколку одбрани, Норвежанките направија неколку технички грешки и победникот конечно беше решен.

Владеењето на Норвешка заврши, Црна Гора е новиот европски првак!

АЏИЌ: МНОГУ СМЕ ГОРДИ

Драган Аџиќ (селектор на Црна Гора):
„Наш голем сон беше конечно да ги победиме светските, олимписки и европски шампионки. Денеска го остваривме тоа и многу сме горди. Се надевам дека ќе ја задржиме оваа генерација заедно колку што е можно подолго, бидејќи освојувањето на оваа титула беше долгорочен проект, кој бараше доста напорна работа и трпение“.

Соња Барјактаровиќ: „Тежок натпревар од 80 минути, во кој сонувавме да ги детронизираме Норвежанките и сега го имаме тоа. Моето срце е големо колку на мојата земја“.

Милена Кнежевиќ: „Во ниту еден момент не ни помислив да не ја преземам одговорноста, бидејќи ова цело време беше тимски обид и секој што е на теренот го има тоа што е потребно за да биде меч-винер. Покажавме флексибилност и упорност многу пати претходно и токму од тоа е создадена секоја шампионска селекција“.

Катарина Булатовиќ: „Сонував за тоа да стојам на подиумот со златен медал околу вратот и немам зборови за да опишам како се чувствувам. Размислував да се повлечам од репрезентацијата по Олимпијадата поради напукнатиот мускул, но нашиот лекарски тим заврши фантастична работа и им должам огромна благодарност што ме подготвија за ЕП“.

Торир Хергеирсон (селектор на Норвешка): „Црна Гора имаше поголема желба за победа и извршија поголем притисок врз нас отколку ние врз нив. Беа поефикасни. Освоеното сребро е нов мотив за мојот тим. Ќе имаме нови цели во иднина“.

РЕКОРДНО ПОЛУФИНАЛЕ

Посетеноста на полуфиналниот дуел меѓу Србија и Црна Гора од 13.598 гледачи е нов рекорд на европските првенства за ракометарки. Претходниот рекорд го имаше полуфиналето на ЕП 2010 меѓу соорганизаторите Норвешка и Данска, кое го следеа 11.500 гледачи на трибините во Хернинг.

МАКЕДОНИЈА ПОСЛЕДНА

Конечен поредок: 1. Црна Гора, 2. Норвешка, 3. Унгарија, 4. Србија, 5. Данска, 6. Русија, 7. Германија, 8. Шведска, 9. Франција, 10. Романија, 11. Шпанија, 12. Чешка, 13. Хрватска, 14. Украина, 15. Исланд и 16. Македонија.

Статијата е прочитана 910 пати.


��спрати коментар



Службени 3
Одземени два бода на Наполи за обложување
Тест со Данска на 6 февруари во Скопје
Меси, Чави и Пујол остануваат во Барселона
Прв домашен пораз за Никси
Делио Роси нов тренер на Сампдорија
Лазаров ќе доцни на подготовките
Олимпија го победи Будуќност по три продолженија
Густата магла го одложи дуелот МЗТ - Цибона
Мурињо се откажа од титулата!
Работнички му врачи отказ на Лазовски
Лејкерси најавуваат подобри денови
Македонија ќе ја заврши годината на 81. место
Блажевски 31. на СП на 200 м пеперутка
Повторно преку Шпанките до мундијалот
Најмен победник на спустот во Вал Гардена
Клосе му пресуди на Интер
Видиќ се врати, Јунајтед уверлив
Норвешка - Црна Гора во финалето на ЕП за ракометарки
(ФОТО) Тесна победа на МЗТ против Крка
Баерн со реми ја потврди есенската титула
Македонија убедливо поразена од Полска
Блажевски и Петровски 39. на СП
Мекејлеб го однесе Фенербахче во топ 16
Никси ја продолжија мизеријата на Лејкерси
Гут најбрза во спустот во Вал Дизер
Полуфинале Србија - Црна Гора!
Сантос понуди само 5 милиони евра за Робињо
Јакимовски од Јавор во Нагоја
Литванија доаѓа за 20-годишнината од репрезентацијата
Челзи во финалето на клупското Светско првенство
Порази на Мајами, Сан Антонио и Мемфис
Венгер никој не го менува
Лазаров му пресуди на Адемар Леон
Петровски 66. во светот на 100 м градно
Ѓоковиќ и Серена „светски шампиони“
Никси им вратија на Нетси
Арсенал елиминиран од четвртолигаш
Домаќинот на прагот на полуфиналето



Чичо Миле, 17.12.2012 13:40:20
Секоја чест сестри црногорки.
Istocna Makedonija, 17.12.2012 14:18:01
Bravo za fenomenalnite Crnogorki.Ne e cudno sto se evopski sampioni.Silna bese rakomjetnata skola na eks JU.Svetski velesili se i Srbinkite I Hrvatkite i pokraj losiot plasman.Do smenata na generaciite i Makedonija bese evropska rakometna sila,a tuka mozat da se najdat i Slovenkite,pa i Bosankite.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Ситен дожд

Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -4°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (30)
Jованка не се откажува од политичка кариера. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Живот како во камено време среде Аеродром
Жителите од зграда на улицата „Владимир Комаров“ откако го откажале парното греење, секој ден се без струја од 6 до 12 ч...
Убиецот од Конектикат имал луда мајка
Ненси Ланца, мајка на 20 годишниот Адам го подготвувала синот за крајот на светот...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |